Космичката Лудост за Можноста за Вечен Економски Раст на Планета со Ограничени Ресурси – Чарлс Смит!
Сподели на социјалните платформи:

Автор Чарлс Хју Смит преку блог на OfTwoMinds. Ова е фантазија: дека ние можеме повторно да го обновиме нашето целокупно глобално индустриско општество секоја генерација или две и тоа така во иднина и засекогаш.

“Земјата” е една од највлијателните фотографии објавени било кога во историјата. Сликано од мисијата Аполо 8 кон крајот на декември 1968 година од страна на астронаутот Бил Андерс, ја доловува уникатноста, изолацијата и скромноста на Земјата: сина и бела точка на огромното море од безживотна темнина.

Откритието што ме погодува е лудоста на моделот за вечен економски раст, и тоа не само како опција, но дури како единствен можен пат: буквално нема алтернатива за исцрпување на се поголеми количини на ресурси од планетата за да се овозможи се поголема потрошувачка за 7,7 милијарди луѓе на планетата .

Соголен до својата суштина, овој манијакален напор има за цел само едно, повеќе профит и моќ. Идејата за потреба од вечен економски раст се продава како единствен пат кон просперитет за човештвото, но навистина целта е обезбедување богатство и моќ за малкумина.

Една неодамнешна статија во списанието Scientific American истакнува како идеалистичките импулси за заштита на разновидниот живот на планетата од машинеријата за “вечен економски раст” неизбежно се напаѓаат под превезот за потребата за добивка:  Екологистите и рудниците .

Еве што никогаш не кажуваат вакви статии: пазарите не можат да ја оценат вредноста на немонетизираните природни богатства, како што се различни екосистеми. Она што сега не може да се монетизира, е безвредно, бидејќи на пазарите им недостасува механизам за определување цена на она што не може да се вреднува преку мерење на понудата и побарувачката на пазарот во моментот.

Не постои начин да се поправи оваа фатална маана на пазарите, а обидите да се стори тоа се само изговори за да се овозможи профитабилна експлоатација и како резултат на тоа, планетарна пропаст.

(Потсетесе дека неолиберализмот е квазирелигиозна идеологија на свртување на сé што е на Земјата во пазар, за да може да се експлоатираат и финансиски цица од страна на неколку а на сметка на многумина.)

Што се однесува до обновливите извори на енергија: како што забележа Нејт Хагенс, обновливите извори на енергија се посоодветно наречени “извори” кои вечно треба да се обновуваат, бидејќи сончевите панели, ветерниците и др. не траат вечно, и мора да се заменат на секои 20 години. Да, браните траат долго време, но сончевите панели, турбините на ветер и сите други форми на “обновлива енергија” мора периодично да се заменат и тоа со огромен трошок.

А од каде доаѓаат ресурсите и енергијата за да се замени огромната база на “обновливи” енергетски инсталации? Од нафта и природен гас и огромни површински рудници на јаглен.

Како што забележа Крис Мартенсон во еден неодамнешен разговор (парафразирање на неговиот коментар), “ќе бидам импресиониран од обновливите енергетски инсталации кога ќе можат да ја дадат и енергијата за нивното сопствено заменување”.

Ова е незгодна реалност што малкумина сакаат јавно да дискутираат:  ниту еден од обновливите извори на енергија не е способен да генерира доволно енергија за топење и обликување на индустриски метали, фабрикување на силиконски производи и така натаму.

Моделот “вечен раст” доминира со сите политичко-економски идеологии стотици години.  Кога човештвото ја индустријализираше планетата, имало помалку од 1 милијарда луѓе. Но сега 7,7 милијарди луѓе конкурираат за истите ресурси и енергија и салаат живот на средната класа на развиениот свет.

Не постои начин нашата планета да има доволно ресурси за да ги обезбеди сите овие добра за 8 до 10 милијарди луѓе. Светот не може дури и да обезбеди чиста свежа вода за 8 милијарди луѓе, а да не зборуваме за електрични возила, ладилници, лекови, и евтини летови до секој агол на светот.

Технолошката фантазија вели дека новите ефикасности волшебно ќе овозможат ваков вечен екномски раст.  Но сите овие фантазии превидуваат 1) дека пазарите предизвикуваат уништување на сè што не е монетизирано за профит во моментот; 2) дека “обновливата” енергија вечно ќе зависи од евтини јаглеводороди и ќе ги бара во неограничени количини и 3) замена на се, секоја една генерација го создава она што Барт Д. го нарекува економија на депонијата за ѓубре.

Со други зборови, технолошкото “решение” за 500 милиони возила со внатрешно согорување е да ги фрли тие 500 милиони возила во депонијата (рециклирањето е убава идеја, но не секогаш е финансиски практично), а потоа одиш во рудници за нови огромни количини на метали, минерали и јаглеводороди потребни за изградба на нови 500 милиони електрични возила, кои потоа следната иновација пак ќе ги фрли на ѓубре. Значи потоа, во секоја наредна генерација, повторете го процесот на носење на депонија, бидејќи се развиваат “поефикасни” возила.

Ова е фантазија дека ние можеме повторно да го изградиме нашето целокупно глобално индустриско општество секоја генерација или две засекогаш, и да го потпомогнеме целиот процес на замена токму со јаглеводороди како нафта и гас, во суштина засекогаш, и да плаќаме за сè со поголем и вечен долг.

Неможноста на оваа визија е затоа што ваквата технолошка економија на депонирање на ѓубре, и која тврди дека е “ефикасна” и “одржлива”, го тврди тоа само затоа што целосните трошоци никогаш не се ни пресметуваат. Навистина, ниту можат да се пресметаат во пазарна економија. И тоа е она што ме тера да продолжам со работа за барање на алтернативен социо-политички-економски систем.

Еден поглед на Планетеа нè информира дека единствениот одржлив пат е Контра-Раст, да се троши многу помалку ресурси за потрошувачки отпад, пат кој ќе го означи крајот на тековната економија на депонија и економијта на вечен раст, и крај на целата финансиска структура изградена да ги збогатува неколку на сметка на многумина.

Производство на енергија по светските фабрики покажува дека “обновливите извори на енергија / обновливите извори на енергија” се мала капка во морето. “Обновливите средства / обновливите извори на енергија” се малечко играче во глобалното производство на електрична енергија, доволно за да се напојуваат само маркетинготделите на продавачите на идејата за обновливи извори.

Остави коментар