Глобалистите и Левицата ја Губат Културната Војна која ја Започнаа и се Соочуваат со Пропаст – Тони Блер!
Сподели на социјалните платформи:

Прогресивната политика се соочува со истребување, се жали воениот криминалец Тони Блер, и самиот еден од главните креатори на денешниве антинационални експлоататорски глобалистички политики на она што се уште се нарекува левица а е едноставно маша на мултинационалните корпорации и елити во бришењето на нации и граници и економското поробување на човештвото.

Земајќи го катастрофалниот пораз на Лабуристите на недоамнешните локални избори во Британија како повод, Блер рече дека културолошката војна на левицата против традициите е причина за тоа. „Традиционалистите ги фаќаат глобалистичките левичари во оваа битка и им поставуваат стапици по целото поле и низ целиот свет. И левите и глобалистите паѓаат во нив еден по еден“.

Премиерот Блер извојува огромна победа во 1997 година, и откако освои уште два други мандати, поднесе оставка во 2007 година, поради слабата репутација за криминалната војна во Ирак почната на лаги кои тој ги конструира. Блер е еден од најомразените политички фигури во Британија и се соочува со бројни парања и петиции да биде суден како воен криминалец.

Метју Гудвин, професор по политички науки на Универзитетот во Кент, рече дека процентот на гласовите на левиот центар се најниски во Велика Британија од 1935 година, најниски во Австрија од 1911 година, најниски во Германија од 1932 година, а најниски во Шведска од 1908.

Според Гудвин и Франција, Италија и Холандија се со најниска доверба во сега веќе квази-левицата во целата историја, а Финска е втора според најниските рекорди.

„Се случува голема културна битка. Левичарите имаат тенденција да трескаат зборови како „разбудена“ или „политичка коректност“, но пошироката јавност точно знае што тие значат.” рече тој.

„И бидејќи мудрите прогресивци воопшто не сакаат да бидат на терен, борбата се води на виртуален терен. Резултатот е радикален лев глобализам, кој е премногу задоволен со себе за да се бори на терен.

„Фактот што нивното однесување обезбедува континуирана десничарска победа воопшто не ги обесхрабрува. Напротив, тоа им дава некакво политички божествено чувство за правичност на нивните политики“.

Премиерот Блер рече дека глобалистичките леви сили треба да разберат дека гласачите не сакаат да им ги минимизираат нивната земја, националното знаме и историјата.

„Мислам дека Левицата е секогаш збунета од тоа дека луѓето поддржуваат нешта што ги направила нивната земја во минатото или дека историјата им е света“, вели тој.

„Луѓето сакаат здрав разум, соодноси и причини. Тие не го сакаат екстремизмот но не сакаат ни да им се наметнуваат радикални идеологии“.

Со исклучок на десетгодишниот мандат на Блер, Лабуристите во Велика Британија се долго време далеку од власт. Премиерот Блер го опиша сегашниот лидер Кил Стармер како интелигентен и способен, но рече дека не е во можност да преживее.

„Лабуристичката партија сега е загрижена и се прашува зошто замена на радикалите со поумерени луѓе не постигна чудесна ренесанса“, рече Блер.

„Но, Лабуристичката партија нема да заживее едноставно со промена на лидерите. Потребна е целосна деконструкција и преструктуирање. Инаку, ние сме соочени со здодевна работа каде се бориме против непобедливи непријатели од неизвесни причини, со врзани раце позади нас.„

Блер го завршува есејот со предлагање на британската Лабуристичка партија да побара нова коалициска влада на други центристи, кои патем речено се се помалку, и го открива подлиот начин на глобалистите за маргинилизирање на народната волја со отфрлање на мнозинската партија како што беше направено во Македонија и во други земји, со што пак се руши секаква верба во демократија и избори.

Изворна врска Прогресивната политика се соочува со истребување: Тони Блер

Ви се Допадна Написот? Сподели ја Веста! Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Глобалофашистичките ЦИАшки Социјални Мрежи, Запиши се на Мобилен на t.me/kolozeginfo Телеграм Групата, на слободните мрежи ГАБ и ВКонтакте (Еквиваленти на Фејсбук), на Рамбл и Битчут ( еквиваленти на Јутјтуб) наскоро на Парлер (Еквивалент на Твитер) или преку мејл (подолу) и Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар