Кон Суверена Национална Доктрина И Суверен Економски Развој – Горан Шумкоски
Сподели на социјалните платформи:

(од целосната научна студија објавена во академското списание RUDN Меѓународни односи)

Разбирам дека многумина од вас го делат мојот став дека ни е доста од едноставно објаснување и жалење колку е лош глобалниот неолиберален поредок, бидејќи повеќето луѓе ширум светот веќе го разбираат тоа многу добро и го почувствувале неговото негативно влијание врз сопствената кожа. Она што ни треба е, развивање на рамката на новиот, фер и праведен мултиполарен меѓународен светски поредок, и систематизирање и поставување на теоретски и практични содржини, алатки и инструменти кои суверените национални држави можат да ги користат во процесот на заживување и враќање на нивните суверени мандати и овластувања, изгубени или намалени во последните децении од глобалната неолиберална агенда. Оттука, еве една статија извадена од целосната студија на истата тема објавена во академското списание RUDN International Relations, која обезбедува таков пристап.

Сегашното, и до неодамна речиси универзално прифаќање од страна на академските кругови, владите и експертите, на политиките „еден-рецепт-за-сите“ од Вашингтонскиот консензус што тој им ги пропишуваше на националните држави, сега е оспорен и во теоријата и во практиката. Овој процес беше обележан со отстранување на мандатите и овластувањата на националната држава, на која сега, со појавата на новиот мултиполарен свет, ѝ се обезбедува можност за друг и суверен алтернативен пат за развој. Додека алтернативите никнуваат насекаде, „новата нормала“ на глобалниот развој на суверените нации сè уште не е договорена, иако клучните карактеристики почнуваат да се обликуваат. Станува јасно дека старите институции за управување со глобалниот развој нема да можат да се приспособат на новата реалност и да станат и поинклузивни во процесите на донесување одлуки и да дозволат повеќе и разновидни содржини или патишта до развој за суверените нации. Оттука, постојат голем број одделни и конкурентни верзии на регионални и глобални пристапи кон развој кој ќе ги земе во обѕир потребите и преференциите на суверените нации.

Тековниот пад на светогледот на неолибералната идеологија, доминантен од 1990-тите во областа на меѓународните односи, глобалната и државната идеологија, политичките и социјалните институции, економијата, науките и универзитетите и, следствено, речиси универзално вграден во огромното мнозинство на националните развојни стратегии на земјите како државна идеологија, создаде вакуум не само во конкурентна идеологија, туку и во практичните вештини, визии, стратегии и способности за спроведување на суверена економска доктрина. Ова се должи на неолибералната идеологија која ги деградираше националните држави во регионални/локални, чисто извршни администрации, без улоги за креирање и спроведување на сопствени политики. Ова владеење без содржина беше овозможено со тоа што таквите, чисто извршни улоги, беа преточени во образовните системи на државите од прво оделение па се до универзитетите и магистерските, докторските студии, оставајќи длабока празнина за суверената национална држава во однос на градење и спроведување на визија, стратегија, планови како и капацитети за извршување на своите улоги во она што ни претстои во новиот мултиполарен поредок.

Новиот мултиполарен свет кој се појавува, врз основа на меѓународните теории на реализмот нема потреба од пропишувачка идеологија на ниво на државата-нација, надвор од тоа што е фундаменталната, суверена волја на нејзиниот народ да воспостави и управува со своите дела и начин на живот според нивните преферирани традиционални, морални, општествени норми и вредности. Дали пак во тој случај има потреба од суверена државна доктрина или доктрина на суверен економски развој? Да, затоа што неолибералната агенда преку процесот на де-државизација ги одзеде сите лостови и инструменти за една држава да може да формулира и обезбеди таква суверена визија, стратегија и практична имплементација. Неолибералната празнина, каде што државите беа сведени на локални администратори и извршители на глобалистичката агенда во корист на транснационалните корпорации, треба да се пополни со процесот на ре-државизација. Тоа бара повторно откривање на потеклото и целта на националната држава уште од времето на Аристотел, преку средновековните држави и националната држава од 19 и почетокот на 20 век по целиот вертикален синџир, почнувајќи од усвојувањето на сопствената идеологија, визија, стратегија и оперативни планови, како и способност и капацитет за обезбедување политички, економски и социјален развој за својот суверен, народот.

Само една фундаментална промена, извлечена од теоријата и практиката на државноста, сега вградена во доктрината на суверената држава, за возврат ќе влијае на сите аспекти на суверената држава како што се: нејзината идеологија, институции, владеење, административна работа и практики во сите нејзини сфери, економската, политичката и социјалната, итн. Таа фундаментална промена, далеку од сегашниот глобално наметнат неолиберален модел е: дека државата му служи на својот суверен, на народот, а не на која било друга “повисока” меѓународна глобална група на интерест. Ваквата доктрина на суверена држава ќе обезбеди основи за развој на правични економски системи во секоја земја кои најдобро го одразуваат нејзиниот потенцијал, култура, традиција и го одразуваат нејзиниот природен и човечки потенцијал. Оттука, без да се пропишува во идеолошките и политичките аспекти кои се неотуѓиви права за секоја суверена национална држава да ги дефинира според нејзините вредности, традиции, култура, слично, и економскиот концепт во таква суверена држава дозволува каков било модел од јавен, државен, до приватни, пазарни и какви било варијации и мешавини помеѓу нив.

Врз основа на анализата на неолибералните области на интервенции преку кои беа ослабени државните капацитети, студијава развива анализа на потенцијалните влезни точки за повторно градење на способноста за формулирање на суверена државна доктрина, визија и стратегија. Исто така е важно за суверените држави во мултиполарниот свет, да ги развијат вештините и капацитетите за дизајнирање и спроведување оперативни планови за обнова на нивните национални држави, што го илустрираме овде со примерот на суверената економска доктрина.

И додека земјите во развој и практичарите на теренот повторно воведуваат (или никогаш не престанале да ги користат) користејќи реформи кои се приближува кон пристапот на “индустриската политика” која овозможува поголема државна улога – и овој пат повеќе во улога на овозможувач на овој пристап – а не во улогата на избор на победници и со сите предупредувања за ненарушување на конкуренцијата на ниво на економија или на ниво на секторот каде што е потребно овозможување на влијанието на пазарните сили, сега е отворено полето за излегување на сеопфатна развојна теорија која би ги поврзала сите делумни и парцијализирани економски, социјални и институционални пристапи кон враќање на улогата на институциите, формални и неформални, и националните држави како доминантни фактори во развојната парадигма на 21 век.

Веќе има многу и значајни напори во последните децении во оваа насока кои ја вклучуваат улогата на државата и институциите во равенките за развој и раст и извлекување политички лекции врз оваа основа. Некои од нив се “Новата структурна економија” (Lin 2006) или концептот на „обврзувачки ограничувања“ и „дијагностика на растот“ (Rodrik 2005). Сепак, и двајцата се обидуваат само да ги подобрат западните институции на Бретон Вудс, нешто што беше неуспешно испробано – на пример обидот за реформа на Светската банка (Стиглиц, 2003, 2011) под мотото „има повеќе од еден пат до развој“, и, нешто за што не гледаме поддршка од западните политички елити. Треба да се изгради нова суверена економска доктрина, заснована на доктрината на суверена држава-нација, која ќе ја воспостави општата рамка за суверените национални држави да ги изнајдуваатт свои патишта за политички, социјален и економски развој во мултиполарниот свет, врз основа на реализмот во меѓународните односи. теорија и практика.

Она што доктрината за суверен економски развој ќе го обезбеди е, алатки и инструменти за дизајнирање и спроведување на институционалната, стратешката, и, рамката на политики за владите на суверените држави, да се обезбеди компаративна анализа на сите овие модели со цел државите да го осмислат и развијат оној кој е најпогоден за нивниот народ, и да го вгради во нејзините долгорочни платформи и визии за економски развој. Досега, сите нации имаат слични национални планови за развој, визии, стратегии и соодветни стратешки документи во економските, социјалните, образованието, здравството и други области извлечени од клучните национални документи. Сепак, актуелните стратешки национални документи во повеќето земји се лишени од каква било значајна содржина на суверена политика, ретко се договорени со народот и најчесто се произведени од мала технократска елита, која во најголем дел зема насоки од сличните национални документи подготвени за нив од Светска банка. ММФ, АБР, ЕБОР, АфБР итн. Заедно со фактот дека нема награда или казна или преглед на исходите, резултатите и влијанието на овие планови, соодветно, и во согласност со одземените мандати и овластувања на државата, овие документи не бараат некоја поголема работа повеќе од чисто извршна и административна, и спротивно на интересите на суверените држави, и не во интерес на народот на дадената национална држава.

Оттука, промената на парадигмата од да се биде во корист  на глобалистичките транснационални корпорации, во онаа за во корист на народот, ќе стави голем притисок врз државата за да може да ги осмисли, планира и операционализира покомплексните и построги барања што им ги поставуваат доктрината на суверената држава и суверениот правичен економски развој, почнувајќи од владите, јавната администрација и сите други политички, економски и социјални институции на една држава-нација.

Што ќе повлече ова. Оваа студија се фокусира на суверениот економски развој, но слични длабоки промени од идеологијата до имплементацијата ќе се случат во сите други области на политичкиот, социјалниот развој на повторно-родената национална држава. Уште повеќе, суверениот економски развој и другите полиња ќе треба да бидат длабоко вградени и проткаени во и со политичкиот и општествениот развој во спроведувањето на доктрината на суверена држава. Сегашнотот парцијализирање на овие клучни области, па дури и понатамошно парцијализирање внатре во секое од овие полиња и создавање силоси каде никој нема целосна слика, беше алатка на глобалната неолиберална агенда за да може да ги спроведе своите политики без поголемо противење. Суверената економска доктрина ќе бара активирање и искористување на сите интелектуални, човечки и институционални капацитети и ресурси на нациите кои треба да се стават во функција на преточување на нејзината суверена државна доктрина во одржлива, правична суверена економска доктрина:

Прво, длабоката идеолошка промена, кон суверенот – народот на државата – ќе значи внесување на промени во стимулативните структури на поттикнување на сите економски, политички и општествени фактори – кои треба да бидат вградени во основните акти како што се уставите на националните држави. Сегашните стимулативни структури во неолибералните економии се неурамнотежени и пристрасни кон актерите кои се нивни локални имплементатори на глобалната неолиберална агенда, која и штети на домашната економија, нејзината продуктивност, штети на природните и човечките ресурси, пренасочувајќи ги во непродуктивни активности кои ниту создаваат нова вредност, ниту носат додадена вредност за домашната економија или за благосостојбата на нејзиниот народ.

Второ, суверената наука и образование, а особено економската наука и образование, треба да се ревидираат во согласност со доктрината на суверената држава и да се вградат и дома и во меѓународната академска и образовна мрежа на суверените нации, на различни јазици, списанија, тинк-тенкови, за да се обезбеди автентична база на знаење за обезбедување вештини за имплементација на доктрината, надвор и во конкуренција со сегашната “одобрена” наука базирана само на англиски јазик, која е целосно заробена од неолибералната агенда. Ова значи воспоставување сопствен паралелен систем на акредитација на образовните платформи, создавање мрежа на платформи за едукација и обука, како што се центрите за обука, како и постојните училишta, универзитети, каде предавачите сега се истиснати од академски и образовен систем кои во многу земји се киднапирани од неолибералната глобална агенда.

Трето, усвоената суверена идеологија на секоја земја и систематизираното автохтоно научно и практично знаење, ќе треба да се дестилираат во длабока национална визија и стратешки документи за суверен економски развој што ќе бидат поддржани од политичките, владејачките и административните структури и од народот кој ќе се вклучи преку консултации, дисипација на информации и учество. Оваа стратешка визија и оперативни документи ќе бидат основа за развој на оперативни и планови за имплементација, придружени со цели и соодветни индикатори, мониторинг и евалуација, системи за рано предупредување, исправка и прилагодување. Овие документи ќе имаат влијание врз сите сектори на државата и општеството и ќе бидат поддржани од другите секторски развојни визии и стратегии како што се оние за политичкиот и социјалниот развој.

Четврто, врз основа на усвоената идеологија, визија и стратегија и оперативниот план за имплементација, ќе бидат потребни и институционални промени, како и развој на капацитети и човечки ресурси за целата јавна администрација, политичките и владините структури, судството, централното и комерцијалното банкарство, образовниот систем од основно до универзитетски програми, владина финансиска поддршка и стимулативни структури кои ќе треба да се прилагодат за да можат да го поддржат спроведувањето во дело на оваа суверена визија и стратегија за одржлив, вистински и праведен економски развој.

Петто, имплементација и поддршка за економските актери од индивидуални претприемачи преку микро-мали-средни претпријатија па се до големите национални корпорации преку обезбедување пристап до финансии, развивање на знаење за зголемена продуктивност на производството и услугите, развој на тврда и мека инфраструктура, иновации, технолошки напредок, зголемување на квалитетот, пристап до пазари, трговија и развој на извозот, промоција на ефикасни инвестиции, брендирање на производи, услуги и на целата национална економија, итн.

Врз основа на оваа визија и стратегија, спроведувањето на суверената економска доктрина треба да ги вклучи следните компоненти на суверен национален развој: институционален развој, управување и администрирање на економскиот развој; градење, операционализација и имплементација на праведен економски систем; поддршка на јавните и приватните инвестиции; секторска економска политика и поддршка фокусирана на уникатните секторни предности; меѓународна економска соработка; суверени финансиски текови за развој; развој на инфраструктурата; развој на вештини, знаењa и човечки развој; ефикасна јавна администрација; реструктуирање на јавните претпријатија и реинженеринг на деловните процеси; зголемување на продуктивниот и услужниот капацитет преку технологија и иновации; развој на микро, мали и средни претпријатија; локален и регионален економски развој; развој и заштита на природните и минералните ресурси; промоција на трговија и извоз, маркетинг и брендирање на националната економија; регулација и дерегулација за економски развој; дигитализација, е-владеење, блокчејн, вештачка интелигенција.

Така, доктрината за суверен економски развој, со доктрината на суверена држава во својата срж, го пополнува вакуумот на де-државизацијата што го оставија децениските спроведувања на неолиберални модели. Ова се постигнува со (i) обезбедување на широка идеолошка и филозофска основа и разбирање на суштината на суверената економија, овозможување формулирање на сопствената суверена економска доктрина и (ii) развивање практични вештини, знаење, платформи, лостови и алатки за спроведување на одредбите од економската теорија кои ќе им овозможат на националните економии да напредуваат во интерес на сите. Сличен пристап е потребен во развојот на соодветни суверени доктрини за политички и социјален развој.

Со оглед на неуспехот на неолибералниот развоен модел да им донесе одржлив развој на националните држави и неуспехот да се осмислат алтернативни теоретски и практични извори на легитимност како и на резултати од дисипацијата на неолибералните модели, постои потреба од воспоставување на нов модел кој ја зема во предвид потребата од суверен развој на националните држави во мултиполарниот свет кој се обликува во овој историски момент. Создавањето на ефикасни и одговорни национално-државни образовни, научни, аналитички, тинк-тенк платформи за имплементација, како и на меѓународните мрежи за подршка кои ќе помогнат во примената на доктрината на суверената држава, како и да им овозможат на националните држави да споделуваат и разменуваат информации, искуство, знаење во развојот и спроведување на идеолошки, стратешки и оперативни планови. Ова се областите каде што претстои многу работа во формирањето новиот мултиполарен свет.

Посетете бесплатен онлајн мастерклас за економски развој за суверени нации на Институтот за Суверена Доктрина (Sovereign Statecraft Lyceum):

Module 6 – WHAT WE NEED – SOVEREIGN ECONOMIC DEVELOPMENT

Economic Development

Introduction

Испратете е-пошта на study@lyceum.international и добијте бесплатен пристап до сите модули од Поглавје 1 од Економскиот развој за суверени нации:

Chapter 1 – FOUNDATIONS OF ECONOMIC DEVELOPMENT DOCTRINE FOR SOVEREIGN NATIONS: WHAT IS IT, WHY WE DON’T HAVE IT, WHY WE NEED IT & WHAT WE NEED

 

Шумкоски, Г (2022) Глобална дисипација на неолибералните модели и доктрината на суверена држава Sumkoski G. Global Dissipation of Neoliberal Models and the Sovereign State Doctrine // Vestnik RUDN. International Relations. – 2022. – Vol. 22. – N. 4. – P. 771-787. doi: 10.22363/2313-0660-2022-22-4-771-787

Горан Шумкоски – независен експерт, научник, професор, ментор, обучувач во областа на економски, политички и социјален развој, автор на доктрината за суверен развој, основач на Sovereign Statecraft Lyceum, предавал и спроведувал истражувања на универзитетите на три континенти, работејќи со влади, претседатели, бизниси и луѓе во 30 земји низ светот како директор, консултант, советник и како независен експерт со Светската банка, Азиската банка за развој, ММФ, БиБиСи, ОН, ОБСЕ, ЕУ итн. на Универзитетот во Минесота, САД; Лондонската школа за економија и политички науки, Универзитетот во Манчестер, Универзитетот во Источна Англија, ОК; Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Македонија; Универзитетот Меиџи, Јапонија. Контакт goran@sumkoski.com и преку www.sumkoski.com

Read More

https://katehon.com/en/article/towards-sovereign-doctrine-and-sovereign-economic-development

https://www.geopolitika.ru/en/article/towards-sovereign-doctrine-and-sovereign-economic-development

Towards a Sovereign Doctrine and Sovereign Economic Development – Goran Sumkoski

 

https://kolozeg.org/towards-a-sovereign-doctrine-and-sovereign-economic-development-goran-sumkoski/

 

 

 

 

 

 

Остави коментар