ЦИА не Мора да ги Објави Своите Документи за Финансирање Терористи во Сирија – Суд во САД!
Сподели на социјалните платформи:

ЦИА може да продолжи да ги скрива своите документи за финансирање на сириските бунтовници (секако и финансирањето на УЧК терористите на Балканот и во Македонија) и да одбие секое барање според законот за јавна информации во врска со плаќањата на САД кон сириските терористи, пресуди секако “независен Суд” во САД. Поранешниот претседател Трамп вети обелоденување и декласификација на многу црни работи на ЦИА и ФБИ но не го одржа ветувањето. Така што глобалниот терор продолжува непречено, додека не се кренат народите низ светот и го поразат еднаш и засекогаш!

 – Можеби Твитер го забрани поранешниот претседател Доналд Трамп, но неговите твитови на сè уште се предмет на дискусија.

Во вторникот, Судот во Вашингтон ДЦ (DC Circuit) застана на страната на ЦИА во спорот со барањето на Законот за слобода на информации од БазФид (BuzzFeed), кое произлезе од еден твит на Трамп.

„Амазон Вашингтон пост“ ги измисли написот за моето завршување на масовни, опасни и расипнички исплати на вооружените сили кои се борат против Асад“, објави Трамп на Твитер во јули 2017 година.

Само неколку дена порано, Вашингтон пост објави сторија во која се известува дека Трамп ставил крај на политиката на ерата на Обама за испраќање пари за обука на “умерени бунтовници” во Сирија за симнување на сирискиот претседател Башар Асад.

После твитот, репортерот на BuzzFeed, Џејсон Леополд, испрати барање до ЦИА според  FOIA – законот за задолжително објавување државни информации – за какви било записи во врска со „исплати на сириските бунтовници кои се борат против Асад“.

Агенцијата го одби барањето и тоа одбивање го потврди федерален судија. БазФид и Џејсон Леополд тогаш поднесоа втора жалба во април 2019 година со барање „агенциска евиденција во врска со плаќањата кон сириските бунтовници“.

Твитот на претседателот Трамп претставува официјално признание дека САД вршеле плаќања на сириските бунтовници кои се борат против Асад“, напиша во тужбата адвокатот на БазФид, Џефри Л. Лајт.

ЦИА повторно тврдеше дека записите биле ослободени од обрска за објавување, но овој пат американскиот окружен судија Рудолф Контрерас донесе одлука во корист на тужителите.

Контрерас, назначен за Барак Обама, откри дека твитот навистина е потврда за „разузнавачкиот интерес на владата за пошироките категории записи што ги побара Базфид“ и рече дека веројатно постојат некои  записи поврзани со скоро деценискиот конфликт на Средниот Исток

„Бидејќи твитот на претседателот го прави извесно за секое разумно лице постоењето на барем некои записи на ЦИА кои одговараат на барем некои од деветте категории документи што Базфид ги побара, но агенцијата не го исполни својот долг во овој случај“, напиша судијата.

ЦИА потоа поднесе жалба доСуд во Вапингтон, DC Circuit, која ја смени одлуката на претходниот суд и ја отфрли тужбата на BuzzFeed во вторникот.

Лајт во е-пошта рече дека тој и неговите клиенти „биле разочарани од одлуката на судот и ги разгледувале опциите за понатамошна постапка“.

Ви се Допадна Написот? Сподели ја Веста! Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Запиши се на Мобилен на t.me/kolozeginfo Телеграм Групата или Преку Мејл (подолу) и Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар