Трамп Моли за Нова Јалта за да се Спаси, но Надоаѓачката Евроазија не Може да ја Спречи – Мирка Велиновска
Сподели на социјалните платформи:

Автор, Мирка Велиновска, Трамп Моли за Нова Јалта, преземено од дудинка.орг

Хелмут Кол, канцеларот на обединета Германија, пред крајот на политичката кариера ја опиша Америка како џин со мозок на бебе. Во меѓувреме џинот, благодарение на својот бебешки мозок, на големо ја троши својата сила лево – десно за да ја докаже својата посебност или издвоеност од остатокот на човештвото што ја објави лично Барак Обама од говорницата на ООН.

Арно ама, реалноста која продира незадржливо и покрај очајничките обиди за сеопфатна цензура на човештвото, убаво покажува дека џинов сере во пелени 24/7 и тоа дегенерирано мозоче со кое располага му налага да продолжи да верува во холивудската сказна за бесмртноста на американската планетарна империја. Да имаше џинов нормално развиен и функционален човечки мозок ќе можеше да ја консултира историјата и така да констатира дека сите, буквално сите империи кои се самопрогласувале за светски господари избрани од боговите или Господ, пропаѓале на ист начин. Ред манифестација на џилиткање и силеџиство, ред паради на лудило, сеење хаос, жнеење гнев и отпор и, на крајот фино си доаѓа смртта. Крајот на едно време е најава за нов живот и ново време илити за нов свет по избор на новата генерација луѓе.

Манифестирањето на предсмртната агонија на последниот империјален џин трба да ги обнадежи луѓето кои цел живот го чувствуваа колонијалниот и ропски јарем на евро-атланската ,,специјалност,,. Посебно мислам на нас Македонците оти се сме некако стуткани и недоверчиви и ,,мислиме,, бебешки. Се што треба е да се опулиме наоколу и да ги дешифрираме зборовите (симболите) и дејствата што се случуваат, па самостојно да ги сврземе во логичка целина. Од тоа произлегуваат и саглам заклучоци по кои следуваат одлуки со далекусежно стратешко значење.

– Доналд Трамп, таков каков што е, му направи голема услуга на поробеното човештво. Буквално го развали еднополарниот свет изграден од евроатланските варварски елити и монструми како Сорос. Неговиот изборен слоган ,, да ја направиме Америка повторно голема,, од 2016 година за наредните избори се претвора во конзерваторска порака ,,да ја сочуваме Америка голема,,. Обете ви ја покажуваат реалната состојба во која е Империјата. А таа е дека Трамп интуитивно знае дека времето на ексепшаналзмот заврши. Се разбира дека никој од бројните етаблирани експертутки и преститутки ем политички курвештии не умее да мисли спастрено. Како што е случај со северџанските мутанти од муртинското и скопското блато и ендемските примероци од мочуриштата ширум Европа. Трамп, со помош на своите блиски соработници, докажливо кој од кој поглуп, манифестира очај во огромни размери. Воведува економски и политички санкции кому стигне. Организира преврати, револуции, краде и запленува туѓи златни резсерви, замрзнува или празни туѓи сметки, упаѓа во туѓи амбасади, воведува казненни тарифи, конфискува туѓи фирми, уредува трговија по мафијашки правила. Неговиот шеф на дипломатија, Мајк Помпео, невидена глуперда и еквивалент по интелект на Никола Димитров (обајцата мислат со шупакот) по серијата гротескни потези со кои му ставија до знаење на човештвото дека Вашингтон е губитник кој се бори за гол опстанок, тукушто изјави дека ,,американска цел е да ја направи иранската нација нормална,,. Нормално во политичкиот речник на дегенерираниот американски естаблишмент значи ненормалност иста како американската. Оти во светов денес единствено ненормална е америкнската политичка елита.

– Пентагон веќе неколку месеци нема полнокрвен шеф. Има в.д. министер за одбрана. И претседател кој се самопрогласува за стабилен гениј. Тука е и лудиот Болтон, сенаторот лигуш Линдзи Грем и мнозинство корумпирани до коска лобисти-конгресмени кои сакаат војна со Иран. Би сакале уште утре војна и со Русија, а ако може и со Кина. Кројките на ,,бурда,, кои во три смени се штанцаат во фабриките на ЦИА и по кои традиционално се шијат моделчиња на војнички, од милост наречени конфликти или ,,хумани интервенции,, или се организираат модни ивенти ,,кому иде револуција,, преврати и сл. веќе ги разбираат и децата во јасли. Затоа походите на Болтон и Помпео да најдат сојузници за своите идни војни и сегашни катастрофални политики со намера да го сочуваат својот еднополарен свет, односно, сопствената империјална доминација, пропаднаа молскавично. Никој не ги ебе, со мали европски исклучоци. На пример Полска и Балтикот кои ќе нафркаат исто како и Романија со Бугарија, Албанија.

– Бебето Вашингтон напросто не умее да мисли. Не го разбира ни времето ни промените што се случуваат. Со своето налудничаво претсмртно ритање грингосите досега забрзаа процеси кои вообичаено би траеле со векови или барем децении.

– Објавата на Владимир Путин во Минхен во 2007 година дека Русија повторно се враќа на светската сцена како сериозен играч и опонент на еднополарниот свет беше најава и предупредување. Во 12 точки концизно и прецизно беше кажано се што ќе се случи. Миленко и јас во негова емисија го анализиравме тој историски момент кој нашиве тутурутки во политиката и ,,тинк-тенк,, заедницата од експертутки и преститутки никогаш не го дешифрираа. Оти се курсисти одгледувани во сливарници и кокошарници на ЦИА и Стејт департментот. Ако во оваа категорија се препознаат Антонио Милошоски, Ивица Боцевски и слични интелигенти е добар знак. Оти тоа значи дека учат на свои грешки. За другите знам дека не можат со поглед да дофрлат подалеку од носот.

– Втората историска објава на Владимир Путин пред неколку дена во Сан Петербург ја појасни фазата на мултиполарност во која влегува светот и формирањето на минимум два глобални блока кои ќе бидат сериозно антагонизирани наредниве педесетина години. Тој отворено и соопшти на Америка дека нејзината доминација во светот како неприкосновена, заврши. Светската архитектура направена по американска желба, рикна. Нема да може веќе да им се виткаат раце, да се киднапираат, рушат и понижуваат народите и државите кои не се согласуваат да бидат евроатлански робови. Сега веќе имаат алтернатива и избор од опции во кои активно учествуваат и превземаат одговорност. ООН во сегашна форма ќе ја снема. СТО исто така. ЕУ или ќе се трансформира или ќе исчезне, а Европа ќе стане еден гоолем Балкан. Карма! Од кол на кол на крај колот во шупак! Пророштво од Библијата за вавилонската курва!

– Светските монополи под американска доминација кои арогантно го потценија човештвото, само ги забрзаа чекорите за поткопување и сега веќе урушувањето на Гугл, Фејсбук, Монсанто-баер, Нестле, Кока Кола и слични глобалистички предатори. Се создава на наши очи руско-кинеска комуникациска алтернатива која ќе го премости цензорајот од полпотовски вид кој го посакуваше дегенот Сашо Ордановски. Тоа е предвидлив рецепт за брзо сушење на мочуришта во кои нема кислород, нема светло и не е можен живот за полнокрвни суштества, а се животна средина за специјални видови инсекти и други попрости форми на живот. Јас ова му го напишав на Бранко Геровски во полемика во ЗУМ уште многу одамна (2001). Како ученик на дегенот и социопат Фрчко ова никогаш не го разбра оти мисли со бабулето му а комплексите му се толку големи колку што е тој мал и безначаен.

– Додека Америка очајнички креира прокси војни и преврати, Кина гради патишта за непречено одвивање трговија, прави чуда, нуди проекти за развој на човештвото, за технолошки напредок за консолидација на локалните економии и развој на државите. Русија работи на воспоставување на разбирачка и соживот на едно чудо народи кои имаат свои традиции, културни и историски вредности што сакаат да си ги задржат како дел од својот колективен идентитет. Да се одржи во хармонија таков диверзитет не е потребна физичка сила и систем од закани и казни. Потребна е мудрост, трпеливост и взаемно уважување.

– Е па сведоци сме на изградбата на такви нови организациони системи. Почна пред триесет години со бенигната шангајска (одбранбена група) иницијатива на која и се потсмеваше Хавијар Соалана и шутраци како него напукани во бриселското мочуриште. Ама вопреки интелектуалниот ЕУ глобалистички испрдок, ете ги Кина и Русија како фураат кон креирање одбранбен блок обратен од усмрдениот НАТО-вски. Да не спомнувам дека БРИКС се гради интензивно. ММФ трокира, а ги гледаме зачетоците на финансиски институции кои го заобиколуваат долар системот, банкарските лихва перверзии, алтернативните начини за одвивање трговија и меѓусебна наплата.

– Евроазија станува предвидлива дешавка од која Вашингтон страотно болно се грчи. Доказ за тоа е документот произведен во Пентагон на 11 јуни годинава кој дури по неколку дена откако беше објавен без цензура, е прогласен за врвна тајна. А бе, бог да чува од вакви детски итроштини! Како да ги чкрабале агентите на северџанската ДБК кои ги обучил ЦИА капларот Џес Бејли. Во документов стои дека Америка без грижа може и треба да употреби атомско оружје во своите идни војни и оти таква војна немала да го уништи светот, а ќе ја направела Америка глобален победник кој ќе го врати во нормала светскиот хегемонистички поредок. Ова се чита просто. Грингосите се толку очајни што својот очај го ставаат на увид на цел свет. Малку е што светот виде оти царот е гол па се обидуваат да го исплашат човештвото со атомска војна, прогласувајќи ја заканата за врвна тајна која самите ја споделиле со робовите. Обидот е чиста гротеска. Доаѓа после серијата бебешки акции кои ги прозре цело човештво, минусирано со заедницата на дегенерици и црпнати безидентитетни лајпрди одгледани од ГМО ЦИА агентурите. Пропадна превратот во Венецуела по кој дури и политичарите во Колумбија и Бразил сфатија дека треба да го откачат Вашингтон од грбот на своите народи оти ќе го лапаат стапот од своите суверени. Рикна и европскиот консензус за лудите Амери. Иранската воена авантура не ја подржува над 70 отсто од американскиот народ и покрај насилната пропаганда. Трамп катаден ѕенѕа едно напред два назад оро кое го играше ,,мајсторски,, Никола Груевски со својата Касиус Клеј техника, па објавува војни и изјавува љубов на своите противници со кои ќе војува. Просто гледате како ги моли за нова Јалта и Џипинг и Путин и тоа уште денес – утре ако може. За тој да си го спаси предизборниот образ. Сака ,,дил,, да дупи, ама да не биде дупен. Богами тоа ќе биде невозможна мисија со Кинези и Руси. Како што не успева ни со Турци, со Сиријци, со Иранци, Виетнамци, Филипинци, Индијци, Пакистанци, Мијанмарци, Унгарци, Италијанци… ред се редат крај им нема кога паѓа империјата.

– Русија има простор, природни ресурси, невиден вонсериски интелектуално – творечки капитал, цвтста нација со силен идентитет, Кина има неверојатен капитал од жители, врвно образование, иновативни ресурси, чудесна култура и традиции, страотен капацитет за стратешко планирање на краток, среден и долг рок. Тоа го докажува фактот дека додека САД и ЕУ војуваа и уништија седум држави во Медитеранот, Кина ја освои Африка со своите економски проекти. И нечујно стана сопственик на речиси целото производство (98% )и преработка на ретките метали кои се неопходни за многу технолошки индустрии. Освен американскиот енормен долг кој е во посед на Пекинг, Вашингтон сега мора да коленичи и за ретки минерали за сопствените фирми. И за ова пишував во Нова Македонијам пред неколку години, ама ретко кој, а особено уредничкиот колегиум има разбрано што значи да антиципираш, односно, да предвидуваш што може да те чека утре. а да не се потпираш на гледање во грав.

– Картата на настаните што ќе следат е исцртана. Кој мисли на иднината на своите потомци, сега планира стратешки и подготвува далекусежни одлуки. Во мигов, на јавната македонска сцена има само тутурутки и ропаци плус лејки. Заборавете ги. Итно ќе се појават нови, самопрајски нормални индицидуи со личен интегритет, под притисок на идните драматични настани. Не барајте познати имиња. Правите ќе излезат од анонимност тогаш кога треба. Историјата ги потврдува овие работи. Само знајте дека и тиранската платформа и рамковниот договор и бугарската преработка на македонската историја и преспанскиот гз папир со се ,,северџанските,, импланти ќе отиде во мајчината им. Му нема спас на ,,проектот Северна Македонија,,. Имено, така официјално го заведе овој муртинско гркљански курверај итроманската ЕУ бирократија што се дешифрира како очајнички обид на идното планетарно судење за злостори против човештвото да пројдат како Понтиј Пилат. Јас велам дека ни со брегзит нема егзит за овие евроамерикански неофашисти. Вода не ги мие, пешкир не ги брише. Затоа, уживајте со отворени очи и уши во историјата која сега се пишува. Верувајте во себе и својата логика и здрав разум. Исклучете се од пропагандата.

 

Мирка Велиновска

Остави коментар