Изложувањето на Воени Злосторства не Смее да Биде Казниво … Нивното Вршење Мора – Слобода за Асанж!
Сподели на социјалните платформи:

Џулиан Асанж буквално се бори за својот живот, бидејќи од 7-ми септември во Велика Британија се води судски процес за екстрадиција во САД каде му се заканува затвор од 175 години. Иако може очекувате медиумите силно да се заинтересираат и да му помогнат на еден колега новинар прогонуван од властите заради вршење на својата работа, се случува спротивното, медимски молк и заташкување на откриените воени злосторства на САД и НАТО. Како што напиша новинарот Глен Гринвалд, американските мејнстрим медиуми целосно го игнорираат судењето за екстрадиција на Асанж бидејќи глобалофашистите кои ги контролираат и нив а и републиканската и демократската партија се играчки во рацете на воено-хушкачките кои не гледаат причина да ја прекинат својата крволочна убиствена злосторничка Вечна Војна! Слобода за Асанж! Потпиши петиција овде.

Судскиот процес за екстрадиција на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, продолжува во стилот на Кафка, и со секој фрустрирачки поминат ден станува појасно од претходниот ден дека она што го гледаме не е ништо друго освен театарска изведба на владите на САД и Велика Британија, за да се оправда зошто е во ред моќните влади да затвораат новинари кои изложуваат за нив незгодни вистини, пишува авторот Кејтлин Џонстон преку Medium.com.

Тимот за одбрана на Асанж има восхитувачки перформанси, изнесувајќи ги аргументите што треба да образложат зошто треба да биде спречена екстрадиција која ќе создаде преседан што ќе ги загрози слободите на печатот и кој создава застрашувачки ефект врз целото истражувачко новинарство за национална безбедност ширум светот.

Но, овие нивни аргументи се чини дека паѓаат на глуви уши на судијката Ванеса Барајтсер, која од почетокот се однесуваше како некој што веќе се одлучил и на судењето чита од претходно напишаните пресуди, без оглед на точките што и беа презентирани (невообичаеното однесување стана сè посомнително отако се откри дека нејзината надзорничка, главната судија Ема Арбутнот, има огромен судир на интереси за овој случај).

Среде сите педантни расправии кога според американскиот закон е или не е легално новинарот да открива докази за воени злосторства во САД, никогаш не смееме да го заборавиме фактот дека:

(А) секогаш треба да биде легално да се откриваат воени злосторства,

(Б) секогаш треба да биде нелегално за владите да кријат докази за нивните воени злосторства,

(В) воените злосторства секогаш треба да бидат казнети,

(Г) луѓето што започнуваат криминални војни секогаш треба да бидат казнети,

(Д) на владите не треба да им се дозволува ниво на тајност што им овозможува да започнат криминални војни, и

()) Моќта и тајноста секогаш треба да имаат обратна врска едни со други.

За случајот Асанж треба да се бориме до смрт, но мора да имаме предвид дека станува збор за свет кој е многу, многу чекори поназад од она каде што треба да бидеме како цивилизација.

Во идеална ситуација, јавноста треба да ги плаши владите толку многу за да не чуваат тајни од нив; наместо тоа, ние ја молиме најмоќната влада во светот да не затвора новинар затоа што тој не ги прекрши правилата што таа влада ги постави за себе.

Дали гледате на колку оддалечена точка сме од местото каде што треба да бидеме?

https://twitter.com/candle_finder/status/1305514827960463360

Остави коментар