Ристо Шишков! 17ти Јуни 2021 – 35 Години од Смртта на Великиот Актер и Симболот на Нескршливата Македонштина!
Сподели на социјалните платформи:

Слава за Великиот Македонец и неговата широка и светла душа. Судбината на Шишкови е само една од илјадниците Македонски судбини со која идната и вистинска лустрација ќе се занимава до конечното сечење на гнасната комуњарска анти-Македонска УДБА чии пипци го преживеаа и ДПНЕ за до ден денес повторно да ја уриваат Македонија и Македонштината! Местенките кои им ги правела УДБа на Ристо и Васил Шишкови се причина за прераната смрт на обајцата. Формално против Ристо Шишков ОПЕРАТИВНИ и други мерки се превземат на 28.12.1974 година. Поводот за превземањeто ОПЕРАТИВНИ мерки ја отсликува целата нечовечност и бескрупулозност на луѓето од УДБа меѓу кои и неговиот личен предавник, Соросовецот и килав и завидлив неталентиран “уметник” кој како и многу други само со кодошење на врвните квалитетни патриотски Македонци можеле вештачки да градат кариера – Владимир Милчин. Ги издржа неправдата што му ја нанесоа кодошите, пресудата од комунистичкиот режим и затворскиот живот во Идризово, но немоќен беше пред болеста. На денешен ден, 17 јуни во 1986 година почина еден од најголемите актери на македонското национално глумиште, великанот Ристо Шишков во чија слава ја пренесуваме неговата песна: 

“Земи ги…….очиве
моиве две остри сабји
нанижи си ги како два
златни синџири
околу твоите бели гради.
Земи ја……..устава
од неа вода да пиеш
јас ќе си одам в планина
и ќе ти бидам комита.
Јас сум ти твојот комита
Ристо Беломорски,
од Грамос и Вичо планина
роден во време опасно,
време комунистичко.
Комунистиве глава кренаа
и мене в зандана турија
за моја жална
Македонија.
Комунистиве ми даваат
рубата комитска
да се претворам во
Турунџе
да се претворам во Гули
војвода
за да си ладам душава
душава моја изгорена.
Не сум ти јас Турунџе
ниту сум Гули војвода
јас сум си самиот комита-
Ристо Беломорски
Дај ми го……….шмајзерот
јас да си одам в планина
там да си најдам дружина
дружина одбор комити.
На Грамос
ќе најдам Делчета
на Пирин ќе најдам
Сандански
на Бигла ќе најдам Јордан
Пиперка.
Дружба да дружам
со комити
дружба да дружам,
бој да си бијам
бој да си бијам со три ламји со три аждаи
со варварите, татарите и србоманите
што ми грабнаа убава девојка,
ја грабнаа и оковаа со три синџири.
Роб робува убава девојка
роб робува седумдесет години.
Дај ми ја……….сабјата
сабјата дипленица

да си искинам синџири
седумдесетгодишни
да си ослободам девојка робинка
девојка робинка – лична
Македонија.
Земи ги……..очиве
моиве две остри сабји
нанижи си ги како два
остри синџири
околу твоите бели гради.
Земи ја……..устава
од неа вода да пиеш
јас ќе си одам в планина
и ќе ти бидам комита.
Јас сум ти твојот комита
Ристо Беломорски
од Грамос и Вичо планина.”

Неговата биографија по се нешто наликува на театарска претстава со најголема жар и комплексност како и најголемите холивудски приказни. Од траумите не избегна и неговиот син и исто така актер, Васил Шишков, кој прогонет од анти-Македонците почина во 2014 година

Поради кодошите на УДБА преживеавме лични и семејни трауми. Никогаш не можев да воспоствам квалитетен однос со мојот татко, ќе рече синот на доајенот на македонското глумиште Васил Шишков, жртва на соработникот „Драматург“.

Васил Шишков, синoт на починатиот актер Ристо Шишков, со дозвола од Комисијата за верификација на фактите го доби досието на татко му, еден од жртвите на тајните служби на поранешниот режим. На негово барање, Васил Шишков го доби целосното досие, без покриени имиња на инспекторите и соработниците на тајните служби кои го кодошеле татко му. Така, се до јули 2013 година  и не знаел дека кодошот на татко му е Владимир Милчин.

Еве што напишал Тони Михајловски за својот колега Васил Шишков:

  • Вашиљ, велат дека си заминал од овој свет. Без поздрав бе цимер. Без шанса да ти вратам за добрината што ми ја направи. И знам зошто ми навираат солзите на очи додека го пишувам ова. Како што знаев, кога те гледав како го играш стариот твој во последната претстава, зошто тебе ти навираа и течеа солзите. Ти го земаа на сила, прерано и кукавички, а тебе те гледаа како споменик на нивното предавство. Сега си со него. Со оној кого најмногу го сакаше и кој најмногу те сакал. Со стариот. Поздрави го. Поздрави ги сите наши Вашиљ и почивај во мир бидејќи овде, на овој свет го немаше. Твојот сон да снимиш филм за стариот се надевам дека ќе го отсонува некој што ќе остане. Не знам само зошто додека плачам низ главава ми ечи “Налеј налеј”… Ќе те спомнуваме и паметиме брату, напиша Михајловски.

 

Она по кое човекот е човек а Македонецот е Македонец! пишува Брегалнички.мк за Ристо Шишков!

Трагедијата на живот на Ристо Шишков и животот кој го опкружувал е само рефлексија на конфликтноста за преживувањето на македонскиот народ. Од суровиот детски живот на пребеган македонец од Егејска Македонија па се до внатрешниот немир на осаменост и чувство на инфериорност пред забревтаниот системски режим на поранешната држава, успехот како врвен талент под ѕвезденото актерско небо не само во домашни граници, се чини премала сатисфакција за живеењето на еден таков животен пат исполнет со премрежја.

Под налетот на комунистичкиот режим и партиско едноумие во поранешна Југославија откако бил искодошен, тој бил прогонет од тогашните власти и осуден на затвор во Идризово во 1979 година. Затворската казна почнал да ја издржува наредната 1980 година каде поминал 6 години до 1986 година. Кратко по излегување од затворот починал по кратко боледување на денешен ден….

И само затоа што човекот сакал јасно и гласно да каже како се чувствува по прашањето на својот идентитет, и што мисли за сите оние кои го негирале сето тоа.

Можеби успеаа кодошите и предавниците да го убијат материјалното постоење во него, но остана македонското…

Да свети и сјае низ очите на неговата појава, во сиот негов живот, но и во смртта.

Она што како идеја го носиме сите ние!

 

Во својата кариера Македонскиот актер играл во 54 театарски претстави, снимил 11 филма (во дванаесеттиот, „Води“, неговата ролја е преснимена), пет телевизиски драми и три телевизиски серии, како и повеќе радиодрами. Добитник е на театарската награда на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп (1977 година) за улогата во претставата „Крчма под зеленото дрво“.

По осамостојувањето на Република Македонија во Струмица бил воспоставен Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во 1992 година кој до ден денс го слави ликот и делото на Македонскиот актер Ристо Шишков.

Нека му е вечна слава!

Неговиот лик и дело се безвременска хармонија за земјата чие име го опишува сонцето.

 

Театарот, кога најмногу беше потребен

Едуциран според принципите на театарската школа на Станиславски, односно според онаа варијанта на таа школа каква што се практикуваше (како метод) на тогашната белградска Академија, Шишков темелно ги совладал нејзините два најсуштествени методолошки посулата: актерско/творечко самопочитување и фамозниот процес на преживување.

Неспорно талентиран и неспорно одлично подготвен за својата идна мисија, Шишков најпрво чиракувал во реномираниот театар каков што е Југословенско драмско позориште. Во раните шеесетти години овој театар се уште важел за репрезентативна институција во која има место само за најдобрите. Несомнено е дека Шишков е еден од нив.

Во текот на својата 26-годишна професионална кариера, Ристо Шишков играл во 54 театарски претстави, снимил 11 филма (во дванаесеттиот, “Води”, неговата ролја е преснимена), пет телевизиски драми и три телевизиски серии, додека бројот на радиодрамите не може да се утврди, заради непостоечка документација. Безмалку половина од сите ролји што ги одиграл се главни, околу четвртина се насловни: Иванов, Дон Цезар, Мезгрејв, Хелдерлин, Леоне Глембај, Питу Гули, Гоце Делчев…

Добитник е на две филмски награди – и двете на Фестивалот на актерски остварувања во Ниш, за филмовите “Планината на гневот” (1967 година) и “Најдолгиот пат” (1976 година) и на само една театарска награда на МТФ “Војдан Чернодрински” во Прилеп (1977 година) за улогата во претставата “Крчма под зеленото дрво”. Него го познаваат како маркантна физичка појава со нагласена присутност не само на театарската сцена, туку и во секојдневниот јавен живот, со “општомедиумска слава”, екстровертна личност со “бујна” природа…..

Прославениот македонски актер Ристо Шишков живееше и создаваше кратко време. Тој почина на 46-годишна возраст кога го достигна центарот на своето актерско творештво, кога најмногу можеше да му даде на театарот, кога најмногу беше потребен. Прерано замина од драмската сцена, филмот… Сепак, тој остави впечатливо актерско дело, остварено најмногу на театарската сцена. Зад себе остави брилијантни актерски улоги. Ценејќи ја важноста на делата кои ги остави личноста каква што беше Шишков, градот Струмица стана традиционален домаќин на Фестивалот на камерен театар што со гордост и пиетет го носи името на драмскиот уметник на сите времиња – Ристо Шишков.

Филмографија:

•    1966: До победата и по неа (Главна улога)
•    1967: Каде по дождот (Споредна улога)
•    1967: Македонска крвава свадба (Главна улога)
•    1968: Планината на гневот (Главна улога)
•    1969: Републиката во пламен (Главна улога)
•    1971: Црно семе (Главна улога)
•    1972: Истрел (Главна улога)
•    1975: Јад (Споредна улога)
•    1976: Најдолгиот пат (Главна улога)
•    1981: Црвениот коњ (Главна улога)
•    1984: Нели ти реков (Главна улога)

 

 

Поредок Заснован на Правила, Да! Но, Чии Правила Блинкен, Вашите или Нашите? Горан Шумкоски Геополитика.ру!

 

Ви се Допадна Написот? Сподели ја Веста! Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Глобалофашистичките ЦИАшки Социјални Мрежи, Запиши се на Мобилен на t.me/kolozeginfo Телеграм Групата, на слободните мрежи ГАБ и ВКонтакте (Еквиваленти на Фејсбук), на Рамбл и Битчут (еквиваленти на Јутјтуб) наскоро на Парлер (Еквивалент на Твитер) или преку мејл (подолу) и Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар