Ова Се УЧК/ИСИЛ Кољачите на Македонците кај Вејце, од Терористот Џафери па Натаму! Не Забораваме!
Сподели на социјалните платформи:

2001-2018 – 17 години од масакарот кај Вејце

На 28 април 2001 година се случи ужасен масакар врз Македонските синови кои остави длабоки последици по колективната меморија на Македонскиот народ.

При комбинираната патрола составена од 16 припадници на безбедносните сили, и тоа 8 од Баталјонот за специјални намени “Волци” при АРМ и 8 од Посебната единица на СВР Битола, во 17 часот тргнала на задача од касарната во Тетово и требало да се врати околу 20 часот. Биле распоредени по четворица во две лади ниви и два хамера. Пред селото Селце, кај чешмата, направиле мала пауза каде се сретнале со претходната патрола, која се враќала од селото Бродец. Во разговорот им сугерирале да се вратат зашто немало потреба да одат во Вејце, но тоа не било прифатено. Околу 17,45 часот патролата навлегла во тесна, непрегледна кривина. Кога првите три возила влегле во кривината, во вид потковица, од три страни биле нападнати од терористи. 

Се пукало од золји, снајпери, бомби, рачни минофрлачи, пиштоли и друго автоматско оружје. По вооружениот напад, кој траел дваесеттина минути, врз мртвите тела бил извршен грозоморен масакр, а тројца сe уште со знаци на живот живи биле запалени. Целосно се уништени и запалени една лада нива и еден хамер.

Од ЕСН “Волци” загинаа: Роберт Петковски (27), постар водник, с. Бунарџик-Скопско; БобанТрајковски (28), водник, Куманово; Игор Костески (26), водник, Кисела Вода-Скопје; и Миле Јаневски (30), водник, Македонска Каменица.Од Посебната единица на СВР Битола загинаа: Марјан Божиновски (27), Битола; Кире Костадиновски (24), с. Горно Оризари-Битолско; Бошко Најдовски (25), с. Долно Оризари-Битолско; и Илче Стојановски (24), с. Породин, Битолско.

Почивајте во мир ХЕРОИ!

А за УЧК/ИСИЛ крвниците повеќе од белешката на ДБК заведена под број 470/13.11.2001, а позната на сите Влади до сега…

Масакрот го раководеле ИСМАИЛИ ШИНАСИ-Хоџа со ДАУТ ХАРАДИНАЈ, ЦЕКА ИЉАЗ-Ќори, задолжен со 2 милони марки за исплата на учесниците во Масакрот и ЦЕКА БИЛАЛ-Брада, тројцата од Косово …

УЧК/ИСИЛ кај Вејце од Арапските Земји и Косово

Помеѓу дваесетината учесници се ХАЗБИ ЛИКА и неговиот братучет, ЛИКА ИСА-Илир заменик ДИРЕКТОР на Царина после војната РАИМ САМИИ – ЗОГУ од Шемшево, Тетовско, MИЛАИМ АЈДИНИ МИНИСТЕР за транспорт и врски во ВЛАДАТА 2002-2004г., ИЗАИР САМИИ – Баци /Командант Шурли од Шемшево,Тетовско – внук на Абдурахман Алити, поранешен амбасадор во Софија. БАЈРАМИ АСИМ-Пуча, РИФАТИ ЕНВЕР-Џаџи, АБДУРАМАНИ ИСАК, ВЕЛИУ МУАРЕМ, ВЕЈСЕЛИ ЕКРЕМ ОСМАНИ ФАДИЛ, ЛУЛЗИМ ИСМАИЛИ – командант Лули од Нераште, Тетовско ЕМИНИ ИБРАХИМ, ЏЕМАИЛ ЏАВЕАТ, БАШКИМИ РУСТЕМИ-Кими, ОСМАНИ ХАЈРИ, ХИСЕН ЏЕМАИЛИ, ЕМИНИ АБАЗ и ЕМИНИ РАМАДАН.

ИГОР МАНОЈЛОВСКИ Началник на Тетовската Полиција, 700 000 франкови земал за информациите каде и кога се движи патролата. … По масакрот е уапсен и задржан две недели во притвор. Кај него дома се најдени парите за кои не можел да го докаже потеклото. На брзо потоа е суспендиран од тоа работно место и е префрлен во Скопје повторно на началничко место во полициската станица ‘Карпош’… (ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ).

Македонија не Заборава!!!

Информациите (како и нивни информации и нивно активно учество) ги примиле и предале ТАЛАТ ЏАФЕРИ (1962) од Форино Гостиварско. Дезертер од АРМ на денот на Масакрот … ШЕВАЉ ЕТЕМИ од Палатица, Тетовско – бивши гардист во АРМ и бивши припадник на Агенцијата за Разузнавање (АР) при АРМ.

НЕ ЗАБОРАВАМЕ … Ни Вејце, ни Смилковско ни врзаните за столб келнери во детонираниот хотел, ниту едно злосторство. Крвта не се суши а терористичките дела не застаруваат!

 

 

Остави коментар