Пред заминување од политиката Меркел ќе ја избрка и Полска од унијата и ќе го забрза крајот на ЕУ
Сподели на социјалните платформи:

И додека ја бие својата последна битка во нејзиниот политички живот, наскоро бившата Германска Канцеларка Ангела Меркел, на заминување ќе активира вистинска политичка нуклеарка во ЕУ и тоа против нејзините најтешки политички противници во Европската унија, Полјаците.

Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон јавно се согласија да ја поддржат постапката од член 7 против Полска поради одбивањето да се усогласат со квотите за имигранатина ЕУ и поради промените во нејзиниот судски систем.

Официјален претставник вели дека ЕУ најверојатно ќе и даде на Полска ултиматум (Herald Extra)

Ова ќе биде потег без преседан во унијата кој и онака само ќе го забрза и онака скориот распад на ЕУ. Полска и остатокот од Вишеградската четворка  – Унгарија, Чешка и Словачка – се во долготраен судир со остатокот од Западна Европа во врска со ова прашање а и многу други. Проблемот настана кога Меркел донесе унилатерална одлука да ги покани мигрантите од цeл свет во Германија и сега сака да им ги наметне на остатокот од ЕУ. Но, никој не е многу среќен да ги прими мигрантите, посебно сега по победата на Асад и Русија врз ИСИЛ во Сирија и крајот на воените дејствија таму. И остатокот од ЕУ земјите, кои се присилени поради стравот од Меркел да примат мигранти и покрај противењето на сопствените народи, се обидува да ги заплаши Полска и другите земји од Вишеград – да го преземат “својот фер удел”.

Имиграцијата и уништувањето на поединечните европски култури е водечки принцип на ЕУ контролирана од страна на Дип Стејт. Оваа политика е дел од долгорочните стратешки цели на ЕУ за да создаде армија која ќе се користи за да ги укине националните слободи на Европските народи и да столчува сецесионистичките движења, како во Каталонија на пример. Се во име на некаква “континентална безбедност” и измислена закана од Руска инвазија. Бидејќи и покрај мокрите соништа на неколку стотина Летонци, Русите не ја напаѓаат ниту имаат намера да ја “нападнaт” Европа во некоја блиска или далечна иднина.

Повикувањето на членот 7 ќе му овозможи на Европскиот парламент да ја укине целата економска помош за Полска и нејзините права на гласање во рамките на Европските институции. Додека во исто време нема да и се дозволи на Полска слободен пристап до меѓународната трговија, и од тој момент Полска во ЕУ нема да биде независна држава или ќе мора да излезе.

Што е Членот 7? Во Договорот од Амстердам, кој стапи во сила во 1999 година, се појави првата верзија на членот 7. Тој овозможува казнување со санкции на секоја земја членка на ЕУ што ги прекршила основните вредности на ЕУ – дефинирана како “слобода, демократија, почитување на човековите права и основни слободи и владеење на правото”.

Остави коментар