Европска Револуција! И Шведските Жолти Елеци На Улици Против Елитите и ОН Пактот за Миграција!
Сподели на социјалните платформи:

Протестите во Шведска се различни од оние во Франција и Белгија. Шведските не се насилни, ништо не е изгорено и нема судири со полицијата. Учеснците велат:

“Тука сум за 9-годишното девојче кое беше силувано и претепано од мигрантите. Јас сум тука за сите жени кои повеќе не се осмелуваат да излезат од дома.

“Јас сум овде за сиромашните стари лица кои целиот свој живот ги плаќаа даноците и сега се принудени да умираат од глад. Јас сум овде за бездомниците. Јас сум тука за оние кои не го добиваат она што го ветува социјалниот договор.”

Дека не зборуваат напразно прочитајте овде: Шведска од Нашата Младост Веќе не Постои! Силувања, Шеријат и Зони вон Досег на Полицијата! и овде (Видео) Секојдневните Напади врз Европејците кои Нема да ги Видите на Продадените Медиуми! #Бојкотирам

Луѓето се лути но и надежни. Атмосферата може да се опише како мешавина помеѓу протест, политички настан и народен фестивал. Околу 1000 Швеѓани викендот се собраа пред парламентот во Стокхолм, во знак на протест против Пактот за миграција на ОН и отуѓените корумпирани елити.

Беа видени многу шведски знамиња, плакати и жолти елеци. Учествуваа и деца. “Ние не сме екстремисти. Ние сме обични Швеѓани “, извикуваа демонстрантите. “Не станува збор за политички борби, туку за луѓето”, рече еден од говорниците.

Според учесниците, сите Швеѓани, без оглед на политичката припадност, треба да учествуваат на демонстрациите и протестираат против политиката во Шведска.

“Јас сум родена во Чехословачка и во 1989 година падна комунистичката окупација. Тоа беше наречено сончева револуција. Дали знаете како започна? ” рече учесничката Катарина Јануш. “Пенкалото, пишаниот збор. Првпат имаше 30 лица, тие беа уапсени. Следниот пат 300, а потоа дојде 3000. И тогаш револуцијата стана факт. И ние можеме да го сториме истото”, изјави таа пред собраниот народ.

“Не ни треба повеќе поделба во оваа земја. Тоа се оние од власта кои сакаат да се свртиме едни против други. “Треба да се обединиме. Сакам шведскиот народ да стои заедно против злоупотребата на власта што се случува во Парламентот. “Ние нема да се откажеме”

Остави коментар