Не Абортирајте! Ако Вие не сте во Можност, Црквата ќе ви го Одгледа и Воспита Вашето Дете – Рускиот Патријарх!
Сподели на социјалните платформи:

Не абортирајте, Црквата ќе го воспита вашето дете – порача  патријархот на Руската Православна Црква пренесува Коложег.орг на англиски. Ќе има ли кај прејадените сегашни “водачи” на Македонската Православна Црква време и внимание и духовност за да организираат богоугодни работи од ваков маштаб и од клучен интерес и за опстанокот народот и за Бога. Или ќе продолжат како и до сега да бидат бизнисмени, политичари, аналитичари, без грам духовност, аскетство и саможртва.

Жените не треба да абортираат, туку ако не се во можност сами да ги одгледуваат треба да ги даваат своите деца на Црквата да се грижи за нив. Црквата ќе помогне во воспитувањето на децата и ќе ги одржува односите и контактот со нивните мајки, рече вчера Рускиот Патријарх Кирил.

Напротив, ние ќе сториме сè за да го зајакнеме вашето семејство, дури и ако е нецелосно, но тоа има вредност пред Бога и во однос на целата наша татковина“, рече Патријархот во видео пораката до Општиот црковен конгрес за социјални прашања кој започна завчера и трае викендов.

Видеото е објавено на страницата на Руската црква на ЈуТјуб, а текстот на неговото обраќање на Patriarchia.ru.

Ова не е прв пат Руската Црква да зборува за подготвеноста да помогне во воспитувањето деца.

Црквата постојано сведочи за ужасен проблем – за кој постојано зборувам. Ова е проблемот со абортусот, чие решение не само што ќе го подигне нивото на личен и јавен морал, нивото на одговорност за децата, туку исто така, несомнено, ќе го зголеми нашето население и неговиот животен век. Ние сме голема земја, ни треба да не има повеќе од нас“, рече Кирил.

Не постои поефикасен начин да се влијае врз демографијата отколку радикално да се намали бројот на абортуси. Црквата повикува на тоа, засновано, прво, на фактот дека абортусот е грев, и второ, дека одбивањето на абортуси или нивното значително намалување позитивно ја менува самата природа на нашата држава“, продолжи Патријархот.

И Црквата продолжува да инсистира државата да стори се што е можно за да се реши ова прашање, нагласи Патријархот.

Но, ние не ја кажуваме само својата позиција – ние подаваме подадена рака на секоја жена во неволја“, продолжи рускиот примат, истакнувајќи дека до пред 10 години постоеше само едно засолниште во Црквата за жени во кризи. Денес има 77 такви центри низ цела Русија.

И Црквата ќе стори се што е можно за да и помогне на жената која сака да го спаси своето дете, вклучително и воспитување на детето.

Конгресот за социјални прашања ќе ги разгледа работите врз добротворни цели во Русија и ќе разговара за улогата на Црквата во развојот на социјалната сфера. Исто така Конгресот се осврна и на прашањата за демографија и превенција од абортус и развој на палијативна нега и нега на сериозно болни.

Борбата против абортусот е најважната социјална работа на Црквата, рече Патријархот Кирил и на Конгресот за социјална работа уште во 2017 година.

Руската Црква двапати се обрати и до Државната дума, повикувајќи ги да најдат решение за ужасно високиот број на абортуси кои продолжуваат да ја мачат Русија. Во 2016 година беше иницирано потпишување на јавна петиција со која се повикува на донесување закон против абортус.

Ви се Допадна Написот? Сподели ја Веста! Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Глобалофашистичките ЦИАшки Социјални Мрежи, Запиши се на Мобилен на t.me/kolozeginfo Телеграм Групата, на слободните мрежи ГАБ и ВКонтакте (Еквиваленти на Фејсбук), на Рамбл и Битчут ( еквиваленти на Јутјтуб) наскоро на Парлер (Еквивалент на Твитер) или преку мејл (подолу) и Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар