Трамп ја Забрани Имиграцијата во САД со Цел “Заштита на Работните Места на ВЕЛИКИОТ Американски Народ”!
Сподели на социјалните платформи:

Претседателот Трамп најави на Твитер во понеделникот вечер дека ќе потпише извршна наредба за привремено прекинување на имиграцијата во Соединетите држави заради КОВИД-19 и поради потребата да се заштитат работни места за Американците. Убаво е барем и кај други да чуеш за заштита на својот Велик Народ, нешто што и како изјава и како пракса е незамисливо и кај нелегитимната Хунта назначена од Дип Стејт, и кај скопената квази-опозиција седната во истиот тој анти-суверенистички анти-Трамповски Дип Стејт скут.

Во понеделникот вечер, Трамп рече дека ќе ја паузира целата имиграција во САД – мораториум што не е виден во САД повеќе од четири децении – додека најмалку 22 милиони Американци се невработени поради задолжителното затворање на деловните активности од страна на државните влади.

Со оглед на нападот од Невидливиот непријател, како и потребата да се заштитат работните места на нашите ВЕЛИКИ американски граѓани, јас ќе потпишувам Извршна наредба за привремено прекинување на имиграцијата во САД“, напиша Трамп на Твитер.

Според извештаите на CBS News, како што велат изворите, администрацијата на Трамп веќе со недели работи на извршната наредба:

Претстојната извршна наредба на Трамп за пауза на имиграцијата во САД е широко поддржана од американски гласачи. Анкетата на Ипсос објавена овој месец откри дека скоро осум од десет Американци, или околу 79%, сакаат целосно да престане со имиграцијата во САД.

Исто така, најновата анкета на истражувачкиот центар „Пју“ открива дека повеќе од 80 проценти од американските возрасни ја нарекуваат масовна миграција во САД „закана“.

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар