И Турција во СПФС, Руската Банко-Платежна Алтернатива на Доларската SWIFT, Алатката за Поробување на Нации!
Сподели на социјалните платформи:

Кога ги уништуваш економиите и судбите на народите за ќеф на глобалофашистите со помош на Доларот, SWIFT, меѓународните банкарски вампири, во корист на една рака елити а против сите нас, ти се случува глобален бунт и алтернативен валутен, финансиски и економски систем чие создавање го гледаме во директен пренос.

И Турција се вклучиво алтернативата на Русија за SWIFT, меѓународниот телекомуникациски протокол што го користат комерцијалните и централните банки низ целиот свет и кој глобалофашистите го користат за чист финансиски тероризам против непослушните нации со санкции и исклучување од меѓународниот платежни текови. Не им чуе нив за судбината на народите, семејтсвата во тие земји, џабе гракаат човекови права, демократија, ги интересира поробување на секоја нација и секој поединец!

Според Ројтерс , рускиот министер за финансии Антон Силуанов во вторникот го потпишал договорот со Анкара. Договорот, потпишан на 4 октомври, им овозможува на двете држави да започнат со употреба на рускиот систем во меѓусебните плаќања.

Договорот предвидува турските банки и компании да бидат поврзани со руската верзија на системот за плаќање СВИФТ и истовремено да се зајакне инфраструктурата во Турција за да се овозможи користење на руски МИР картички, како алтернатива на Мастеркард и ВИЗА.

Иако SWIFT е меѓународна соработка во сопственост на нејзините членови, со тоа што повеќе од 10.000 банки ширум светот се потпираат на неговиот систем за ракување со значителни меѓубанкарски трансакции, таа е контролирана од неколку големи банки што натера многу американски ривали, вклучително и Русија, да ја зголемат работата на нивните алтернативи на SWIFT (види подолу).

По повторените финансиски напади врз Турската Лира и вчерашното предупредување на Трамп дека ќе ја уништи Турската економија ако Ердоган не биде “послушен”, Турција и Русија потпишаа пакт за зголемување на употребата на рубљата и лирата во прекуграничните плаќања.

Безбедноста на мрежата SWIFT исто така беше доведена во прашање откако серија на сајбер напади во 2015 и 2016 година резултираа во кражба од 101 милиони долари од Централната банка на Бангладеш.

Покрај Турција, и Кина и Русија потпишаа договори за зајакнување на трговијата меѓу двете земји, вклучително и решавање на поголем процент од нивната билатерална трговија со рубли и ренимби (меѓународната верзија на јуанот). За Кина билатералната трговија со Русија порасна од 69,6 милијарди долари во 2016 година на 107,1 милијарди американски долари минатата година. Кина е најголем партнер на Русија за увоз и извоз.

Се очекува и Индија да и се приклучи на руската SWIFT алтернатива, бидејќи Вашингтон продолжува да го загрозува Њу Делхи со санкции во врска со нејзината одлука за купување на руски системи противракетна одбрана С-400.

На пример, санкциите на претседателот Трамп против Иран ги натераа сојузниците на Вашингтон во Европската унија да се обидат и да започнат со своја алтернатива SWIFT за да извршат плаќања кон Иран со INSTEX, своја алтернатива на SWIFT.(види подолу).

Како што предупреди Путин, американските санкции против Русија се „колосална стратешка грешка“ и на крајот ризикуваат да ја поткопаат доларската хегемонија на глобалниот финансиски систем.

Вреди да се запамети предупредувањето на претседателот Путин за потенцијалните последици на американските санкции, кои ризикуваат да ја поткопаат доминацијата на доларот во глобалниот финансиски систем со тоа што повеќе земји ќе користат алтернативи за SWIFT.

Русија и Кина го Урнаа Финансискиот SWIFT Монопол со Свои Системи за Глобални Плаќања, CIPS и СПФС!

Со ИНСТЕКС, Алтернатива на Американскиот СВИФТ, Дури и ЕУ Вазалите во “Бунт” Против Господарот САД!

Турција со Милијарда Долари Помош од Кина во Борба Против Финансискиот Тероризам на САД кон Лирата!

Остави коментар