Зошто ДПМНЕ Писмено не се Обврзе Дека ќе го Зачува Уставот и Името? Проф. Др. Љубомир Цуцуловски
Сподели на социјалните платформи:

 

Во ситуација во која состојбите само се повторуваат, без да се подобрат, туку одат од лошо кон полошо, потребно е (понекогаш) човек да се потсети на она што некогаш го пишувал и објавил. Во случајов, тоа е мојот пост „Лудило и беснило“ постиран точно пред една година, на 8.04.2018 година:

„Секоја промена на името нужно повлекува и промена на Уставот. Имено, секаде каде што во Уставот постојат синтагмите „Република Македонија“, „Собрание на Република Македонија“, „граѓаните на Република Македонија“ […] или, пак, зборот „Македонија“, како и придавките и синтагмите изведени од него („македонски народ“, „македонски јазик“ итн.) ќе мора да бидат избришани и заменети во духот со новото име. Наедно, тоа значи дека ќе треба да се промени и насловот на Уставот на Република Македонија во Устав на ТК-ЛМ-Н или во нешто слично.


Затоа, ВМРО-ДПМНЕ (како најголема опозиционерска партија) мора веднаш, без какво било одлагање, да донесе писмена и недвосмислена одлука во која јасно ќе се определи дали е за промена на Уставот и, оттука, за промена и на името, бидејќи овие две нешта взаемно се поврзани, наместо лидерите на двете најголеми партии инфантилно да се препукуваат преку своите фејсбук статуси кој од нив бил поголем економист.

Истото се однесува и на која било друга македонска партија, бидејќи молчењето, покривањето, тактизирањето и „мудрувањето“ ги доведоа македонската држава и нација во состојбата во која се наоѓаат. Оваа состојба може да се означи како состојба на Небиднина. Брзото и недвосмислено определување е дотолку поургентно, особено ако се има предвид дека властите – но, и други! – веќе не размислуваат за потребата од промена на името, туку за тоа какво име би било прифатливо. Лудило и беснило лебдат над Македонија.

Проф. Др. Љубомир Цуцуловски

Остави коментар