Кинеската Армија ќе се Вклучи во Чистењето на Идлиб, Последното Упориште на ИСИЛ во Сирија!
Сподели на социјалните платформи:

Кинескиот амбасадор во Сирија, Чи Кианџин, ги шокираше набљудувачите на Блискиот Исток со изјавите оваа недела укажувајќи дека кинеската војска може директно да и помогне на сириската армија во претстојната голема офанзива за провинцијата Идлиб, во која се наоѓаат остатоци од џихадистичка војска на Исламската Држава.

“Кинеската војска е подготвена да учествува на некој начин заедно со сириската армија која се бори против терористите во Идлиб и во кој било друг дел од Сирија”, рече  амбасадорот во интервју за провладиниот дневен весник Ал-Ватан , потоа преведен од Институтот за истражување на медиуми од  Средниот Исток (MEMRI).

Извори од Дамаск најавуваат голема Сириско-Руска офанзива за враќање на Идлиб, што од 2015 година го држи коалицијата доминирана од страна на Нусра фронт (откако се ребрендира како Хајат Тахрир ал-Шам), по успешата кампања на Асад за враќање на целиот југ на Сирија а овие извори укажуваат дека битката може да започне уште во септември.

Но, најважно, провинцијата Идлиб сега е нултата точка за собирање на речиси сите џихадистички и ИСИС-фракции што останаа во Сирија, вклучувајќи ги и странските борци. Според некои проценки има над 40.000 вооружени џихадисти во рамките на главните противасадски фракции во Идлиб , вградени во население од околу 2 милиони цивили и внатрешно раселени лица. Така, се очекува идната битка за Идлиб да биде меѓу најкрвавите во целата седумгодишна војна, слична на Алепо во 2016 година.

Кина е главно заинтересирана за сојуз со сириските владини сили за искоренување на значајната компонента на кинеските муслимански странски борци што работат во Идлиб. Истакнатите исламистички милитанти на Ујгурите влегоа во Сирија во последните неколку години од западна кинеска провинција Ксинџијанг, каде што претежно живее оваа малцинска етнорелигиска група која се најде под зголемен надзор од страна на Кинеската држава.

Во 2017 година, сириската влада го проценуваше нивниот број на околу 5.000.

Кинеските Ујгурски терористи се приклучија на ИСИС и другите фракции на Ал Каеда во Сирија.

Кинескиот амбасадор во Сирија, Чи Кианџин ги нагласи контра-тероризмот интересите во своите коментари правејќи индиректна референца на Ујгурските џихадисти, пренесува Ал-Watan “Има позитивна воена соработка меѓу Кина и Сирија во доменот на борбата против тероризмот. Ние знаеме дека војната против тероризмот и кампањата на Сирија против терористите не служат само на интересите на сирискиот народ, туку и на интересите на кинескиот народ и на сите народи во светот.

Тој понатаму објасни за кинеските интереси во војната: “Имавме тесна соработка меѓу нашите војски во борбата против терористите кои дојдоа во Сирија од целиот свет, вклучувајќи ги и терористите кои дојдоа од Кина . Оваа соработка меѓу армиите и [другите ] релевантните елементи ќе продолжат и во иднина … “

И во одделна изјава за ал-Ватан , кинеско воено аташе во Сирија, Вонг Рој Чанг, ја поддржа изјавата на амбасадорот, иако во порезервиран тон. Чанг рече: ” Во тек е воената соработка меѓу сириската и кинеската армија, имаме добри односи и ја одржуваме оваа соработка за да им служиме на безбедноста, интегритетот и стабилноста на нашите земји. Ние – Кина и нејзината војска – сакаме да ги развиваме нашите односи со сириската армија “.

Меѓутоа, кога беше притиснат дали кинеските војници ќе помогнат во кампањата на Идлиб, Чанг рече дека тоа е “политичка одлука” што треба да ја донесе Пекинг.

Во меѓувреме, во поширокиот контекст на пошироката ескалирачка трговска војна оваа недела со Вашингтон и како што Кина одамна планира да помогне во реконструкцијата на Сирија во тесното економско партнерство со Дамаск ги става на курс за конфронтација со САД кои се обидуваат да спречат натамошно кинеско и руско засилување на Блискиот Исток. 

Остави коментар