Повампирување на Едноумието и Тоталитаризмот со Враќање на Вербалниот Деликт – Македонски Манифест!
Сподели на социјалните платформи:

Јавно обраќање на Македонски манифест: СЕ ВРАЌА ЛИ ЕДНОУМИЕТО ОД ВРЕМЕТО НА СТАЛИН И БЕРИЈА?

Македонски манифест е згрозен од бруталното газење по домашното и меѓународното право кое постојано ни се случува, а непосреден повод за обраќањето се синхронизираните и координираните атаци врз Митрополитот Повардарски Агатангел. Тој е единствениот во Синодот на МПЦ и еден од ретките во државата кој застана во одбрана на македонизмот, верата и човековото достоинство. Владиката е еден од ретките кој имаше доблест да повика на мирни и достоинствени протести против овој ненароден режим, кој за рекордно кусо време распродаде сѐ што е македонско и е на пат да ја федерализира државата, со што ќе биде подготвена за парчење.

Да потсетиме, ние веќе имаме двојазичност. Со обелоденетиот договор помеѓу СДС и ДУИ, на повидок е консензуално одлучување на сите нивоа и две влади со два премиера. Сведоци сме дека Артан Груби се однесува како премиер, кој го води албанскиот дел од владата. Веќе го видовме како го прима албанскиот амбасадор во Република Македонија во просторија во која се вее само албанско знаме. Го видовме како го прима претставникот на ЕУ во РМ при што му предава албански национален симбол-бело кече. Видовме дека одржа „седница“ – состанок само со Албанците министри, што симболично ја отсликува втората влада. Албанците министри веќе јасно кажаа дека тие одговараат за работата само пред својот лидер. Сето ова е најава за трета Албанска држава.

Ова е страшно нешто што ни се случува. Власта е свесна дека овие антимакедонски потези го иритираат народот, па има потреба да го заплаши. Затоа се овие атаци врз владиката Агатангел, кој е веќе етаблиран народен трибун. Атакот го вршат преку свои гласноговорници-државни институции, медиуми и преку социјалните мрежи. Сѐ започна со ОЈО Велес кое отвори постапка заради повик до верниците за Задушница да дојдат во храмовите, но изостана отварање постапка против поглаварот на ИВЗ за Бајрам. Следеа атаци од новинари и колумнисти, за да кулминира со проф. Тито Беличанец, очигледно од кумровечката школа, отсек сталинизам.

Без срам и перде овој човек преку социјалните мрежи го повика обвинителството да отвори постапка против Владиката, заради прекршување на уставната одредба според која религиските заедници се одвоени од државата. Сето тоа само затоа што Владиката го повика народот на масовни протести.
Македонски манифест е во дилема. Дали проф. Беличанец е правно неук или е само гласноговорник на власта.

Се чини точно е и едното и другото. Тој (и не смо тој), свесни се дека во дејствијата на владиката АГАТАНГЕЛ нема елементи на кривично дело, а сепак атакуваат на него. Очигледно целта е сосем друга, да се заплашат и пасивизираат граѓаните да не излегуваат на масовни протести. Свесни се и дека договорите со Бугарија и Грција се потпишани од неовластено лице, ратификацијата исто, спротивно на домашното и меѓународното право. Свесни се дека уставните измени се извршени спротивно на референдумската волја на граѓаните и со трансвер на пратеници.

Затоа им треба постапка против владиката Агатанел, да се заплаши народот, исто онака како што тоа го сторија со драконските казни за патриотите кои на 27 април влегоа да си го бранат Собранието.
Затоа нема да се ставиме во улога на адвокати на Владиката, туку во улога на заштита на основните човекови права во Република Македонија. Тито Беличанец као професор по право не може да не знае дека и свештениците се полноправни граѓани со сите права како и другите.

Не може да не знае дека правото на мирни и достоинствени протести е едно од основните човекови права кои се загарантирани со Уставот. Затоа повикот на мирен протест не може да биде кривично дело. Македонски манифест јавно го прашува Беличанец. ДАЛИ ОВА Е ВАША ЛИЧНА ЗАЛОЖБА ИЛИ ПОДГОТОВКА НА ТЕРЕН НА ВЛАСТА ЗА ВРАЌАЊЕ НА ЕДНОУМИЕТО ОД ВРЕМЕТО НА СТАЛИН И БЕРИЈА И ВРАЌАЊЕ НА ВЕРБАЛНИОТ ДЕЛИКТ КАКО КРИВИЧНО ДЕЛО? ЗАРЕМ ВО 21-от ВЕК МИСЛИТЕ ДА ГИ СУДИТЕ ЛУЃЕТО САМО ЗА ИСКАЖАНО МИСЛЕЊЕ?

Ако г-ин Беличанец е поборник на правото и правдата еве му предизвик. Нека срочи правно издржана кривична пријава за злосторничко здружување против оние кои се здружија неовластено да потпишуваат договори и ратификации, го сменија името и идентитет, се откажаа од суверенитетот, историското и културно наследство и ја федерализираат државата.

На крај сакаме да им порачаме на правосудните органи да не подлегнуваат на притисоците од политиката и нивните гласноговорници, за да не се доведат во улога на соучесници во овој цивилизациски злостор.

МАКЕДОНСКИ МАНИФЕСТ

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар