Престанете да ги Уништувате Животите на Нашите Деца! – Судири и Апсења во Лондон на Маршот на Илјадници Против Заклучувањата!
Сподели на социјалните платформи:
Најмалку 33 лица се нападнати и уапсени од полицијата за „кршење на КОВИД регулативата“ откако илјадници луѓе маршираа низ центарот на Лондон во спротивност со наредбите за националното заклучување и други ограничувања на слободите.

Митингот против блокирање започна како мирен марш во саботата попладне, следени од стотици полицајци, и заврши со насилства, откако полицајците почнаа да ги апсат луѓето, додека демонстрантите активно се спротивставуваа, а некои дури и ги гаѓаа со шишиња.

Полицијата активно се „ангажирала“  против оние кои ги „кршат КОВИД регулативите“, вршејќи најмалку 33 апсења до 19 часот вечерта, потврди полицијата на Твитер.

Спорадични расправии, наводно, се влечеле до ноќта, бидејќи помалите групи одбиле да се распрснат и да си одат дома.

Пирс Корбин, 73-годишниот брат на поранешниот лидер на лабуристите Џереми Корбин и гласен критичар за заклучување и вакцини, одржа жесток говор во Хајд Парк пред полицијата да го растури собирот и демонстрантите да продолжат да маршираат низ улиците на Лондон.

Во спротивност на забраната за масовни собири, мандати за маскирање и други ограничувања, демонстрантите – вклучително и семејства со деца – извикуваа пароли како „Слобода!“ и  „Ние не се согласуваме!“,  и носејќи транспаренти на кои пишуваше „Престанете да ги уништувате животите на нашите деца“!

Додека властите допрва треба да дадат проценка на бројот на учесници, извештаите на локалните медиуми и видеата од местото на настанот сугерираат дека илјадници луѓе марширале низ Лондон, па дури и полицијата признала дека излегле „повеќе луѓе отколку што се очекуваше“ .

Белешка за читателите: Ви се Допадна Написот? Сподели ја Веста! Kликнете на копчињата за споделување во текстот. Препратете го овој напис со е-пошта, постирајте го на вашата веб-страница, на блогот, интернет-форуми, итн. Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Глобалофашистичките ЦИАшки Социјални Мрежи. Запиши се преку Мобилен на коложег.инфо Телеграм Групата, на слободните социјални мрежи ГАБ и ВКонтакте (Еквиваленти на Фејсбук), наскоро на Парлер (Еквивалент на Твитер) или преку мејл (подолу) и Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар