Енергетските и Универзални Корени на Нашиот Македонски Мајчин Јазик и Азбука – Зоран Курљан!
Сподели на социјалните платформи:
     Природата на нашиот свет е – информатичка. Поинаку речено: субjективното опкружување е резултат на личното сознание (светоглед). Во тоj контекст: случувањата, се исто така, рефлексиjа на личното сознание. Човекот не случаjно, нурнува, во определени околности кои се последица на анализата изведена (повторно) од  сопственото сознание. Следствено, во сознанието се наоѓаат и причините за многу неприjатни околности.
Исто така, причините за проблемите од емотивна природа, психичкото и физичкото здравjе, успешноста во градењето на личната приказна  … (не) избалансираноста на трите човекови составни компоненти (когнитивна, емотивна, духовна) се деформации во структурата при сознанието за светот.

Програмата, коjа ги условува нашите избори (решениjа) е запишана во ,,Jазична Матрица,,.

Jазичната Матрица е универзален модел во опишување на светот, коj што во себе вклучува обjективни услови за возникнување и развиток на секоjа возможна ситуациjа.

Структурата на матрицата, е наjслична со Древнославjанските Буквици, т.е. се состои од 7 редови по 7 условно речено – букви (знаци). Станува збор за сликовит пример на 49 базични архетипови, или форми на Енергиjата на Творецот.

Целосната хармонична матрица, воедно е инструмент за перцепциjа на многудимензионалниот и многуслоен  свет, технологиjа на самооздравување, а исто така – целосна интерактивност со реалноста.

Буквиците, освен тоа што  преставуваат  збир од  фонеми,+ 49 древни симболи со определено значење, чие изучување помага при разбирањето на вистинскиот смисол на зборовите, тие истовремено претставуваат и лингвистичко – холографски модел на Вселената. Тие се: исконската слика на првичниот код при создавањето на Вселената. Старославjанските Буквици во себе содржат и нумерички вредности, па затоа биле користени во сите сфери на животната динамика.
Со многуброjните реформи на старата славjанска азбука, првоначелно, на териториjата коjа била населена од славjанските народи, потоа со нивното расеjување, кон запад, jуго-запад по европскиот континент (пред последното глациjално доба – 13.000-20.000 години) и во државите кои ги создале, а во кои останала славjанската азбука како база за jазикот – зборуван во нив,  буквиците  била модификувани во  – jазични форми  живи и денес.

Денешниот распоред на буквите во азбуката го повторуваат редоследно писмото создадено во времето на титаните од Ермис (Герман или Хермес). Свештените знаци Лин Ликнидски ги нарекол – герми.  А.Б,В… Алфа, Бета,…

  Лин, на ова писмо го запишал Благословеното послание – Девангелието. Грубите варвари – Хелените велат евангелие. Тие jа отфрлаат првата буква ДЕЛТА зошто велат тие , Делта бил знакот на Зеус, а Зеус не им дал на луѓето никакви букви. Кутрите тие, не знаат дека ,делта, означува изделкано парче дрво , т.е. штичка , глатка деланка врз коjа се нанесувале знаци. Во тие древни времиња Хелените сеуште биле неписмен народ. Подоцна добиле писменост од Феник или Финесиус, брат на божествениот Кадмо.

,,Jас имам многу докази дека е така,, вели Херодот обjаснуваjќи дека Мисирците (Египтjаните) не го презеле името Херакле од Хелените, туку поскоро Хелените од Мисирците,,.

,,Имињата на речиси сите богови во Хелада дошле од Мисир (Египет)…. А имињата на оние богови за кои  Египтjаните велат дека не ги знаат, jас мислам дека Хелените ги имаат примено од Пелазгите (Белазгите), освен Посеjдона. За тоj бог чуле од Либиjците,, (Хер. II , 50).

Според Херодот излегува дека сите богови Хелените ги зеле од своите соседи, заедно со писменоста, и се што е хеленско всушност е туѓо.

    Приказната за судирот на кадмеецот Лин Ликнидски и Херакле Хеленски е приказна за смртоносниот судир на возвишеното знаење од една страна и дивата jарост- од друга.

Возвишеното знаење е отстапено  од боговите на луѓето и е ширено од  учителот Лин, човек со светол дух, со дух смирен како Белото Езеро за време на безветрие. Херакле, пратеникот на  примитивните и невоздржани Хелени, пролеал невина, света езерjанска крв, го нарушил спокоjството на светиот езерски брег и ги предизвикал небесните сили. Предизвикал ветришта, бури, бранови, грмотевици и молњи, но никогаш не успеа да ги изговори молитвените зборови полни со сила, зборовите на Лин и на другите Езерjани .
А речено е :
,,Навистина, особеноста на самиот звук
и особениот напев на нашите Мизиски думи
Jа содржат во себе силата на изречените нешта …
И бидеjќи на Хелените словата им се празни
А зборовите – шупливи
Тие се погодни за празно ломотење
И матни обjаснувања-
Тоа е тоа: целата елинска реч е таква :
Само шум од зборови , кои на значат ништо…
А Ние, Мизите, Ние не употребуваме празни зборови
Ние произведуваме звуци исполнети со сила
А кога зборовите ќе стивнат
За нив одлучно ќе говорат Нашите деjства…,,

