Глобалната Револуција се Шири! Од Денес Жолти Елеци и во Велика Британија Против Измамата за Брексит!
Сподели на социјалните платформи:

Протести на жолти елеци денес и на улиците на Манчестер, Лондон, Шефилд и Кардиф, јавуваат слободните медиуми и социјалните мрежи. Според извештаи дури и 13-годишно девојче било уапсено! Британија е најнова земја во која се шири револуцијата Жолтите Елеци Викендов Повторно го Зазедоа Париз, Протестите се Проширија и во 7та ЕУ земја, Португалија!

Во меѓувреме, во Лондон, демонстрантите собрани кај Лондонското Око го пробија обрачот кај Вестминстерскиот мост и почнаа да седат надвор на улица пред парламентот. Хаотични сцени започнаа откако полицијата примени сила врз некои од жолтите елеци.

 

Демонстрантите со жолти елеци се залагаат за поголем број прашања вклучително како што се гледа и од сликите подолу и против планираната измама на Тереза Меј за Брексит: Меј Продолжува со Предавничкото Разводнување на Брексит Резултатот и Претворање на Британија во ЕУ Вазал!

Меѓу другите главни прашања беше и она за правда во случајот на убиствата на тројца недолжни тинејџери: Џорџ Вилкинсон, Џош Мекгиннес и Хари Рајс.

28-годишниот Џејнш Чудасама беше осуден на 13 години затвор за газење со автомобил на овие три момчиња додека одеа на забава во западен Лондон во јануари оваа година, сепак, нападот сомнително не е класифициран како чин на убиство ниту пак како тероризам. Чудасама не беше обвинет за  убиство, туку се изјасни за виновен за три точки за смртта со опасно возење и му била врачена затворска казна од 13 години и дисквалификувана од возење 13 години и шест месеци.

Сега, во потег што ги остави семејствата на момчињата и нивните поддржувачи згрозени судот на Чудасама му ја намали казната од 13 до 10 години.

Жолтите елеци, исто така, се со силна поддршка за Брексит, тие сакаат да ги видат сите врски со Европската унија пресечени во политичка смисла со забележани елеци велејќи дека “Брексит значи Излез”. “Ние сакаме државата да ни се врати.” 

Про Брексит жолти елеци во Манчестер.
Про Брексит жолти елеци во Манчестер со огромно полициско присуство на улиците.

 

5 thoughts on “Глобалната Револуција се Шири! Од Денес Жолти Елеци и во Велика Британија Против Измамата за Брексит!

  1. Иако е мртвачка штамата во брисељ, како и во локалните ни теледиригиерани мед-и-млекиуми,
    наспроти урнебесниот скрипаљ теледиригиран случај, кога ама баш секое хиенче се џапаше за по у весници, (Русите ова, Русите она), сега ашшшш … немааааа … штурци.
    Учки се тоа бе, кај смееш да зуцнеш. Дебело плаќаат.
    https://www.rt.com/news/448275-germany-afd-magnitz-brutal-attack/

    Срезо 2.0. Нели?
    Наменски е пресретнат на улица, веднаш после неговото присуство на некој церемонијален настан.
    Со апостроф на ТРОЈЦАТА кои со дрвени палки му ја скршиле главата (дупка мили мои) на еден од видните водачи на партијата AfD ( Алтернатива за Дојчланд), која се појави од нигде никаде (Народот?) и веќе обезбеди значајно учество во бундестагот, и предвидлив растеж во непосредна иднина, само со едноставна почетна идеја Германија на Германците, а што правоаголно веднаш беше утаначено од зорозааната и мурклите (и макроновото моне) како нацизам/расизам, пошто нели им ги подврзаа јајцата со обете E жица од гитара. Со танко и дебело.

    Ова нападно упатува на фактот дека на јабанџиите, кои овде Ни продаваат зелен ташак како мозок, всушност нешто им е е труло во државата D.

    Па колку да се извлече заклучок за новите правци во политиката. Ако немаш сопствена банда ич во политика. Што покренува маса на локални конотации. Како на пример локалниот бизнисмен и зајковите гангстери во Струмица. Па да беа и некои ганстери. Обични измеќари на шиптарските кланови. Дојде зајко да ми цепа дрва.

    Изгледа борбата на Македонскиот народ треба да си развие нов квалитет.

  2. А што правиме ние за нашата измама со која ни го укинуваат идентитетот? Кога ние ќе ги оплечеме црвено жолтите елеци и со стиснати тупаници ќе јуришаме напред?
    Денес на 9.1.2019 почнаа протестите во 12 часот, седницата во окупираното Собрание презакажана за 16 часот, кога народот ќе си се разотиде и ….работата ќе си ја завршат измамниците. Испаднавме неспособни, мрзливи и уплашени синови и ќерки на Македонија. Имав чувство дека и овој пат ништо нема да се направи со протести, ама подсвесно очекував чудо. Чудо да видам, да застанеме илјадници и илјадници народ како едно, наспрем студот надвор, но со топло срце за Македонија и поколенијата кои ќе дојдат после нас. Но сето тоа е само пуста желба. А сега поскавам ова да е само почеток на една голема голгота за нас Македонците, голгота во која сите ќе пропатиме до солзи и со лелеци на сиот глас ќе бараме прошка од нашата мајка Македонија, да ни проси што не сме ја заштитиле кога требало, што сме ја предале без борба. А сме можеле, ама не ни било ујгун да го направиме тоа. Зошто? Ќе можеме да се анализираме за време на голготата која само што не започнала! Македонија била, е и ќе биде, оти е прастара земја, мајка на светов. Но страм за нас онакви какви што сме. Голготата на Курдите ќе биде мила мајка во споредба со нашата. И треба да биде така, оти аздисаните синови и ќерки не заслжуваат поинаку. А да не заборавам, Курдите немаат држава, но тие се изборија за своите курдски права во сите земји каде што живеат. Срам и арам да ни е што направивме од готово вересија. Страмота за сите нас и грев за товарот што им го оставаме на идните поколенија.
    Јаки сме на зборови, а дела никаде! А во западот, за кој и кошулата од грбот си ја слековме велат: Talk is cheap! Велам сите оти ни народот, нити сите овие силни патриоти кои се кажуваат само со зборови, никој ни со прест не мрднавме да ги спречиме тие кои не предаваат. А тој што не превземе ништо да го спречи предавникот и тој е индиректно предавник.

  3. И кога на ист рафт ќе видиш тазе леб и запакувана лепешка одма ти е јасно за каква спонзорушка скаламерија се работи. Како на пример онаа огласна табла инфомакс.
    Со инсинуација дека се работи за фертилајзер. А тоа обично гомно.
    ———————
    При што очигледно, во борбата за главна локална конрадодајка, убедливо води влаткичиченце, пред александричиченце, и останатите дпнејци.
    ———————
    И сега после разводот на хунтата од Народот, легитимно се наметнува парафраза на прашањето:
    “Не прашувај што државата ќе направи за тебе, прашај [се] што можеш да [и]направиш за [на] државата”

Остави коментар