МиниСтарот Смрт и Непослушните Преживувачи Понудени од Него Како Жртва на Олтарот на “Короната”- Зоран Курљан!
Сподели на социјалните платформи:
Моцартовиот Реквием, се погласно се слушаше од неговата десна страна, веднаш на ноќната оревова наткасна (едната од двете), со орнаментика издлабена лично од маjcтор Jанко. Реквиемот, заради драматичноста на моментот, го беше избрал како ринг-тон за доаѓачките  повици од миниСтар-ството.
  ,,Прости ми миниСтар-е за доцниов повик, но морално беше,, – зацвркута неговата Cопартиjка од другата страна на безжичната линиjа.
  ,,Што се случило,,? – cо глас спокоен како мрзливец на пладневно Сонце запраша миниСтар-от, додека внатрешниот трепет излегуваше на неговото чело, во вид на ситни кластери од вода наречени – потни капки.
  ,,Се случи … повторно. Воскресна уште еден со тешка клиничка слика… навистина не знам како е тоа возможно?- полухистерично се оправдуваше Сопартиjката, како таа да беше виновна за воскреснувањата кои се случуваа во една – иста болница во последниве неколку недели .
Во миниСтар-ството ги нарекуваа ,Воскреснатите, пациентите нападнати од вирусот во неговата наjжестока фуриозност. Во наjголем броj ,жени и мажи во возраст за почитување, особено кога се знае дека збирот од хронични заболувања предизвикани од фармациjата, помогната со несебичната помош од докторите во апотекарска служба, може да се спореди само со здравствената карта на Jеремиjа од групата ТНТ.
  ,,Веднаш доаѓам!,,- со несматена сигурност пресече миниСтар-от. Додека на кожената табуретка  ги затегнуваше свилените чорапи со рачно изработените подвезици, сонот што му се повторуваше со наметнувачка динамика, повторно се поjави при неговата будна свест.
,,Ижеи, Ук”, Добро, Аз” …  подмустаќ ги повторуваше зборовите, слушнати неколку пати во повторувачкиот сон, со кои му се внесуваше в лице старецот со закрвавени костенливи очи, додека широката антериjа се вееше на ослабеното – аскетско тело. Единствена среќна околност во сонот беше присуството на зборот, Добро, – се убедуваше миниСтар-от кликаjќи на далечинскиот управувач, коj на волшебен начин ги отвораше вратите од гланц-новиот СУВ од брендот Мерцедес.
,,Се надевам сопругата нема да се разбуди прерано за да може да забележи дека неjзината нова играчка е во плен каj подарувачот,, – беше последната самоирониjа пред да се упати кон болницата ,Независност,.
     ,,За овие воскреснувања, виновни се Марфи и неговите закони. Се беше подготвено за нивното опокоjување, а тие непослушни кон владата на НАШАТА земjа, миниСтар-ството на ОВАА земjа, дури и непослушни кон СЗО…недозволив раскош е, воскреснување, пред самиот почеток на новиот есенско-зимски ,,бран,, со разушителност на цунами.
Непослушноста не смее да биде пречка за пландемиjата. Години планирање, подготвување, подмитување,… и сега ВОСКРЕСНУВАЊЕ!? Ова е диверзија, мора да му се стави краj на чудесните враќања од листата на веќе осудените на смрт,, – jа заврши мисловната мини целина миниСтар-от.
  НЕобична раздвиженост го мобилизира персоналот на оделот, Круна, во болницата ,Независност,. Ехото , предизвикано од неговите чекори, обуени во Лоjдовските обувки, со кое го наjавуваше своето присуство, создаде атмосфера на олеснување. ,,Сега миниСтар-от е тука ,со нас, тоj ќе ги отправи ,воскресените,  таму, од каде што се вратиjа,,- ликуваа ликуваше, Сопартиjката, намордена со маска од наjновата колекциjа на Долче- Габана, со апликациjа: Раѓањето на Венера.
,,Се беше според протоколите г-дин миниСтар. Пациентот Трпе Трпев ( Трпе уште од малечок се гордееше на презимето што со гордост го носи неговиот род веќе 33 поколениjа), 37-ма година на раѓање, четири шунтирања, атрофирана машкост, нефункционално десно белодробно крило на 72%, напукната лева бедрена коска, катаракта на десното око, и уште неколку поминорни хронични заболувања, е пациентот коj при ноќната посета е затекнат опулен и зачуден.
 Според природата на нештата, Трпе требаше да биде рутински случаj за,Круната, 2.000 илjади евра, заедно со  трошковите за последниот поздрав со него се исплатени. Наjдоцна до задутре, околу изгрејcонце Трпе требаше да биде со неговите предци. Чистиот кислород под притисок, вбризгуван во неговото измачено, единствено функционално, белодробно крило, не беше толку снисходителен кон предходните пациенти кои завршиjа со изгорени дишни органи. Но, тоj ,,несакан,, ефект од компримираниот чист кислород врз белодробните крила , истовремено послужи и како  доказ за разорното влиjание на ,Круната,. Удобно, нели ? … – когнитивните еквилибристики на миниСтар-от беа прекинати од насобраните журналистки, нивните машки колеги- платеници од специjалниот одред: Искривувачи на Вистината.
