Божиќни Елки во Алепо Ослободен од Вахабистите, Без Елки во Скопје за Ќеф на Вахабистите
Сподели на социјалните платформи:

И додека Скопје за ќеф на некои домашни вахабисти годинава ќе биде без елка, ослободениот Сириски град Алепо блескаво го прослави Божик. По ослободувањето од џихадистите кои беа подржувани од НАТО, денес улиците на Алепо а и други Сириски градови не се разликуваа многу од тоа како некои Европски престолнини изгледаа пред глобалистите на Сорос да го оцрнат Божик и воопшто христијанството во Европа и во САД.

Едвард Дарк во својот твит подолу реторички вели, дали ќе го гледавме ова во Алепо ако беше дозволено овој град да падне во рацете на џихадистите подржани од НАТО?

https://twitter.com/edwardedark/status/944866711110643712

И додека военото ослободувањето на Алепо беше проследено со најгрозната медиумска кампања на платеничките западни медиуми кои лееја крокодилски солзи за “здравјето на џихадистите” и пријатели на ЦИА и Џон МекКејн, додека беа под жестоки напади на Асад и Русија. Дури и Дојче Веле мора да признае дека народот си ја одбрани Сирија од возљубените им на Дојче Веле главосечачи од ИСИЛ и да објави вест за прекрасниот настан.

Маџд Фахд под прекарот Заштитник на Сирија, ги бележеше на својот твитер сите клучни настани од 5-годишната војна во Сирија. Заштитиникот на Сирија конечно има за што да се радува.

Божик се прославува и во другите делови на Ослободена Сирија како Тартус, Хомс, Дамаск.

https://twitter.com/TheSyrianTweet/status/943204179924963328

Алепо од средниот век наваму е и дом на една од најголемите христијански популации на Блискиот Исток. Оваа религиозна слобода и разноликост беше под директна закана од оружените џихадисти кои го нападнаа градот и го опседнуваа почнувајќи од јули 2012 година. Верската толеранција во Сирија е нешто што долго време беше подржувано и негувано од владејачката секуларна влада на Асад. Очигледно таа хармонија на некој му пречеше, но очигледно е дека подржувачите на ИСИЛ во Сирија, НАТО и ЦИА, беа до нога поразени, јавно разобличени и морално деградирани поради нивната грозна подршка на главосечачите од ИСИЛ наспроти секуларниот Сириски Претседател Асад.

Остави коментар