Америка ја Губи Империјата и ја Предава на Кина, на Западот Доаѓаат Сиромаштија и Немири – Макс Каизер!
Сподели на социјалните платформи:

 


Покрај безобразната и бесрамна продажба на својот народ од страна на до гуша корумпираното Бајден семејство за рака колнати долари (по ист терк како и Македонските квислинзи), Америка ја губи својата империја и ја предава на Кина и преку активностите на ФЕД, Централната Банка на САД – велат домаќините на Кaизер Извештајот (Keiser Report) Макс Каизер и Стејси Херберт. Тие ги гледаат Федералните Резерви на САД и нивниот долар како „пелена со токсичен отпад на измама на луѓето во корист на банкарите“ и дека таа пелена треба итно да се смени. Според Каизер  „глобалната финабнсиска пирамида на безвредни пари сега пропаѓа и ние се враќаме во сиромаштија и не чекаат големи социјални немири“.

Макс Каизер вели дека „ова е предавање на диригентската палка од Америка на Кина, која ќе стане доминантна во 21 век“.

Според него, сите безвредни хартиени валути, вклучувајќи го и американскиот долар, ќе пропаднат, но од сите валути кои ќе се срушат, кинескиот јуан најмалку ќе падне и ќе преживее. „Купувачката моќ на кинеската средна класа ќе се зголеми за да биде во чекор со цената на стоките, платите исто така ќе растат како што ќе се случува оваа транзиција кон Кина.

Америка ја предава својата империја и ја предава на Кина - Макс КизерВо меѓувреме, во САД, куповната моќ на народот „драматично ќе падне, цените нагло ќе растат, социјалните немири ќе експлодираат“, вели Макс Каизер. Тој посочува дека сето тоа би можело да се спречи „доколку Централната банка на САД не ги богатеше само шпекулантите како Ворен Бафет и луѓето на Вол Стрит барем во само еден случај во последните 25 години. Во тој случај Америка немаше да ја изгуби својата империја и да и ја предаде на Кина“.

Глобалната шема на Понзи, финансиската пирамида со безвредни валути, се распаѓа и одиме назад кон сиромаштијата вели Макс Каизер.

Глобалната шема на Понзи за фиат-пари се распаѓа и одиме назад кон сиромаштијата - Макс Кизер

Вообичаеното фалење на организации како ООН, СЕФ и ММФ дека милиони луѓе ширум светот се извлечени од сиромаштија „е неодржливо затоа што сето тоа се заснова на лажни пари“, вели Макс Каизер.

Макс вели дека „ни требаат вистински и вредни пари како злато – но секако тоа не работи за толку многу колку што работи биткоинот – и што ќе се случи е дека ќе има стотици милиони и милијарди луѓе во светот што ќе им кажат на нивните централни банка и нивната национална држава и нивната влада: „Знаете што, повеќе не нè интересираат безвредните хартиички кои ги нарекувате пари, ние само сакаме да имаме свои пари, свој душевен мир и вие да си отидете“.

Двете видеа на Макс Каизер во продолжение.

 

 

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар