“Димитровците” