The Guardian во 2001 за Срамниот “Хуманитарен” Подарок – Шкарт Инсинератор кој до Денес ја Труе Македонија!

Сподели на социјалните платформи:

 

Велика Британија срамно му подарува токсичен подарок на Балканот, кој е забранет за употреба и во Британија и во ЕУ поради предизвикување на рак и други болести, потег кои самите Британски експерти го нарекоа срамен но подарок на кого тогашните бедни по дух и морал Македонски власти му се радувале (како што и сите последователни корумпирани власти се радуваат на секое отровно тапшање по рамо од страна на глобалофашистите н.з.), пишува Британскиот The Guardian уште во тогашната 2001-ва година, кој во продолжение го пренесуваме во целост:

Владата на Велика Британија и обезбеди на Македонија инсинератор за горење на болнички отпад кој е нелегален според британскиот закон, поради високите токсични емисии. Согорувачот на отпад подарен на Македонија ги крши регулативите на ЕУ

Инсинераторот од британско производство беше дадена како хуманитарна помош и е во употреба во близина на македонскиот главен град Скопје. Ако земјата влезе во ЕУ, како што се надева дека ќе направи, инсинераторот ќе мора да се затвори бидејќи е опасност за локалното население и ги крши стандардите за емисија на ЕУ.

Инсинераторот е еден од неколкуте набавки на Балканот според упатствата на Светската здравствена организација (СЗО), ниту еден од нив не ги достигнува стандардите на ЕУ.

Г-дин Островски рече дека основната опрема е функционална, но нема дополнувања за одржување на рамномерни температури или основна опрема за чистење на димни гасови за отстранување на токсините што можат да предизвикаат рак и дефекти при раѓање.

Велевски Ѓорѓи, управител на Дрисла, државната компанија која управува со инсинераторот, рече дека не било кажано дека чадот ќе му наштети на здравјето на луѓето. „Кога дознавме, го прашавме СЗО и тие рекоа дека таа опрема не е задолжителна за нас, но ако ја сакаме ќе можеме да ја купиме за 200.000 фунти. За Македонија тоа се премногу пари“.

Фабриката е дадена во времето на косовската бегалска криза. Гори отпад од скопските болници и работи седум часа на ден. Доколку се искористи целосно, може да согори половина од болничкиот отпад во земјата.

Портпаролот на Incinco Ltd, кој го направил инценераторот, рече дека им било побарано да го обезбедат само основниот котел. Дополнителните функции беа на располагање, но ќе го направеа пакетот далеку поскап.

Портпаролката на Британското Министерство за Меѓународен Развој рече: „Нашата политика за снабдување опрема зависи од локалната состојба и треба да се донесе пресуда за тоа што е соодветно за таму“. Одделот плати 47.000 фунти а за ди задоволува нормите инсинератор со соодветно чистење на димни гасови ќе чинеше трипати повеќе.

Филип Рашбрук од СЗО советуваше против опремата, но тој рече: „Овој инсинератор беше многу подобар од алтернативата, што го гореше отпадот во големи метални кутии што произведува далеку полоши гасови и можни болести“.

Тој призна дека согорувачот ги прекршил регулативите на ЕУ, но рече: „Можеби немаше да успееме да ги најдеме парите за здрав согорувач. Ако го сторевме тоа, Македонците можеби немаа пари или експертиза да го уравуваат“.

Г-дин Рашбрук додаде дека Македонците се чинеле многу задоволни во моментот кога била инсталирана инсинераторот, се вели во написот на Британскиот The Guardian во 2001-ва година.

Остави коментар