Завет: Ако ја Спасиме Македонија, ќе го Спасиме и Светот – Ниче Димовски! (ВИДЕО)
Сподели на социјалните платформи:

 

11 И видов отворено небо, и ете, бел коњ, и Оној, Кој седеше на него, се вика Верен и Вистинит, и суди и војува праведно.
12 Очите Му се огнен пламен, а на главата многу круни и носи напишано име, кое никој не го знае освен Него.
13 И беше облечен во облека потопена во крв, и името Му е: Божјо Слово.
14 А небесните војски на бели коњи, облечени во бел, чист лен, го следеа.

Драги Браќа и Сестри,
Почитувани Македонци,

Би сакал да споделам со вас една голема и длабока тајна која што со години наназад ја носам во мене и ја криев во сите мои книги што ги пишував за вас.

Длабоко, длабоко во себе чувствувам дека сега е узреано времето кога таа тајна треба да биде обелоденета за сите вас и за светот и тоа го правам со најголема љубов преку ова мое документарно видео – „Завет“ кое што ви го давам на дар, за да и вие конечно ја видите вистината со вашите сопствени очи, за да и вие конечно го знаете тоа што јас го знам, за да и вие конечно разберете што ни се случува сето ова време, за да и вие конечно сфатите што треба да сториме за Спасение на нашата единствена Мајка МАКЕДОНИЈА и за сите нас како Македонски Народ.

Ве поздравувам и ве оставам со надеж дека овој настан ќе биде и она долгоочекувано вистинско Раѓање, она вистинско Будење на сите нас како дел од нашата заедничка Македонска Судбина, чии што господари сме единствено ние Македонците и никој друг.

Затоа не прашувајте за кого ѕвонат црквените ѕвона низ сите наши цркви ширум светот, за кого бијат камбаните:
Тие ѕвонат за мене, за вас, за сите нас, за нашето историско будење, за нашето Раѓање во новиот ден во кој што ќе живееме како народ достоен за почит .

„Ако ја Спасиме Македонија, ќе го Спасиме и Светот во кој што живееме со Вера, Надеж и Љубов!”

Ваш Ниче

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар