Путин го Превзема Лидерството во ЕвроАзиското Обединување. Годишна Прес-Конференција на Путин. Анализа на Пепе Ескобар за Азија Тајмс.
Сподели на социјалните платформи:

Годишните прес-конференцији на Рускиот Претседател Владимир Путин се спектакуларни настани на кои Путин без напишани говори или папка со податоци при рака, со часови во живо одговара на најкомплексни и разнообразни прашања од домашни и странски новинари како и од обични граѓани од Калининград до Камчатка.

На годинашнава прес-конференција во траење од три часа и 50 минути вкупно 55 луѓе успеале да му постават прашања. Рекорден број од 1.640 домашни и странски новинари беа акредитирани за прес-конференцијата. Најкратките прес-конференции на Путин траеа еден час и 33 минути назад во 2001 година, додека настанот од 2008 година го постави рекордот како најдолг, во траењ од четири часа и 40 минути. Целата обогодишна прс-конфернција на Путин можете да ја последите овде.

Но за сиже на она што беше кажано, го пренесуваме аналитичарот Пепе Ескобар, и неговиот напис во Азија Тајмс.

Кликнете тука за текстот на анaлитичарот Пепе Ескобар во целост на Asia Times.

На неговата годишна прес-конференција за печатот во Москва, рускиот претседател Владимир Путин уште еднаш нафрли неколку клучни надворешно-политички правци кои се од суштинско значење за разбирање турбулентната Евроазиска геополитичка шаховска табла. До сега добро е познато дека Путин повторно ќе се кандидира на претседателските избори закажани за 18 март (“тоа ќе биде само-номинација” и “се надевам на целокупната поддршка од јавноста”) и сегашниот лидер на Русија најверојатно ќе биде и понатаму на чело.

Добро е да се од целата бука и спинот од гигантското обраќање и стотиците прашања на новинари и обични граѓани и одговорите и изјавите на Путин да се распредат неколку клучни моменти од неговото обраќање кон нацијата. Седнете удобно, опуштете се и читајте.

За претседателот Трамп: “Јас и Трамп си се обраќаме со лично име. Да, го користиме обичното “ти” наместо “Вие”. Се надевам дека ќе добие можност да ги подобри односите со Русија. Погледни ги пазарите, како тие пораснаа. Ова значи дека инвеститорите и веруваат на американската економија, што значи дека им веруваат на она што го прави (Доналд Трамп) на ова поле”.

За соработката со Вашингтон: “Русија и САД можат тесно да работат на голем број прашања” дури и со оглед на “добро познатите ограничувања” со кои Трамп се соочува.

За потенцијалното повлекување на САД од Договорот за нуклеарни сили од среден опсег: “Слушаме за проблемите со Договорот за ИНФ. Очигледно се создаваат услови и се води информатичко-пропагандна кампања за можно повлекување на САД од договорот. Нема ништо добро од повлекувањето на САД, што би било многу штетно за меѓународната безбедност. САД де-факто веќе го напуштија договорот за ИНФ, со распоредувањето на ракетниот систем, но Русија нема да го напушти договорот. Ние нема да бидеме вовлечени во трката на вооружување”. Путин нагласи дека руското одбранбено трошење изнесува 46 милијарди долари годишно, додека САД планираат да потрошат 700 милијарди долари во 2018 година.

За Арктикот: “Го посетив (Арктичкиот архипелаг) Земјата на Франц Јозеф каде до пред неколку години странските водичи, придружувајќи странски туристички групи, велеа дека овие острови “до неодамна” и припаѓале на Русија. Тие заборавиле дека [Земјата Франц Јозеф] е Руски архипелаг, но ние сега ги потсетивме, и сега сите го разбраа тоа. Но не треба тоа да го заборавиме и постојано ќе ги подсетуваме. Развивањето на сите оние ресурси на Арктикот треба да се одвива синхронизирано со грижата за животната средина … и ние треба да се грижиме то да не наштети на економските активности на етничките малцинства таму”.

За Украина: “Властите во Киев немаат желба да ги спроведат Минските договори, нема желба да започнат вистински политички процес, чие завршување би можело да биде имплементација на договор за специјалниот статус на Донбас, кој е загарантиран во релевантните закони на Украина, усвоен од Рада (украинскиот парламент). Русите и Украинците се во основа еден народ “(публиката овде изрази гласно задоволство).

За Сирија: “САД не придонесуваат доволно за успешно решавање на Сириската криза. Важно е ниту еден од учесниците во овој (Сириски мировен процес) да нема желба или искушение да користи различни терористички или квази-терористички радикални групи за да ги постигне некакви свои кратко политички цели”.

За Ирак: “Да речеме, милитантите заминуваат од Ирак. Ние им го кажуваме тоа на нашите колеги од САД: “Милитантите отидоа ваму или таму на овој или оној начин.” И, нема реакција од САД, тие (милитантите) се оставени слободно да се повлекуваат. Зошто? Поради размислувањето дека би можеле да се употребат во борбата со (Сирискиот претседател Башар) Асад. Тоа е многу опасно”.

За можноста Русија да влијае врз Северна Кореја да ја напушти својата нуклеарна програма: “Ваши конгресмени, сенатори изгледаат прилично фино, имаат убави костуми, кошули, тие се навидум паметни луѓе. Тие истите од една страна нè ставаат заедно со Северна Кореја и Иран во ист кош. А во исто време, тие го притискаат претседателот на САД да нѐ убеди да ги решиме проблемите на Северна Кореја и Иран заедно со вас”.

За нуклеарна Северна Кореја: “Ние не ја прифаќаме Северна Кореја како нуклеарна земја. Што се однесува до САД, тие ги прекршија претходните договори (со Демократската Народна Република Кореја – КНДР) … и предизвикаа Северна Кореја да се повлече од договорите. Мислам дека слушнавме дека САД ќе ги прекинат воените вежби, но не, тие не прекинаа. Од витално значење е да се дејствува многу внимателно кога се занимавата со нуклеарната програма на КНДР “.

За Кина: “Имам целосна доверба дека соработката со Кина е надвор од која било политичка агенда. Ние секогаш ќе останеме стратешки партнери, за подолг временски период. Имаме слични пристапи кон развојот на меѓународниот систем. И двете земји сме заинтересирани за заеднички (економски) проекти, вклучувајќи интеграција на Пат и Појас и на ЕвроАзиската унија “.

Развивањето на наративата за Евроазиска интеграција. 

И тоа нè води до срцето на геополитичката Нова Голема Игра во Евроазија. Путин уште еднаш го потврди Руско-Кинеското стратешко партнерство и продлабочувањето на интеграцијата меѓу Новите Патишта на Свилата, иницијатива за Појас и Пат од една страна и ЕвроАзиската економска унија (ЕАЕУ) од друга. Путин е јасно позитивен во однос на придобивките за Русија од овие економски поврзувања. Тој истакна дека “Русија успеа да ги надмине големите кризи: колапсот на цените на енергенситеи трговските санкции. Но, земјата се движи во вистинска насока со поголем фокус на домашното производство. Нашата внатрешна трговија се зголеми за 3%. Ова мора да значи нешто“. Нагласувајќи дека Москва целосно го подржува Појас и Пат проектот, Путин имплицираше дека оваа соработка истовремено значи и екстраполирање и на БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка), како и на сферите на ШОС (Шангајската Организација за Соработка).

Истовремено, Иран ќе се приклучи на ЕАЕУ уште во февруари 2018, според Бехруз Хасанолфат, директор на Оделот на Иран за промоција на трговијата, како што цитираше новинската агенција на Иран (ИРНА). Како што објави Азија Тајмс, Индија и Иран се повеќе се синхронизираат економски преку паралелен пат на свилата до Централна Азија во центарот на пристаништето Чабахар. Иран, исто така, е основен јазол на Пат и Појас а сега ќе стане и јазол на EAEУ.

Колку што е Пекинг во офанзива однос на Пат и Појас, Москва е во слична офанзива за проширување на ЕАЕУ. Турција – веќе е дел од Пат и Појас и можен скор кандидат за ЕАЕУ во блиска иднина, исто како и Индија и Пакистан.

Индија понекогаш може да остава впечаток дека не се сместува природно во оваа рамка. Њу Делхи само што беше домаќин на првиот АСЕАН-Индија самит за поврзување, кој може да се толкува како обид да се оди против Кинескиот Пат и Појас. Сепак, појавата на анти-кинески блок низ Југоисточна Азија се чини дека е нечиј нереалн сон. Паралелно, Москва, секако, не го поздравува сгашниот “индо-пацифички” сојуз на САД, Индија и Јапонија.

И точно тоа е рамката во која треба да ги ставиме актуелните напори на Москва да го убеди Њу Делхи – исто така член на БРИКС и на ШОС – дека Кинескиот Пат и Појас е и во интерес на Индија. Неодамна, во Њу Делхи, по трилатералниот состанок со Кинескиот Министер за Надворешни Работи Ванг Ји и Индискиот Министер за Надворешни Работи, Суша Шварај, Рускиот Министер за Надворешни Работи, Сергеј Лавров, беше непопустлив: “Знам дека Индија има проблеми, и денес разговаравме со концептот на еден појас и еден пат, но специфичнит проблеми во овој поглед (Меѓу Индија и Кина) не треба да го направат сè друго да биде условено со решавање на политичките прашања”. А Њу Делхи мора да  слуша, како еден од најцврстите сојузници на Москва за време на Студената војна.

Обраќањето на Путин дава кристално јасна порака: Патоказот за обединувањето на Евроазија е во интегрирањето на ЕАЕУ, Пат и Појас, ШОС и БРИКС.

Остави коментар