Нема Купувачи па Земјоделците во САД го Фрлаат Родот, а во Градовите Редици Чекаат за Дониран Пакет Храна!
Сподели на социјалните платформи:

Фабрикуваната криза со коронавирусот го уништува синџирот на снабдување со храна во САД, како дел од пошироката агенда на глобалофашистите кои како Нерон си ја палат државата и ја уриваат Американската економија само со цел за да ги урнат шансите на Трамп за реизбор на претседателските избори есенва, со сулуда радост би го оставиле и народот да умре од глад! Исто како и нашата нелегитимна власт која папагалски ги повторува нивните чекори во уништувањето на Македонската економија и Македонецот, под закрила на “спас од вирусот”.

Асошиејтид Прес пишува за овој феномен што го илустрира како нарушувањето во бизнисите како угостителството и прехранбената индустрија се пренесуваат надолу по синџирот на снабдување, што на крај ги остава земјоделците во американските фарми со полиња од зеленчук што не можат да ги продадат.

АП ја започна својата приказна во Палмето, Флај, во Флорида, каде што земјоделец фрли тони тиквички и друг свеж зеленчук за да изгние.

Илјадници хектари овошје и зеленчук одгледувани во Флорида се ораат со се несобрани производи или се оставаат да изгнијат, затоа што земјоделците кои ги одгледуваа овие култури за да ги продаваат на ресторани или други купувачи во прехранбената индустрија, останаа без побарувачка од фирмите кои купуваат на големо.

Бидејќи економијата се затвора низ целата земја, земјоделците во државата сега ја молат власат да добијат некои од парите за финансиска помош, бидејќи без некој вид финансиска помош за индустријата, овие земјоделци ќе пропаднат и нема веќе да садат во блиска а и далечна иднина.

Проблемот – накусо – е што овие земјоделци имаат долготрајни купо-продажни односи, но одеднаш тие клиенти исчезнаа. А многу други компании во САД кои сè уште купуваат производи веќе имаат договори со странски добавувачи.

Трамп не воведе земјоделски тарифи за прекинување на странската конкуренција, бидејќи ваквиот потег најверојатно ќе биде широко критикуван од страна на естаблишментот, кој со радост би набљудувал како секој мал земјоделец во САД пропаѓа отколку да види прекин на глобализацијата и ограничувања на слободната трговија во корист на мултинационалните корпорации.

„Ова е катастрофа“, рече одгледувачот на домати Тони Димаре, кој е сопственик на фарми во јужна Флорида и областа на Заливот Тампа. „Ние дури не сме почнале да го пресметуваме. Загубите се бројат во милиони долари и се зголемуваат секој ден“.

Ние дури и не можеме да го подариме нашиот производ и дозволуваме увозот да влезе тука“, рече Димаре.

„Дадовме 200 тони домати на нашите локални банки за храна“, рече Димаре. „Но се чини дека треба и да им платиме за да ги натераме овие складови за храна да дојдат и да ги земат“. Тој рече дека 80% од доматите одгледувани на Флорида се наменети за сега затворени ресторани и фирми.

И проблемот не е единствен за земјоделците во Флорида. Слични проблеми има низ цела САД. Земјоделските власти рекоа дека лиснат зеленчук одгледуван во Калифорнија нема купувачи, а производителите на млечни производи во држави како Висконсин и Вермонт биле особено силно погодени, и земјоделците од овие држави изјавија за АП дека морале да го фрлаат вишок млеко.

„Сезоната на зимскиот зеленчук во соседна Аризона, беше катастрофална за земјоделците кои се потпираат на купувачите на големо“, рече Кори Лунд, портпарол на „Вестерн Гроуерс“, група која претставува фамилијарни земјоделци во Калифорнија, Аризона, Колорадо и Ново Мексико.

„Луѓето остануваат дома и не ги купуваат намирниците толку често“, рече Лунд. „Значи, домината продолжуваат да паѓаат“.

Флорида е најголем производител на САД во бербата домати, грав и зелка. Можете ли да замислите како би бил животот на Американците ако пораснат цените на доматите и сосот од домати затоа што сите овие средни и мали земјоделци низ целата земја излегоа од работа? Или ако во следнице месеци едноставно снема и домати во продавниците.

Може да се случи многу полесно отколку што би претпоставувале – тоа е сигурно, ако не се направи доволно за да се спаси земјоделството, заклучува АП. И тогаш редиците за бесплатна храна ќе станат уште поголеми.

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар