Македонски Одговор на Предавнички Референдум? #Бојкотирам! Растечки Феномен Кој ја Руши Хунтата!
Сподели на социјалните платформи:
Децентрализираната интеракција меѓу членовите на #бојкотирам од дијаграмов покажува колку луѓе во краток период имаат интеракција на темата.

Кампањата #бојкотирам референдум за продажба на името за влез во фашистичките ЕУ и НАТО прераснува во досега невиден Македонски феномен кој ќе ја сруши хунтата со уривањето на предавничкиот реферeндум.

Хунтата со свои испробани но препотоски удбашки методи непримерени за новово дигитално време се обиде да “ги најде лидерите” на #Бојкотирам за панично да заклучи дека #Бојкотирам да ти бил целиот Македонски народ! Имено после почнувањето на кампањата на Твитер, ФБ, Инстаграм од неколку непартиски патриоти, мрежата на #Бојкотирам е толку раширена и децентрализирана што буквално цела Македонија е #Бојкотирам во склад со анкетата дека скоро 80% од Македонците се против референдум!

Кампањата расте со неверојатна брзина досега невидена на социјалните мрежи во Македонија. Соросовите интернет ботови ангажирани од македонските власти за да му парираат со контра пораки за референдумот, веќе се откажуваат од битката на Твитер. Причината е преголемиот број на луѓе која се приклучува на движењето и удвојувањето на користење на хаштазите #бојкотира, #бојкотирам и #бојкотирај на секои неколку денови. Коложег.инфо веќе пишуваше за овој феномен уште на самите негови почетоци: Ние Сме Сериозни, Непоколебливи и КОНКРЕТНИ! Го Рушиме Референдумот и ја Спасуваме Македонија! (Придружи се на #бојкотирам платформата, сруши го рефeрендумот на предaвничката квислиншка Хунта и спаси ја Македонија за себе и своите деца! Побарај не во живо и виртуално на фб, твитер итд. https://t.me/bojkotiraj)

Едно од видеата со пародија (сличен пример подолу на твитер статус) било прегледано 60 илјади пати за неколку часа што на #бојкотирам му дава влијание поголемо од сите предходни слични движења на социјалните мрежи во земјава.

Лицата одговорни за комуникации во Хунтата помогнати од експерти за социјални мрежи и ботови на Сорос ги знаат неколкуте профили кои што го започнаа движењето но сега тоа не е важно затоа што пораките на #бојкотирам сега ги креираат и спoделуваат и луѓе кои што меѓу себе не се познаваат а ги поврзува само хаштагот кој побикува на бојкот на референдумот и го прави практично недофатлив за домашните и странските експерти ангажирани за негово запирање или блокирање.

Неповрзаноста со политички партии и извори на финансирање овој феномен му даваат додатна мистика и магија и го прави привлечен за сите непартиски патриоти как и патриотите разочарани и од двете елитистички врхушки кои се во џебот на Бејли и Сорос.

Погледнете повеќе од прилогот на ТВ Алфа за раѓањето на феноменот #Бојкотирам:

 

1 thought on “Македонски Одговор на Предавнички Референдум? #Бојкотирам! Растечки Феномен Кој ја Руши Хунтата!

  1. Хмммм. Мал,мал ама техничар. Зајче, зајче ама пиноче.
    За Македонија Вечна. #Бојкотирам(е).
    —————————————————-
    Генерално земено како метод, како тоа го прават демократите/соросоидите/колонизаторите.
    “Грујо, нејќу да праам муабет со твоите, сакам со моите. Па го бирам бујар и баба рада за Твој претставник во разговорите”
    Ете ги сега и муриканциве.
    “Нејќу да праам муабет со Мицковски. Не ни дужи ништо. Па Си го бирам јанчев за Ваш претставник. Уште од грантот ни дужи” … Грантот??

Остави коментар