Инжинерот Марјан Николовски Создаде Софтвер за Претворање во Говор на Пишаниот Македонски Јазик!
Сподели на социјалните платформи:

Софтверскиот инжинер Марјан Николовски направи врвен технолошки пробив од огромна важност и значење за Македонија со прв софтвер од ваков вид со кој пишаниот текст на Македонски јазик автоматски се претвора во говор. Софтверот е готов и може веднаш да се користи на страницата https://maika.mk/ а најавата на МАИКА софтверот на Марјан Николовски на Linkedin ја пренесуваме во целост подолу.

Денес сакам да го објавам нашиот најнов производ „МАИКА“, кој ми е посебно при срце поради вредноста која ја носи за нашата земја.

Софтверот „МАИКА“ е бесплатна алатка којашто претвора текст на македонски јазик во говор. „МАИКА“ е следниот логичен исчекор што ќе придонесе кон збогатување на алатките и инфраструктурата на македонскиот јазик.

Би сакал да му се заблагодарам на тимот, соработниците, пријателите и семејството за несебичната поддршка која помогна да го реализираме проектот.

Ви посакувам убав ден! Срдечен поздрав, Марјан

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

3 thoughts on “Инжинерот Марјан Николовски Создаде Софтвер за Претворање во Говор на Пишаниот Македонски Јазик!

  1. Со типкање на латинична тастатура се појавува текст на ќирилица, а се слуша говор на македонски јазик, со одличен акцент. Генијално и корисно.

  2. Браво!
    Одличен проект!
    се нешто слично во ревијален тон, за да не ви расипувам расположението ви само една кратка забелешка,
    “““““Денес сакам да го објавам нашиот најнов производ „МАИКА“, кој ми е посебно при срце поради вредноста која ја носи за нашата земја.“““““
    Сега откако заврши голема работа за “вашата земја“ може ли да направиш нешто слично и за Македонија?
    Благодарам,!.

  3. Овде се запишани сите желби и соништа на народот во Македонија, но тоа обично трае дури да се добијат гласовите. СТОП НА ЛАГИ И ОПАШКИ ! ОВОЈ ПАТ ЗА ДА ДОБИЕТЕ ГЛАС ОД ВАШИОТ УМЕН НАРОД ТРЕБА ДОБРОВОЛНО ДА СЕ САМООЗВУЧИ СЕКОЈ ВАШ КАНДИДАТ ЗА ГЛАСАЊЕ. Тоа значи на телото да има вграден микрофон и камера 24часа во текот на целиот мандат за да биде транспарентен дека го работи ова кое е зацртано во ПРОГРАМАТА.

Остави коментар