Повик до Полицијата, Административците во Собрание и Градежната Оператива за Откажување Послушност на Анти-Уставната Хунта!
Сподели на социјалните платформи:

По најавите за утрешното каубојско, криминално, неуставно и недемократко донесување на законот за рушење на државноста на Македонија, како и најавата за доаѓањето специјална дигалка од Бугарија за брзо, ноќно, подло, криминално и против-правно рушење на легално поставениот споменик на Александар Македонски на плоштадот Македонија, неколку организации и движења го објавија овој повик за откажување послушност кон анти-уставните дејанија на нелегитимната, недемократска, пучистичка, марионетска и предавничка Хунта!

 

 

 

Повик за Откажување Послушност во Незаконските, Криминалните,

Анти-уставните и Анти-демократските дела на оваа краткотрајна квислишка

нелегална пучистичка власт!

 

До Македонските Безбедносни Сили, Полицијата, ДБК, и другите служби на Безбедност!

Откажете послушност за обезбедување на криминалното, правно непоткрепеното и незаконското рушење на легално поставените Македонски споменици.

До Администрацијата на Македонското Собрание!

Откажете послушност во давање административна подршка на работата на нелегитимниот, пучистички парламент и не бидете соучесници во анти-уставните насилнички акти во Собранието!

До Градежните Фирми и Оператива!

Откажете послушност и не бидете соучесници во криминалното, правно непоткрепено и незаконско рушење на легално поставените Македонски споменици.

Браќа и сестри, сограѓани, не дозволувајте вашите личности, фамилии, презимиња да влезат во црната Македонска историја поради подршката на една шака неизбрани, нелегитимни, самопрогласени власти кои наскоро ќе паднат бидејќи немаат никаква подршка од Македонскиот народ.

Нивните незаконски, анти-уставни, анти-демократски дејанија се документирани и се оспорени и се наоѓаат во процедури и пред Уставниот Суд и во Јавното Обенителство на Република Македонија и во Основното Јавно Обвинителство – Скопје.

Се документира и подршката која свесно или несвесно се дава од граѓани и компании кои со тоа стануваат соучесници во криминалната активност на нелегитимната самопрогласена власт.

Полицајци, градежници, административци! Вие сте дел од Македонскиот народ и Македонскиот народ е со вас. Не дозволете по падот на Квислиншката Хунта вие да бидете тие што заедно со нив непотребно ќе ги плаќате нивните дебели сметки за рушење на Македонија.

 

Со почит

Двиежење Преродба

Тврдокорни

Македонски Обединети Сили – МОС

2 thoughts on “Повик до Полицијата, Административците во Собрание и Градежната Оператива за Откажување Послушност на Анти-Уставната Хунта!

  1. Opozicijata odma da pobara pomos od Rusija zosto Makedonija ima Golem Problem so najgolemata Mafija sto postoji vo svetov.So demonstracii nisto nema da se postigne,ke ja izgubime
    Makedonija.Pozdrav do site makedonski patrioti

Остави коментар