Русија ги Распродаде Сите Доларски Резерви и Купува Злато со Најбрз Темпо во Последниве Децении!
Сподели на социјалните платформи:

Пред девет месеци, како што приносите на американските државни обврзници се намалија на пониски од седумгодишниот рекорд во мај минатата година, на пазарот за американскиот државен долг се случи нешто што целосно беше игнорирано од страна на мејнстрим финансискиот печат: Во април и мај, централната банка на Русија ликвидираше 81 милијарда долари во обврзници (treasurys), скоро сите нејзини фондови во американски обврзници.

Падот беше толку значаен, што Русија отпадна од листата на 30-те држави со најголемо поседување на американски државни обврзници. И во месеците што следеа, како што САД наметнаа повеќе економски санкции и се спречкаа со Русија во врска со  венецуелскиот лидер Николас Мадуро, Владимир Путин се сврте кон алтернативни резерви и ја продолжи де-доларизацијата на земјата. Прочитај повеќе овде: БАЗЕЛ-3: Глобална Револуција во Која Самиот Ротшилд го Прогласи Златото за Пари и му Зари Нож в Грб на Доларот!

РезервиВо текот на истиот период, Русија беше очигледно голем купувач на кинески јуани, како што истакна Голдман Сакс (и како што беше случај и многу порано и продолжува да биде и денес), како што посочи ММФ во неодамнешниот извештај.

Но, со оглед на сеуште ограничената конвертибилност на јуанот, таа има свои ограничувања како сигурна резерва за странските централни банки. Тоа е веројатно и причината зошто Москва се потпира на друга резерва опција на резерви чија популарност се задржа во најголемиот дел од историјата на човечката цивилизација: златото.

Податоците од руската централна банка, цитирани од Блумберг, покажуваат дека нејзините резерви на злато се речиси четири пати зголемени во текот на изминатите десет години и дека 2018 година ја обележаа најинтензивната  година за Русија во купување на злато, што се совпадна со политиката на Централната банка на Русија, јакнење на сопствените финансии.

РусијаИ во ретко, и без преседан признание од американскиот финансиски печат дека де-доларизацијата е современа закана што треба да се сфати сериозно, ББГ објави дека “аналитичарите, кои го измислиле терминот де-доларизација, шпекулираат за глобалните економски влијанија ако повеќе земји прифатат слична филозофија и што тоа би можело да значи за пожелноста на доларот во споредба со другите средства, како што се златото или кинескиот јуани“.

РС

 

Додека зависноста на Русија од извозните стоки како злато значи дека ќе продолжи уште некое време да зависи, барем делумно од доларот (три четвртини од руската 600 милијарди долари од трговијата се уште се одвива во долари, според ББГ), ова огромно купување на злато претставува пример за други земји – на запад, како и на исток. 

Русија

 

Минатата година купувањето на злато од Русија за прв пат го надмина своето сопствено производство на злато. И додека односите со САД продолжуваат да се влошуваат, додека договорите за контрола на оружје се распаѓаат за време на воинствена реторика што ја употребуваат и Трамп и Путин, руската централна банка би можела да започне да увезува уште повеќе злато, што би можело да има позитивно влијание врз глобалната цена. Малкумина очекуваат Русија да престане да купува сега.

Купувањето на централната банка помогна “да ја одржи побарувачката на златото” и ги подржа цените на златото во последниве години, изјави Роналд-Петер Стоефер, партнер во управувањето со средствата на Лихтенштајн Инвестментум АГ.

“Ако не беше за централната банка на Русија, минатата година би била најлошата година за купување злато за една деценија, па тоа помогна да се одржи цената”, рече Адријан Еш, раководител на истражувањето на злато кај брокерите BullionVault Ltd.

РезервиНо можеби најзначајниот аспект на реториката на Путин за де-долларизацијата  е како тоа очигледно влијае врз лидерите на државите кои се уште – барем номинално пријателски кон САД.

Францускиот претседател Емануел Макрон во интервјуто на крајот од минатата година изјави дека Европа е премногу зависна од “зелените банкноти”, објавувајќи го ова како “прашање за суверенитет” (ова доаѓа од еден од најжестоките про-ЕУ политичари на континентот).

Минатата година и Полска и Унгарија го изненадија пазарот на злато со тоа што ги направија првите значителни набавки на злато од страна на земји-членки на ЕУ за повеќе од една деценија. Прочитај повеќе овде: Златото Припаѓа на Народот, Не на Банкарите! Владата на Италија го Повлече Златото од Централната Банка!

Значи, следниот пат кога ќе слушнете аналитичар категорично да ја отфрла идејата дека губењето на статусот на резервна валута на доларот не е нешто што пазарите треба да го сфатат сериозно (дури и кога многумина предупредија дека треба), би било добро да се потсетиме на овој дијаграм за историското траење на валутите како светски резервни валути.

И дека ништо не трае вечно.

Остави коментар