Со ИНСТЕКС, Алтернатива на Американскиот СВИФТ, Европските Вазали во “Бунт” Против Господарот САД!
Сподели на социјалните платформи:

Американскиот вазал ЕУ неделава го објави како веќе оперативен  специјалниот трговски канал ИНСТЕКС, Instex, кој ќе им овозможи на европските фирми да го избегнат меѓународниот банкарски платежен инструмент SWIFT (контролиран од САД) и да го заобиколат американските санкциите врз Иран.

ЕУ вазалите или брзо ќе се повлечат како мивки што се, или осамнувањето дека Европа во тектонските промени меѓу САД, Русија и Кина ќе биде жртвеното јагне, ќе ги натера нив или некои идни лидери на европските народи кон единствената можна разврска, ЕвроАзија од Лисабон до Владивосток.

Германија, Франција и Велика Британија го финализираа системот Instex во јануари, дозволувајќи им на компаниите да тргуваат со Иран без употреба на американски долари или американски банки, подривајќи ги широк американски санкции што беа наметнати откако администрацијата на Трамп минатата година се откажа од договорот потпишан од Обама со Иран во 2015 година.

Причина за расколот меѓу земјите што го потпишаа нуклеарниот договор со Иран, исто така познат како Заеднички Сеопфатен Акционен План (JCPOA), е неговото поништување од страна САД и Трамп и воведување нови санкции против Иран, наспроти француските, британските и германските лидери кои се уште го подржуваат договорот како и Русија и Кина кои исто така го подржуваат.

Како потсетник, во септември минатата година, со цел да се одржат финансиските врски со Иран, кој е под санкции од САД, ЕУ го обелодени “инструментот со специјална намена” за да го заобиколи SWIFT. Механизмот ќе ги олесни трансакциите меѓу европските и иранските компании, истовремено спречувајќи ги САД да ги блокираат трансакциите и да воведуваат казнени мерки за тие компании и држави кои ги прекршуваат санкциите на САД и Трамп.

Системот ИНТЕКС ќе им овозможи на компаниите во ЕУ да купуваат ирански стоки, и обратно, без вистински парични трансфери помеѓу европските и иранските банки. Ова значи дека Иран сега има целосно функционален пат за да добие плаќање и за нафтата што ја извезува на западните пазари додека на другите пазари таа е и во Рублји и во Јуани, само не во долари, во уште едне удра врз петродоларот како глобален оданочувач на сите нас а во корси на елитите.

Изјавата за оперативноста на ИНТЕКС дојде откако останатите потписници на планот се собраа во Виена на состанок кој портпаролот на иранското министерство Абас Мусави го нарече ” последната шанса за останатите учесници во договорот … да се соберат и да видат како можат да ги исполнат своите обврски кон Иран”.

Европски и ирански претставници присуствуваа на состанокот на Заедничката комисија на JCPOA во Виена, Австрија, на 28 јуни 2019 година

Техеран беше скептичен во врска со посветеноста на ЕУ кон договорот и се закани дека ќе го надмине максималниот износ на збогатен ураниум, откако договорот први го прекршија САД и наложија серија санкции за Иран.

Во меѓувреме, противниците на Instex – речиси исклучиво во САД – тврдат дека механизмот е погрешен поради тоа што иранската институција назначена за соработка со Instex, Специјалниот трговски и финансиски инструмент, има акционери поврзани со субјекти кои веќе се на листата на санкции од САД

Оваа вест го разгневи претседателот Трамп кој уште од крајот на мај објави дека како дел од ескалацијата на кризата со “европските сојузници” во врска со судбината на иранскиот нуклеарен договор, тој ќе воведе санкции и казни против  Германија, Велика Британија и Франција ако продолжат да ја штитат трговијата со Исламската Република и покрај санкциите на САД “, вклучувајќи го и губењето на пристапот на ЕУ до американскиот финансиски систем.

Според Блумберг, потсекретарот во Министерството за финансии за тероризам и финансиско разузнавање, Сигал Манделкер, испрати писмо на 7 мај, предупредувајќи дека Instex, ЕУ алтернативат aна SWIFT за одржување на трговијата со Техеран, и кој било поврзан со него, би можел да биде исклучен од американскиот финансиски систем ако Инстекс влезе во сила.

“Ве повикувам внимателно да ги разгледате потенцијалните санкции и казни од воведувањето на Инстекс”, напиша Манделкер во застрашувачко писмо до претседателот на Instex, Пер Фишер. “Ангажирањето во активности што се косат со санкции на САД може да резултира со сериозни последици, вклучувајќи и губење на пристапот до американскиот финансиски систем”.

На прашањето за коментар за писмото, Министерството за финансии издаде соопштение во кое се вели дека “субјектите кои посредуваат во трговијата со иранскиот режим преку какви било средства можат да се изложат на значителен ризик од санкции, а Трезорот има намера агресивно да ги спроведува нашите власти“.

Исто така, за време на посетата на Лондон на 8 мај, Мајк Помпео, исто така, предупреди дека нема потреба од Instex бидејќи САД дозволуваат хуманитарни и медицински производи да влезат во Иран без санкции.

Кога трансакциите се движат надвор од системот ако трансакцијата е санкционирана, ние ќе ја процениме, ќе ја разгледаме, и доколку е соодветно, ќе ги казниме оние кои биле вклучени во таа трансакција”, рече Помпео. “Тоа е многу едноставно“.

Ова е директна закана до европскиот политички естаблишмент, кој го воведе Instex и до нивниот ирански колега поврзан со санкциите за да ги заобиколат мерките на САД“, рече Марк Дубовиц, главен извршен директор на Фондацијата за одбрана на демократиите во Вашингтон.

А причината е една и јасна. Американскиот гнев беше поттикнат од реализацијата – и алармот – дека пукнатините се појавуваат во резервниот статус на доларот. Еве еден поедноставен заклучок на она што се случи: ова беше првиот официјален удар од страна на западните сојузници на статусот на американскиот долар како глобална резервна валута, и не од противниците на Америка, но од страна на нејзините најблиски сојузници . И тогаш, кога оние кои имаат најголема корист од статус кво отворено се во револт против него, официјално почнува одбројувањето до крајот на статусот на резервна статусот на УСД.

Симболиката на овој “пријателски оган” врз САД и Доларот од страна на “сојузникот” ЕУ е уште поголема кога се знае дека претходно вистински силен удар врз клучниот столб на финансискиот тероризам на Империјата на Злото, СВИФТ, направија Русија и Кина, двата вистински ривали на САД и креатори на визијата за мултиполарен свет на суверени држави.

Во 2018 година, ЕУ направи голем шум дека не е обврзана со едностраното кршење на договорот на Иран од страна на Трамп и најави дека ќе продолжи со трговијата со Иран без оглед на заканите од САД. И сега кога заканите ескалираа, и Вашингтон јасно стави до знаење дека нема да прифати противење, ќе биде интересно да се види дали решителноста на ЕУ вазалите да се пречкаат со господарот САД, особено во светло на трговската војна со Кина, се уште ќе трае.

Одговорот, се чини, е дека Европските лидери се чувствуваат неочекувано охрабрени по повлекувањето на Трамп во трговската војна со Кина и објавувањето на крајот на глобалниот неолиберализам од страна на Путин на Г-20 во Осака. Европските лидери под притисок на своите народи полека разбираат дека во големото геостратешко прераспоредување меѓу САД, Кина и Русија, ЕУ ќе испадне обично жртвено јагне и почнуваат посериозно да размислуваат за идната Евроазија од Владивосток до Лисабон.

Ова подразбира дека ако САД навистина се одмаздат и продолжат со санкции против европските компании и банки, тогаш глобалната трговска војна ќе станува се пожестока и пожестока а крајот на денешнава глобалофашистичка архитектура се поблиску и поблиску.

Остави коментар