Трамп Повика на Бојкот на Глобал-Кола и Други Корпорации – Уште од Тетовираните Души на Предавниците да Може!
Сподели на социјалните платформи:

Има ли поголема симболика и сведоштво на распадот на Империјата на Злото пред нашите очи од јадењето на самите себе си и уништувањето на сопствената симболика со која со децении го покоруваа светот, Кока Кола, Холивуд, Петродолар, и Бомбардирања! Откако инсајдери објавија слајдови – Биди Помалку Бел, дел од внатрешен семинар за обука на вработените на Кока-Кола за соочување со сопствениот “расизам”, приврзаниците на Трамп ветија дека ќе го бојкотираат брендот поради кампањата „бидете помалку бели“ преименувајќи го брендот во „Вока-Кола“ (woke -разбуден, мотото на глобалофашистите во САД). Семинарот се фокусираше на тоа како поединците можат да се справат со својата “бела привилегија”. Еден слајд гласи дека „да бидеш помалку бел значи: да бидеш помалку арогантен, да бидеш помалку сигурен, да бидеш понизен, да слушаш, да веруваш, и да плукнеш на белата солидарност“. Слајдовите доаѓаат од јавниот семинар на „LinkedIn Learning“ наречен „соочување со расизмот, со Робин ДиАнгело“, автор на  Белата кршливост. 

Како резултат на програмата, голем број приврзаници на Трамп повикаа на бојкот на брендот. На социјалните мрежи семинарот се етикетираше како „расизам во најлош случај“, додека други направија избор да ги истурат своите конзерви кока кола во тоалетот.

Активистите повикуваат на бојкот против Кока Кола за „Не се противат на нацрт-законот за гласање во Џорџиа“. Но, уште поголема причина за активисти во државата Џорџија за бојкот против Кока Кола беше соопштението на компанијата во кое вели дека тие поддржуваат „балансиран“ пристап кон законите за локални избори, фактички поддржувајќи ги неодамнешните закони на Демократите вечно да ги крадат сите избори во иднина..

„Кока-Кола сака црните и кафеавите луѓе да го пијат својот производ, тогаш тие мора да проговорат кога ќе ги почуствуваат нашите напади“, рече епископот Реџиналд Џексон за „Џурнал Конститушн“.

„Ќе одговориме со паричниците“, додаде Џексон.

Веднаш потоа, и по подолго отсуство од јавноста, Доналд Трамп повика Америка да ги бојкотира компаниите што ги поддржуваат глобалистите: Безбол Лигата, Кока-Кола, Делта Авиолиниите, Чејс Банката,и други.

„Бејзболот веќе губи огромен број навивачи, затоа што им повладуваат на радикалните леви демократи кои не сакаат гласање со легитимирање на личноста, која е очајно потребна за фер и чесни избори“.

„Бојкотирајте го бејзболот и сите разбудени корпорации кои се мешаат во слободни и фер избори“, додаде Трамп. „Дали слушаш, Кока, Делта и сите!”

Ви се Допадна Написот? Сподели ја Веста! Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Глобалофашистичките ЦИАшки Социјални Мрежи, Запиши се на Мобилен на t.me/kolozeginfo Телеграм Групата, на слободните мрежи ГАБ и ВКонтакте (Еквиваленти на Фејсбук), наскоро на Парлер (Еквивалент на Твитер) или директну преку мејл (подолу) и Добивај Директно Коложег.Инфо!

1 thought on “Трамп Повика на Бојкот на Глобал-Кола и Други Корпорации – Уште од Тетовираните Души на Предавниците да Може!

Остави коментар