Ние живееме во матрицата на еволуираниот вид jазична форма, составен од сликовити симболи, каде ,,хоризонталното, вертикалното и диjагоналното читање на редовите во буквиците, носат одделен смисол како содржина. Се читаат само согласките – зошто во нив е есенциjата од значењето на зборот (словото), додека на самогласките – им е доделена функциjата: формирање на зборот во ,,чекмеџе,, направено исклучително по негова мерка. Па, дали е: карова, крава, корова…не е важно. Важно е ,,Милка,, да дава млеко, од кое може да се направи; маслац, изварка, сирење… или да се испие пресно…

Значењето на словото – ЉУБОВ : Љ – ЛЬуди; Б- Бога; В- Ведают (го знаат).
Дали постои поубава, но и поедноставена – до гениjалност, дефинициjа за љубовта? Ете го патот до Бога …  преку љубовта. Лажеле кога тврделе: ,,Преку трње – до ѕвездите,, .

Jазикот, сознанието и реалноста се делови (фрагменти) на едно цело. Невозможно е нивно сегментирање . Каква е jазичната матрица, такво е сознанието за реалноста. Затоа е важно, во каква состоjба се наоѓа, матрицата. За жал, со одземање на симболи од страна на ,,реформаторите,, низ епохите, енергетските потоци се запрени на онолку места – колку што симболи (букви) недостасуваат (до 49) во азбуката од коjа е создаден маjчиниот jазик.

Исто толку енергетски потоци се исклучени од процесот на градење на реалноста. При ,,реформата,, што Константин Филозоф jа направил сочинуваjќи jа Глаголицата, исфрлил 3 буква – знаци – руни, кои се произнесувале грловно и назално. А тие звуци, велат, jа стимулираат работата на хипофизата А, и сочуваните, енергетски канали, не секогаш се активни.

Но, ќе беше премногу лежерно расположено нациjата, дури и арогантна кон останатите, кои не живат во склад со природата и коните (правила на поведение). Па затоа, фалсификаторите на историjата, заедно со домашната , традиционално поткуплива експертска – баруштина, сесрдно помагаат во уништување на македонската jазична матрица со неjзино неползување, редуцирање на државно ниво и со скапо печатење на книги и содржини на македонски jазик.

Нарушување на матрицата, настанува и кога поими и термини се заменати или, избулгаризирани, кога jа определуваат поjавата, предметот или деjствиjата  против носечката содржина како што е случаj со: љубам – сакам, патриотизам – родољубие, демократиjа – терор на мнозинството, виножито- ѕуница, за-кони, вреден- штетен … итн.

Секоj азбучен архетип задира во определен сегмент од нашиот живот, затоа, исправноста на jазичната матрица, секоjа неjзина буква и секоj еден збор, имаат директно влиjание врз квалитетот на поjавувањето и формирањето на личниот светоглед . Затоа, дури и размислувањето на друг (странски) jазик, jа нарушува вродената jазична матрица, добиена од нашето минато – за да jа предадеме на иднината.

Обидите на властите кои раководат со државата источно од Република Македониjа, за поистоветување на македонскиот jазик со булгарскиот, е наметнување на булгарска матрица во македонското самосознание и  рекодификациjа на македонскиот jазик по булгарски терк. При доселувањето на Булгарите на Македонскиот Полуостров jа променале нивната jазична матрица, смеса на: чувашкиот, татарскиот и башкирскиот, на славjанската матрица што била користена на териториите освоени од номадите. И таков, архаичен каков што го сретнале таков и го конзервирале до нашите дни.

Милениуми подоцна  политичарите и жртвите на класичното образование – самонаречените интелектуалци, асимилираните пражители на островот Булгар од реката Долга (Волга), тврдат дека модерната форма на македонскиот jазик бил булгарски западен диjалект. Jа игнорираат хронологиjата на настаните и последицата jа наметнуваат за причина, а ќерката – маjка (и случаjот со МПЦ- ОА).

  ,,Драги соседи и претенденти за браќа со Нас, Македонците:
За да се испили Жар Птица, неjзината Маjка во птицородните органи излачува ензим-амалгам, без чие присуство невозможна е калцификациjа и отврднување на скрлупката што го храни и брани плодот. Македонскиот Полуостров беше амалгамот за вашата лушпа коjа што спречи плодот на булгарската нациjа да не доживее судбина на jаjце на око…или каjгана паѓаjќи од лоното на Жар Птицата.

Македонjаните/Македонци беа штедриот домакин коj што го збогати булгарскиот гено-фонд, па од Иљгиз и Гуљнара се родиjа Пламен и Стамена.

Слична е историjата и со Угро-Финските народи во потрага по ветената земjа западно од Големата Руска Рамнина. Веќе од деветиот-десетиот се населувале на териториjата од Македонското Царство, но благородни и благодарни деjствиjа покажува нивната доблест.

Зоран Курљан

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар