Воените Регрутери Загрижени Дека Младите во Америка се Премногу Дебели и Глупи за Војска!
Сподели на социјалните платформи:

Неодамнешниот извештај на воениот медиум Task & Purpose потенцира дека военото регрутирање наскоро може да oпадне во голема мера затоа што на национално ниво американската младина е премногу дебела или во други случаи е премногу глупава за да служи во војска.

Враќајќи се назад, слична зголемена загриженост беше изразена од растечки број на активни и пензионирани воени офицери. Тоа беше изразено во писмото од 17 декември 2020 до ВД министерот за одбрана Кристофер Милер потпишано од речиси 800 пензионирани адмирали и генерали.

Тие предупредуваат дека над 70% од младите Американци меѓу 17 и 24 години не можат да влезат во воени редови, бидејќи тие се „слабо образовани, имаат голема прекумерна тежина или имаат историја на злоупотреби на дроги и извршено злосторства“.

Двопартиската група што го напиша писмото го повикува Пентагон да создаде стратегија за решавање на растечката криза. „Без координирана акција, овие трендови претставуваат значителна закана за иднината на целата воена сила“, се вели во писмото.

Идентификувајќи ги истите трендови, началникот на командата за регрутирање на морнарицата, заменик адмирал Денис Велез неодамна одделно изјави за Military.com дека е итно потребно да се осигураме дека „младите се поздрави“ за да се избегне национална криза.

Одредени стандарди за фитнес и тежина се потребни за влез во вооружени служби, со барања утврдени од секоја одредена гранка посебно – при што маринскиот корпус ги одржува најстрогите услови за влез.

Понатаму, шефот на регрутирањето на маринскиот корпус беше цитиран со оваа изјава:

Генерал-мајор Џејсон Бом, шеф на службата за регрутирање на маринци, рече дека многу помалку од 30% од младите се способни да служат војска.

„Ако го поделите ова понатаму во оние множества на вештини, ниво на интелигенција и ниво на физичка способност, на оние што сакаме да ги донесеме во маринскиот корпус … бројката брзо се намалува на околу 7%“, рече тој.

„Тоа е огромен предизвик.”

Со години двопартиската група „Мисија: подготвеност“ го истакнуваше недостатокот на здравје кај младите во Америка, потенцијално влијаејќи на националната безбедност на долгорочна основа:

За догледна иднина, трендот веројатно ќе продолжи, со оглед на тоа како пандемијата и поврзаните заклучувањата и налозите за социјално дистанцирање во поголемиот дел од изминатата година често резултираа во откажани младински спортски лиги, намалување на социјалните активности на отворено и луѓето генерално се затвораат во нивните домови за подолги периоди.

Ви се Допадна Написот? Сподели ја Веста! Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Глобалофашистичките ЦИАшки Социјални Мрежи, Запиши се на Мобилен на t.me/kolozeginfo Телеграм Групата, на слободните мрежи ГАБ и ВКонтакте (Еквиваленти на Фејсбук), наскоро на Парлер (Еквивалент на Твитер) или директну преку мејл (подолу) и Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар