Се Арчиме по Затвори но Духот и Мислата Нема да ни ги Скршат! Привилегија е да си Македонец – Ошавковски!
Сподели на социјалните платформи:

 

Слобода за Македонскиот херој Оливер Ошавковски кој како и многу други патриоти недолжен е затворен за Македонија!

Се изгубив во животот,ама духот и мислата ниту ќе ми го скршат ниту ќе ми ја земат!
Да се биде Македонец е привилегија! Привилегија на еден грст народ!

Еден грст народ а сепак една огромна нација. Наследници на Филип, на Александар, на Гоце, на Даме, на Никола…. Наследници на гордите Македонци. Ние… привилегираните… на плеќи го носиме бремето на една историја, на една цивилизација, на една култура која од самото постоење е достојна за почит. А токму тоа постоење е детерминанта на постоењето. И токму тоа не прави горди што сме Македонци, кои сепак не се запрашуваме за да си објасниме прво на себе си, а потоа на останатите, што значи да ја имаш таа привилегија.

Да се биде Македонец значи токму како што беше речено во цитатот. Да научиш да преживееш. Во свет каде што само цврстите опстануваат,а ние вешто преживуваме.

Да се биде Македонец значи да се биде горд не само на привилегијата, туку и на земјата која секојдневно ја газиме кога излегуваме од дома, кога шетаме по улица….

Да се биде горд на родната грутка со нејзините добри страни но, и со нејзините маани. На нашите привилегирани Македонски раце ја носиме историјата на нашата цивилизација. Аманетот на сите оние горди Македонци кои го дале својот живот за родната земја.

Да се биде Македонец значи да се гордееме со нашата Македонска православна црква.Нашиот столб на постоење.Оној столб кој со векови наназад не потпира кога тлото ќе се разниша за ние сепак да останеме исправени и горди што сме Македонци.

Горди на знамето.

Она сонце кое не грее од самото постоење, кое е симбол на тагата и радоста на секоја македонска генерација.Она исто сонце кое ни ја топли душата кога ќе помислиме на Македонија, затоа што во Македонија е најсветло.

Не нарекуваат националисти,а ние сме патриоти.

Ни го негираат постоењето, а секој од нас на Македонски јазик ја прераскажува приказната на генерации и генерации Македонци.Ние многу добро знаеме дека сме постоеле,постоиме и ќе постоиме.

Остави коментар