  Сценскиот настап, миниСтар-от го беше совладал низ изминатите години, особено жанрот – оправдување. Крунска гримаса – веруваjте на моите чесни очи. А денес, денес ќе може да се пофали со успешниот пристап кон предизвикувачот на пландемиjата, миниСтар-от со својот тим-специјалисти му даваат отпор на вирусот кога тоj собира сила за нов удар, за нов бран. Одлични мисли – си се пофали авторот на триумфалниот говор.
 Државниот инфектолог-вирусолог,  иако навидум во послаба физичка форма од миниСтар-от, прв се дочепа до микрофонот и со надменост на полово зрел мисир, раскажуваше за подмолноста на вирусот, последиците од неговото присуство во НАШЕТО новокомпонирано општество, и веќе ги освои симпатиите од светот на журнализмот коj што блееше кон докторот,  и наоружани со новите успеси на НАШЕТО миниСтарство, гордост на ОВАА земjа, ќе се вратат во нивните матични куќи за преку етерот да продолжат со зомбификациjа на НАШИТЕ граѓани.
 МиниСтар-от, наjдобар дел од пландемиjата го сметаше делот во коj луѓето од ОВАА земjа коленичат пред банкарските нозе молеjќи за малку пари, скапи кредити за ,воскреснување, на семеjното претприjатие. Во тие дела не помага убавата Елвира, овде владеат правилата на банкстерите. И…, да не заборави државата за тоа: колку само му го олесни бремето на обанкротениот пензиски фонд.
Сега мисловно ги префрлаше зборовите, менуваjќи ги нивните места во фразите од говорот со дискретна доза на триумфализам, кога очите му се втренчиjа во кадарот што се одвиваше на спротивната страна од болничкиот ходник:
   Новата хигиеничарката Елвира, внука на тетка Мазире, една од легендите на столичната болничка хигиена, го остави елегантниот апарат за внатрешно чистење, Керхер, во центарот на собата. Во прав ред, како за смотра, лежеа щест замижани глави со дебели црева во устите, градите им се подигаа и спуштаа како да се потчинуваа на музика коjа ја слушаат само тие. Голите тела, покриени со бели чаршави , само jа надополнуваа торжествената сцена на борбата со злиот вирус. Одвреме – навреме, машините од кои што излегуваа дебелите и долги црева, произведуваа звуци што звучеа како: Плоп,…плоп,…
Елвира, со погледот трагаше по приклучок за, Керхерот, и посакуваше што поскоро да го напушти оваа малку приjатно место. Потрагата не одзеде многу време. Го извлече проводот од наjблискиот приклучок за струjа и  третата машина во редот престана да плопоти. Работата на моќниот керхеров агрегат ги надгласи и останатите подржувачи на белодробната активност каj измачените голи луѓе, до вратовите покриени со бели чаршави. Во првите неколку секудни од правосмукателниот процес Елвира jа подигна главата и со едваj воочлива насмевка во очите – му климна во знак на почит. Сите го љубат миниСтар-от – беше поздрав меѓу свесните и заблудените следбеници на сектата Круна. Тоj не им веруваше на сопствените очи. И вариjантата ,Скриена Камера, му се причини веродостоjна за ваквото збиднување, се понадева дури дека ова е груба шега од миниСтар-ството за опозициjа, или теоретичарите на завера.
     Следната вечер се случи уште едно, сега веќе логично, воскресување. Среќникот се викаше Виктор Ксметов, 31 година од рода, здрав како дрен, инфициран со ,Круна, на бучна и весела пиjанка. Од цел т.н. кластер само тоj бил приклучен на машина за дишење. Сигурно показен случаj за младите. И тие да го прифатат доброволно Новиот Храбар Свет на тотално ропство и дехуманизам.
 Од изгоретини во белите дробови, предизвикани со вбризгување на компримиран чист кислород во подолг период, го спаси Елвира. Кога Виктор и Елвира, заминаа на свадбено патување – Малдивските острови, миниСтар-от веќе беше недостапен за органите на прогонот.
  Скриен во дом-земунка во близината на Кадмиум, на брегот од истоименото езеро, миниСтар-от за само неколку месеци беше остарен како стара патика, совеста му лаеше ката-вечер како гладен пес, со изгубен мир во главата, деновите му беа ноќи а ноќите кошмари. Стариот сон, старецот со пламени очи, го замени сонот во коj што доминираше дабово дрво, израснато на зелена полjана, со разветвена крошна – целата во цвет.
На долната ветка, со дебелина од човечка рака, се вееше нечие тело, окружено со сребрени монети од ниска проба.
Зоран Курљан

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар