Ново Задолжување им е Потребно Само на Корумпираните Одработувачи на Странски Интереси – Игор Цветковски!
Сподели на социјалните платформи:

 

Ново задолжување е потребно само на оној кој одработува зацврстување на ропството кон некои надворешни ентитети кои имаат-печатат (дигитално одбројуваат) долари евра кои па никогаш не ги ни заработиле претходно,а се создаваат со плусеви и тоа, на нивна сметка само ако има побарување за истите чија вредност во ера на целосно екононско и геополитичко преструктуирање е немерлива-никаква, ако сакам. Значи, ЗАДОЛЖУВАЊЕ АМА ИЧ НЕ НИ ТРЕБА, ОСОБЕНО НЕ СЕГА!, пишува Игор Цветковски чиј текст го пренесуваме во целост:

Ајде генијалци лајкачи на задолжувања во време на запрена трговија и државни самоизолации.
Кога владата наша или било која друга се задолжува таму кај некои си, таа тоа го прави во евра, долари,но тоа не го прави да набави добра од некоја трета земја која признава само евра, долари како платежно средство, туку за да одржела ДОМА социјален мир-пензии, плати на администрација, социјала итн, кои се даваат во ДЕНАРИ, во домашна валута.

Па така, ако владата се задолжува во ЕВРА и од НАДВОР зошто нема пари-денари за пензии, плати, социјала итн, но ДЕНАРОТ е задолжително платежно домашно средство, тогаш што се случува со еврата, доларите, а што со денарите по задолжувањето?!?

–па едноставно, евра, долари никогаш и не пристигаат, а НОВИ ДЕНАРИ во сооднос на направениот долг, се печатат за да се купи социјален мир нели, но истовремено се бележи таму некаде дека Македонците ќе мора да работат напарно, да создадат дополнителна вредност или да продадат нешто стратешки важно за да го исплатат долгот во евра, долари плус камата на тоа, кој всушност и немало потреба воопшто да се направи зошто нови денари во еден конртролибилен процес со точно утврдена намена и без задолжување и така би се печателе за да се купи социјален мир (плати, пензии, социјала..) нели.

Значи, како и да е, НОВИ ДЕНАРИ ЌЕ СЕ ПЕЧАТАТ. А и залихи на производи има, а и домашно производство на основни производи, а и необработени ниви како и можност за лесна пренамена на производство за најнеопходни производи ако ни фалат, а и луѓе мислечки ем невработени а и девизни резерви има, па дури може и државни продавници да се отворат со најнепоходните потребштини за жителството за полесно надминување на конкретнава криза.

Тие потребштини-производи може да се купат од владата по набавна цена и да се понудат по речиси иста цена(зголемена само за најниската плата која би ја земале продавачите), но може и владата да се задолжи кај домашните трговци, па токму нив да им врати кога ќе помине кризата.

Истовремено може да се испечатат и пари-денари, бонови или обврзници кои би им се дале на сите македонски жители подеднакво со точно определена намена за да се потрошат само за тие од државата утврдени нејанеопходни проиозводи и услуги.

За било што друго надовор од тој список на најнеопходни производи за надминување на кризава, може секој да си купува што сака по цена која продавачот би ја дигал до небеса ако сака.
И ова ако сакаме да си играме купи продај со парички.

А може и самата држава да оди од домаќинство до домаќинство да ги дели тие производи кои претходно ќе ги здржави–да, во време на вонредна состојба, војна, криза како оваа, владата тоа може да го направи.Полициски час веќе има нели.

Така, ем конечно попис на се’ од зрно афион, возила, преку мигранти до Јети-а, ќе се направи, ем мир ќе се воведе со неможност за немир.

Ново задолжување е потребно само на оној кој одработува зацврстување на ропството кон некои надворешни ентитети кои имаат-печатат (дигитално одбројуваат) долари евра кои па никогаш не ги ни заработиле претходно,а се создаваат со плусеви и тоа, на нивна сметка само ако има побарување за истите чија вредност во ера на целосно екононско и геополитичко преструктуирање е немерлива-никаква, ако сакам.
Значи, ЗАДОЛЖУВАЊЕ АМА ИЧ НЕ НИ ТРЕБА, ОСОБЕНО НЕ СЕГА !!!

 

Ви се Допадна Написот? Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Социјалните Мрежи, Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар