Историјата Курбан Бидејќи ЕУ Сака да го Ревидира Исходот од Втората Светска Војна – Ливрински Блог!
Сподели на социјалните платформи:

Изминатата недела фактички излезе на виделина целата лажна квинслишка власт со се црпнатиот заев. Минатата недела добивме признание за лажливоста на нивната теза дека ние со промената на името го менуваме само името, а не идентитетот и историјата. Грција ни го зеде името, Бугарија ни ја зема историјата. Бугарија која за цело време сакала да си го промени своето неславно минато од Втора светска војна како земја која била на фашистичка страна, сега токму и се пружа шансата преку нас да го постигне тоа. Па од фашистичка земја за време на Втората светска војна да прејде во администратор овде во нашите краеви. Дури и муртинската црпка заев во последните изјави призна дека сите споменици од Втората светска војна каде што пишува Бугарско-фашистичко окупаторска власт ќе се пребришуваат, а тоа значи дека историјата и книгите по историја ќе се менуваат. На еднаш некои смисли „заедничка историја“ и ако Македонија и Бугарија секогаш имале одделна историја, дури и јазиците ни се различни, се разбира освен за Бугарите.

         Е така тие тоа кога си потпишал договор, пакт со ѓаволот, сега ќе си ги сносиш последиците од тој пакт. Меjнстрим медиумите и медиокретите кои настапува на нив, а блиски до власта на СДС не убедува дека со промена на името, идентитетот и историјата ни остануваат и дека ние и понатаму ќе си останеме Македонци и дека нема ништо лошо во договорот за добро соседство со Бугарија. А сега дојдовме до таму да ги жнееме последиците  од тој договор.Па така како последица на тој договор  курбан ни отиде целата историја до 1945 година, па така Кирил и Методија, Климент и Наум, Гоце Делчев се само последица на тој бесрамен договор за добро соседство.
         Во историјата и во животот на човекот не е ништо случајно! Па така и одлуката на министерствтото за образование да го укине предметот историја и да го припои со предметот општество. Ништо случајно! Кога веќе си народ без историја и минато, што па ќе ти биде потребно да се учи историја! Не знам дали некој како Мила Царовска воопште разбираат што е историја, што таа означува и зошто во животот на човекот е битно да се знае историја?

         Историјата значи приказ, приказна за нешто што се случило во минатото. А минатото е многу значајно да ја разбереме сегашноста во која живееме и со познавање на минатото и сегашноста ни овозможува да ја испланираме иднината. за тоа и народото одамна рекол „Без минато нема иднина.“ Исто е, и со човекот! Секој од нас има свое минато, сегашност и иднина. Настаните и случувањата кои се случиле во минатото ќе ни овозможат да ги разбереме сегашните случувања, ќе ни овозможат како да пребегнеем некои настани и случувања кои допрва ни престојат или како да ги решиме сличните настани и проблеми кои се случуваат во денешно време, а биле присутни и во минатото. затоа и за историјата се вели дека е „Учителка на животот.“ А ние денес од сето тоа се откажавме, па дури и забрануваме да се знае за минатото, за да ги држиме идните генерации во незнаење, бидејќи нели со оној кој не знае лесно се манипулира.

   Слушам и гледам дека нашиве стратешки партнери во Брисел биле изненадени и тоа многу изненадени од барањата на Софија, за да се откажеме од нашето тврдење дека Бугарија била фашистичка земја, односно да се откажеме од историјата. Па така, Гутнер Фелингер некој си безначаен австриски експерт бара од нас да се откажеме дури и од празниците кои како трн и боделе во окото на Бугарија. А да го прашам Гутнер дали тој и неговата земја Австрија се спремни да се прекрстат во Германци, бидејќи зборуваат чисто германски јазик, дали Австријците се спремни нивната славна австриска историја, Австриското кралство (Хасбуршката монархија) да ја прекрстат во Германска монархија и Германско кралство? Нивните славни австриски личности во науката и уметноста да ги прекрстата во Германци, почнувајќи од австриската кралска лоза, се затоа што тоа ја еридира Германија и влева трн во окото. Дали Австријците се спремни на таков чекор? Само за да бидат дел на ЕУ и НАТО.

Работата е во друго. Проблемот е во тоа што се сака преку Бугарија на Македонија да и се одземе победата од Втората светска војна. Сите знаеме дека Македонија за време на Втората светска војна беше на победничката страна, на антифашистичката страна која ја сврза на победничка страна, поради таа победа Македонија доби право да формира република во рамките на Југославија и Македонскиот народ да биде меѓународно признат како посебен народ. Сега се работи токму на тоа како да се исправи таа грешка и да и се одземе победата на Македонија, затоа и Бугарија е вклучена во целиот процес на уништување на Македонија.

Впрочем Македонија заедно со Русија и Велика Британија беа единствените држави кои за време на Втората светска војна немаа квислиншки влади, марионети и колобрационисти. Тој факт ја прави победата да биде сосема чиста. Денес ваквата ЕУ сака да и ја одземе токму таквата победа. Односно да си ја исправи “грешката” направена одма после Втората Светска војна што признала дека постои Македонски народ и Македонска историја.

Мишо Ливрински Блог

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар