Со Директна Демократија до Слобода и Укинување на Сегашниот Корумпиран до Сржта Политички Систем!
Сподели на социјалните платформи:

Замолкнувањето на гласот на народите и исклучување од одлуките клучни за нивната судбина го соголи денешниот политичкиот систем како истрошен а репрезентативната демократија како лажна. Козметички промени не се доволни, само со директна демократија до системски промени за враќање на државите на оние кому му припаѓаат, народите.

Таканаречената репрезентативна демократија го помина својот датум на продажба. Оваа застарена форма на власт е предодредена да биде заменета со глобална директна демократија која ќе ги отстрани непосредните корумпирани посредници – а тоа се самите политичари. Оваа силна убеденост, ова верување, дека интернетот е одстранување на посредникот веќе ја гледаме во живо.

Со се поголемото користење на интернет шопинг во светот а и во Македонија веќе се одстрануваат продавниците како посредници помеѓу потрошувачите и производителите, одстранување на издавачите како посредници меѓу читателите и авторите, медиумите како поседник меѓу настаните и граѓаните. Значи не постои аспект на организација на општеството што не беше директен засегнат, нарушен и засекогаш изменет од интернетот.

Мали интернет блогови и самите граѓани со ФБ и Твитер објавите направија револуција на информативниот простор и ги ослободуваат читателите и гледачите од “контраинформираност” и делуваат како противотров на “лажните вести” на досегашните информациски монополски посредници, големите продадени и теледиригирани таканаречени традиционалните медиуми, кои до неодамн доминираа со информативниот простор.

Па зошто да не и политиката? “Ќе им дадеме на своите регистрирани поддржувачи можност да влијаат на политиката на партијата”, рече Најџел Фараж, лидерот на Брексит партијата и го опиша како ова “нова политика” за давање моќ за донесување одлуки на народот, а не на партиските елити. “Ова е новата политика, со овластувања за донесување одлуки извадени од рацете на неколку партиски делегати или самостојни национални извршни комитети, и директно им се доверени на нашите поддржувачи”, напиша лидерот на Брексит партија во Телеграф.

Овие напори за “отфрлање на изолираната и отуѓена политичка класа” и “поттикнување на основни демократски реформи на сега веќе нерепрезентативните политички систем”, преку префрлање на аспекти на донесување одлуки директно на своите членови, беа и еден од клучните механизми на италијанското анти-естаблишмент движење Пет Ѕвезди, кое исто така применува директна демократија во политиката, вклучувајќи предлагање на закони, па дури и продолжување или на доверба  во својот лидер на партијата.

Пет ѕвезди и денес продолжува да ја расте својата мрежа на партнери против воспоставување. Пред европските избори, таа им помагаше и на демонстрантите од “Жолта јакна” во Франција, нудејќи им помош во развивање мрежа за вадење кандидати на избори.

И целата оваа техничка и информациона можност за заобиколување на официјалните тоталитарни и  строго контолирани политички платформи и наративи, се поклопи со еден клучен културно-социолиошки феномен на растечкиот отпор кон лажниот глобализам од страна на европските нации и со сфаќањето на очајната реалност, дека нив и тебе и нивните и твоите проблеми никој веќе не ги представува, никој веќе не сака да ги слуша, и фактички за овие клучни проблеми постои целосен политички и информативен молк и забрана.

Граѓаните сакаат да разговараат за тоа како да бидат безбедни во услови на наплив на мигранти додека партиите нив им зборуваат за глобализација, даночни намалувања, слободна трговија итн. И европските народи се неверојатно претпазливи кон оние кои се молат само на олтарот на слободните пазари, за кои се плашат дека ќе ги потчинат и уништат сите вредности кои ги негуваат – верата, знамето и семејството – водени во потрагата по слободна трговија од невидливата рака на личниот интерес на корумпираните елити .

Во директната демократија, наместо целната публика пасивно да ја апсорбира пораката од лидерите на партијата, следбениците се чувствуваа дека се дел од разговорот и движењето – стратегија што често ја користат и комерцијалните брендови. Целта е да се “надгради” поддржувачот преку редовно постојано стапување во контакт, вклучувајќи ги со разновидни, динамични содржини и држејќи ги ангажирани и заинтересирани. Партиите не би сакале членовите да се откажат. Но, ако не разговараш со своите членови, ако не ги слушаш што зборуваат ако не ги ангажираш тие порано или подоцна и навистина ќе се откажат.

Во Македонија, единствено иницијативата Родина – Македонија нуди воведување на директна демократија со “вклучување на своите приврзаници и македонскиот народ во креирањето на таа нова Македонска Доктрина на управување. За остварување на целите за возобновување на Македонската државност Родина ќе остварува директна врска со нашите подржувачи за заедно да ја обликуваме политиката и нашата идна насока во возобнувањето на македонската државност, од нејзиниот почеток до нејзиниот успешен завршеток”, пишува Родина – Македонија.

А причините поради кои воопшто зборуваме за потреба од системски промени на општествено политичките системи се нивната целосна истрошеност на крајот на ерата на неолиберализмот. И не е веќе прашање дали е заради што ние сакаме или не сакаме да се срушат. Тие се рушат сами од себе и нивниот неуспех да продолжуваат да се нарекуваат репрезентативна или представничка демократија во услови кога елитите ги отфрлија своите народи како небањати популисти, нацисти и расисти и отворено застанаа зад своите глобални господари тепајќи го и задушувајќи го сопстениот народ.

Стариот систем веќе не функционира и не е по мерката на поголем дел од народите и луѓето и иако е силно поддржуван од бившите центри на моќ и нивните глобални марионети кои имаат корист од неговата паразитна и деструктивна природа, системот е толку затруен, изнемоштен и корумпиран така што не може и нема да трае.

Партиите “ги третираат своите сопствени членови и гласачи со преѕир и ги третираат како луѓе од пониски категорија од нив “елитата”. Дури и кај Нордиските држави кои секогаш добро рангираат во меѓународните оценки за демократијата, кога станува збор за учеството на граѓаните, убавата реторика ретко соодветствува на високите оценки. Неколку скандинавски земји дури сега ги тестираат директните реформи во демократијата како иницијативи за одредување на агендата и советодавните референдуми, но нјачесто ваквите обиди за ажурирање на репрезентативната демократија со партиципативни инструменти се ставени на мраз.

Или како што професорот на по политички науки Гудвин пишува за Телеграф за случајот на Велика Британија гласачите на конзервативната партија од редовите на таканаречената работна класа се загрижени не само дека конзервативните лидери се “венчани” за формула која не може да ги заштити од економските и културните ветришта на глобализацијата, но и дека никој во нивната партија веќе воопшто и не се грижи за тоа … Гудвин забележува дека “инстинктивно конзервативната” работна класа кои гласаа на ториевците во последните општи избори сега jа поддржуваат партијата на Фараж делумно и поради тоа што “никој друг не зборува за темите кои се приоритетни за нив.”

Затоа и партијата Брексит порачува дека не само што ќе се обиде да обезбеди Велика Британија да ја напушти ЕУ, туку и да го “промени политичкиот систем” и да води “мирна револуција” да се укине тој политичкиот систем кој Фараж го опишува како “расипан до јадрото”.

Плукањето врз народниот глас, негово незастапување во креирањето на политики пресудни за неговата иднина, колку и да им се чинеа примамливи на разулавените глобалофашистиички елити, сепак, и на крајот, токму тие и се основната причина и за нивниот пад но и за падот на целиот квазидемократски политички систем кои тие го градеа во корист на елитите а на штета на поединецот и народите.

Затоа напред со нови сили да го градиме новиот светол, праведен и горд свет!

 

 

 

 

Остави коментар