Квизлинзите и УЧК во Обид за Уривање на АСНОМска Македонија, Македонското Ослободително Движење Почнува Денес! Се Гледаме во Победата во Новата 1945та!
Сподели на социјалните платформи:
Изрази Граѓанска Непослушност! Биди Свој Човек!

Денес е возобновен пропаднатиот БугароШиптарски проект од 1941вата од страна на фашистичката нелегитимна хунта која денес пучистички, анти-уставно, не-деловнички, против-правно и на најнедемократски можен начин го почнаа уривањето на АСНОМ-ска Македонија!

Со тоа, од денес во Македонија владее анархија и не важи ни уставот ниту ниеден закон произлезен од него! Бројни патриотски и граѓански организации повикаа на граѓанска непослушност и одбивање на секаква соработка и помагање во службено или лично својство на остатоците од нелегитимната Хунта до целосно нејзино исчистување. Прочитај овде: Повик за Општа Граѓанска Непослушност до Падот на Нелегитимната Квислиншка Марионетска Власт!

Затоа, од денес во Македонија завршува протестот и веењето знамиња а почнува Македонското Народно Ослободително Движење представено од Народното Собрание а оперативно спроведено од целиот Македонски Народ!

Македонскиот Народ на бројните протести во тек на целата мината и почетокот на оваа година легитимно со изворен народен суверенитет, предложи повеќе членови за 60-членото Македонско Народно Собрание кое го црпи својот легитимитет од стотиците илјади луѓе што досега излегуваа на протести, од изманипулираниот патриотски контингент на стотици илјади гласови кој беше победник на изборите а сега е непредставен од двете клиенетелистички и продадени врхушки на СДС и ДПМНЕ (прочитај повеќе овде: Украдениот Македонски Патриотски Глас на Изборите Значи Нелегитимни Институции и Неважечки Одлуки (Анализа)!

Ова се следните потези на Македонскиот Народ:

  1. Македонскиот Народ ќе формира свое Народно Собрание!
  2. Македонското Народно Собрание ќе Изработи и Прогласи Нов Македонски Устав Базиран на АСНОМ-ските принципи.
  3. Македонското Народно Собрание го признава легитимитетот на Претседател Ѓорѓе Иванов и бара Македонскиот Претседател веднаш да прогласи вонредна состојба, мобилизација на доброволци, да ја распореди војската и полицијата на границите, по сите градови и клучни сообраќајници со цел зачувување на територијалниот интегритет на Република Македонија!
  4. Македонското Народно Собрание Бара Претседателот Ѓорѓе Иванов да формира своја Техничка Влада која ќе ги организира итните и предвремени избори со пререгистрација на сите досегашни и идни политички партии а во спротивно Народното Собрание ќе формира своја Влада која ќе организира нови регуларни и демократски избори.
  5. Бараме Македонскиот Претседател Ѓорѓе Иванов веднаш да го поднесе барањето до Генералното Собрание на Обединетите Нации за признавање на Република Македонија под нејзиното уставно име!
  6. Ги повикуваме сите институции, безбедносните структури, армијата, полицијата, јавната администрација да откажат послушност на нелегитимната Хунта и да се придружи кон структурите на Новата 4та Македонска Република.

Посебно се повикуваат во овие клучни денови, припадниците на полицијата, армијата, админстративната, стручната и помошната служба на Собранието, како и Градежните Фирми и Оператива. Прочитај повеќе овде: Повик до Полицијата, Административците во Собрание и Градежната Оператива за Откажување Послушност на Анти-Уставната Хунта!

Во исто време сите анти-уставни, против-законски дејанија се документирани и во согласност со законот навреме оспорени иво Уставниот Суд на Македонија како и во Јавното Обвинителство на Република Македонија – ЈО, и Скопското Основно Јавно Обвинителство, ОЈО. Прочитај повеќе овде: Дојдете Заедно да Побараме ЈО/ОЈО да Постапи по Законот и Да Им го Одземе Легитимитетот на Пучистите!

Македонскиот Народ со огромните масовни протести, со петиции од над 20.000 граѓани за одземање право ги делегитимира и пучистичкото нелегално собрание, нелегитимниот избор на неговиот самоповикан претседател, и консеквентно нелегитимната, пучистичка самопрозвана влада и сите анти-уставни, недемократски, нелегални, и изборно непроверени досегашни дејанија. Македонскиот Народ беше доблесен да им даде можност да се покајат и да ја послушаат народната волја изразена на масовните протести во Скопје на 27ми Февруари (прочитај овде) и на 4ти Март во Скопје и низ 16 светски престолнини (прочитај овде).

Десетици илјади Македонци последниве недели побараа од нелегитимната власт: Нови Избори за Демократска Проверка на Нивните Изборно Непроверени и Немандатирани Анти-Уставни, Анти-Демократски и Нелегитимни Дејанија – или Народно Собрание! Прочитај повеќе овде: Ултиматум од Протестот на 27ми Февруари! Или Самораспуштање на Нелегитимниот Парламент или Формирање Народно Собрание!

Чесната понудата на Макeдонскиот народ за демократска проверка е отфрлена од нелегитимната, квислиншка, пучистички инсталирана однадвор марионетска хунта! (Прочитај повеќе овде: Жедни за Македонска Крв Како во 1949та, Квислинзите Плукнаа на Македонскиот Револт! Македонштината Сега ја Бранат Само Вакви Реки Голорак Народ!)

Македонија се Крева! До Победата и Новата Македонска Република!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

2 thoughts on “Квизлинзите и УЧК во Обид за Уривање на АСНОМска Македонија, Македонското Ослободително Движење Почнува Денес! Се Гледаме во Победата во Новата 1945та!

Остави коментар