Воени Игри во Кои Русија Одбра 5 Првични Цели во САД Доколку Тие Постават Ракети низ ЕУ – Белоризец Блог!
Сподели на социјалните платформи:

Годишното обраќање на Путин, кое предизвикува глобално интересирање, стана пракса, каде се чека делот на излагање, каде Русија преку својата институција Претседател, се обраќа пред нацијата за состојбите во земјата од сите сфери на функционирање, преку краткорочните и долгорочни планови во стилот на планирано-завршено и нормално, делот кој јас лично го чекав околу надворешната политика и опасноста по безбедноста после повлекувањето на Американците од договорот за ракети со среден дострел, кој најмногу им одговраше на Европа безбедносно, отколку на САД и Русија. Да ви појаснам накратко зашто Европа е најзагрижена за пропаѓањето на овој договор.

Имено овој договор се однесува само на копнени системи за лансирање на ракети со среден дострел, т.е не се однесува на бродски и воздушни воени системи. Европа баш поради ова е загрижена бидејќи немоќна да се спротистави на притисокот од САД ќе биде мета на руското нуклеарно тактичко вооружување како потенцијална мета или конвенционален судир кој согласно новата руска доктрина за одбрана по ниедна цена нема да се води на руска територија. Значи после повлекувањето од договорот, Европа повторно станува потенцијален воен полигон каде ќе се оствари долго планираниот судир  на двата колоса. Прочитај повеќе овде: САД Излезе од Нуклеарниот Пакт Спремајќи Војна! Путин: Тргнете ги Ракетите од Европа за да не Бидат Мета! А дека има и во Македонија луди Дон Кихоти на магаре со макети од ракети под мишки се упикуваат на военохушкачите за да ја направат и Македонија цел на 5 минутен удар со атомско оружје прочитај овде: ЦИА Инсталацијата ИНТЕГРА Нема Гајле за Името, Туку за Ракети на Криволак Против, Внимавајте …, ИРАН!

Како и двете претходни светски војни кои се одвиваа на истото тло, по истото сценарио се планира и третата, која сега се одвива во хибриден стил, кој сега за разлика од претходните две е детектиран и јасно видлив. Народите на Европа сега се далеку поинформирани за реалната ситуација која русите тактички преку западниот модел на мејнстрим ја изиграа во своја корист и да ја претстават не пред квинслишките инсталирани влади во државите, туку пред народите на тие држави. Да точно, Русија се обраќа директно до народите, до обичниот граѓанин преку своите сервиси.

И тоа го прават на сосема легитимен, легален начин во симпатичен и искрен стил. Погледнете ја само Russia Today, па освен што е името руско, таму скоро и да нема руси, темите одлични, претставени на симпатичен психолошки начин, и пред се со нормални аналитичари од запад кои не се русофили по дифолт или навијачки настроени, не се на платен список, туку само објективни во своите излагања.  Би било смешно ако не би било вистинито. Тука е нормално и Спутник, но тој е пред се покозервативен со руски стил на работа, но исто така одличен во својата работа. Не случајно во анализи од експерти од западот платеници на Дип Стејтот, овие медиуми се преставени како голема оспасност и фамозното руско влијание, т.е. позната фраза “Агенти на Кремљ”, нормално поради ширење на вистината наспроти нивните мејнстрим фејк њуз пералници на мозок која за прват им се руши пред очи.

Но тоа е друга тема која е предмет на пообсежна анализа, па да се навратиме кон обраќањето на Путин, кон  претставувањето официјално на претходно познатиот “Циркон” ракета со среден дострел која ќе одговори на американското повлекување од договорот. Сигурно досега се информиравте за оваа хиперсонична ракета од преку 9 маха или од 11000 км/ч, која може само да се детектира но не и да спречи, додека американците останаа само со своите познати “Томахавки”, која е далеку позади Цирконот во сите сегменти, ем детектирани ем можат да се пресретнат т.е уништат. Додуша имаат американците во најава изработка на нова, но треба допрва да ја прават, што ги прави ранливи во моментов, додека сега Русија одеднаш е во предност во однос на сегментот на ракети со среден дострел, бидејќи првите Циркони ќе бидат во употреба до почетокот на 2020 година додека американсите се само во најава.

Русите се во предност и во нуклеарниот потенцијал и ракети исто така. Тоа ќе ви го признае секој американски експерт ако објкетивно анонимно го прашаат. Малку ми е чудно како тотоално аматерски неспремни излегоа од договорот. Можно е и да имаат ако успешно го скриле тој развој, но според мене тоа е мала веројатност и е практично невозможно, бидејќи не само разузнавачките служби на Русија, туку и хакерите на Кина би го откриле тој развој. Русија и Кина не се треторазредни банани држави па на блеф и со јазик на сила да можеш да се наметнуваш во договорите нешто што Трамп многу несмасно го направи. Дали ги “насанка” од Дип Стејтот, глумејќи игра во нивна полза, ќе покаже времето. Овој договор, оние кои следат геоплитика знаат дека имаше сериозна криза и во времето на Буш, но тогаш русите не беа спремни како сега, па изгледа направија некои отстапки во однос на Дип Стејтот. Пораката е јасна и пратена, превентивниот удар како планирана американска доктрина веќе има одговор, преку тактички удар не само на центрите на лансирање на ракетите со среден дострел туку и центрите на команда кои издаваат наредби на центрите за испалување на ракетите ќе бидат на удар. Значи и извршителот и наредбодавачот ќе бидат на мета на Цирконот.

Што е поентата на Цирконот? Цирконот е само да се изразам метафорички еве со медински жаргон инекција за парализа, каде ќе го парализира непријателот во командно-хиерархискиот систем за агресија кон Русија. Русија ако детектира опасност т.е лансирање, а руските радари се врвни со огромна покриеност, во истиот момент ќе го активира овој систем за парализа, бидејќи  нивните циркони не само што ќе ги уништат инсталацииите за ракетни напади маскирани во името на ракетен штит, туку ќе го прекинат и системот на комуникација помеѓу американските центри на команда. Американската доктрина на превентивен удар, но преку ракетниот штит инсталиран во Полска и Романија, сакаше да го неутрализира, рускиот нуклеарен контра удар, неутрализирајќи ги руските команди центри, сакајќи да ја отсечат главата на рускиот одбрамбен систем. Но сега со Цирконите русите временски се побрзи од американците, кои за 5 минути можат да прелетаат скоро 1000 километри. Па не само што американските ракети ќе бидат пресретнати, туку системот што ги испалува ќе биде неутрализиран за само 5 минути после испалувањето на ракетите кон Русија, а во исто време координирано, се лансира удар од Руската морнарица кон центрите на Команда, од руските црни дупки-подморниците паркирани легално во нетурални води на места со дострел кон овие команди центри. Тоа и обичен лаик како мене на пример знае дека е незапирливо.

Сепак тоа е премногу опортунистички дури и за американците, за мене лично е дури и смешно, дали таму идиотите кои заговараат судир стварно ги занемаруваат своите објетивни експерти кои им укажуваат дека директен судир со Русија значи крај на светот, дали не слушнале за автономниот систем “Периметар” кој автоматски детектира зголемено ниво на радијација, па автоматски си лансира Сатани од шахтите, “Тополи” од камионите, “Булави” од  црните дупки-подморниците, а за новите “Посејдони” автоматски торпеда со нуклеарни глави со големина на подморница који може да направат цунами високо 1 км, не ни има потреба да зборувам. Русија ги наследи од СССР  затворените градови за обичните цивили, каде што живеат само научници со своите фамилии, и ги одржува успешно кои ќе прават воени чудовишта, кои се гаранција за Мир во светот од лудаците од западот, бидејќи влогот за напад на Русија е руски рулет со 6 куршуми во буренцето, секакво коцкање е сигурна смрт. Русија за разлика од СССР се преобрази на курназки начин па почна да работи по американски клуч, види што имаме ние, вие до каде сте!!

Сепак логиката вели дека таков судир нема да има, освен ако некој лудак не сака да ја уништи цела планета. Па остануваат театарските игри во дипломатијата, трката за вооружување и играта на време кое не работи за западната Империја на зло…

Белоризец Блог

За крај, кратко видео за промената на нуклеарната стратегија на Русија во која не само офанзивните НАТО системи низ ЕУ ќе бидат цел туку и за прв пат самата Америка, и првите 5 почетни цели се воените командни центри низ САД, три на Источниот и два на Западниот брег.

Остави коментар