Народното Собрание до Иванов! Распуштање на Узурпаторите, Избори, Членство во ОН со Уставно Име!
Сподели на социјалните платформи:

НС со 1во Јануарските Декрети до Претседателот Иванов: Спречи го до 15ти Јануари анти-уставниот напад за рушење на државата на Македонскиот Народ, извојувана со војна и крв на нашите предци, подсетувајќи дека за предавство пред Народната Власт ќе одговара секој според законите на РМ!

Декретот Бр. 2. на Народното Собрание го повикува Претседателот на Република Македонија како единствен легитимен представник да ги активира гаранциите и да го распушти нелегитимното собрание и влада и заедно со Народното Собрание и Преодната Техничка Влада да организира избори во рок од 6 месеци каде што сите изборно непроверени и референдумски поразени дејствија ќе бидат ставени на изборна и демократска проверка.

Исто така се бара итно започнување на процедурата за продолжување на членство на Република Македонија во ООН под уставно име за што постојат бројни инцијативи кои се и подржани од клучни актери во ООН како Русија, Турција, итн. Прочитај повеќе овде Потпиши ја Петицијата на Проф. Др. Јанев за Гласање во ОН за Примена на Името Република Македонија! и овде Иванов ќе ја Спаси Македонија со Подржување на Иницијативите на Русија, Турција во ООН – Проф. Јанев!

Инаку, Народното Собрание со 1во Јануарските Декрети и 31-во Декемвриското прво заседание ја врати народната таму каде што припаѓа, на Македoнскиот Народ! Отсега до конечната слобода постои само една, Народната Власт!

Иднината на Македонскиот народ и државност отсега во наши народни раце и нејзината иднина и одбрана зависи само од нас и од никого друг. Народното Собрание со 31-во декемвриското прво заседание обезбеди институционална и правна рамка за континуитет на Македонската државност против однадвор поставените нелегитимни рушители!

Во продолжение декретот на Народното Собрание кој е итно доставен до Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов.

 

Народно Собрание на Република Македонија

Декрет Бр. 2.

Информирање на Претседателот на Републиката за свиканото Прво Заседание на Народното Собрание и последователното преземање на законодавната власт од страна на Народното Собрание до новите избори.

Народното Собрание на Република Македонија гo повикува Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов да:

  1. Стави крај на на рушењето на уставот од нелегитимното собрание и врз основа на гаранцијата да го распушти собранието и владата.
  2. Да го иницира процесот за продолжување на членството во ООН под уставното име, Република Македонија
  3. Да прогласи вонредна состојба и да ги обезбеди границите, градовите и населените места во Република Македонија согласно со Декрет Број 4 на Народното Собрание за формирање на Народно-Ослободителните сили н Република Македонија од доброволни одреди и од силите на Безбедност на Република Македонија: Армијата на РМ, Единиците на МВР и резервниот состав.
  4. Да работи на распишување и одржување на демократски избори заедно со Преодната Техничка Влада согласно со Декрет Број 6 на Народното Собрание за формирањето на Преодна Техничка Влада на Република Македонија која ќе ја преземе извршната власт и во рок од 6 месеци ќе организира демократски избори во Република Македонија.
  5. Народното Собрание со Декрет број 8 ги стави под свој авторитет сите државни и јавни институции на Република Македонија и со Преодната Техничка Влада ќе обезбеди континуитет во функционирањето на државата во сите нејзини сфери и овластувања.

Декретот стапува на сила веднаш. Неизвршувањето повлекува кривична одговорност според според сегашниот устав и законите на Република Македонија.

 

Президиум на Народното Собрание на Република Македонија

Скопје, Македонија

1ви Јануари 2019

(копија, оригиналот архивиран)

2 thoughts on “Народното Собрание до Иванов! Распуштање на Узурпаторите, Избори, Членство во ОН со Уставно Име!

  1. Da vi ebam mameto nishto narod sme layno lezime po plazi na Sneg I sekoy ne ebavat se ni e poslednoto ebayne od grcite shiptarite I bugarite na naypoyke od samite ke se ebime I ke slushame srpski bugarski grchki I shiptarski samo svoye ne makedonec razbudise pichkin eden

  2. PO FORMIRANJE NA ISTORISKOTO NARODNO SOBRANIE NA 1 JANUARI 2019 DA SE PRODOLZI BEZ ISKLUCOK VO KONTINUITET SO DEMOKRATSKI POLITICKI AKTIVNOSTI DO KONECNO SOBORUVANJE NA OVAA NELEGITIMNA HUNTA,MAKEDONSKIOT IMPERATIV MORA DA SE REALIZIRA A TOJ E “UNITARNA, SAMOSTOJNA I EDINSTVENA MAKEDONIJA”

Остави коментар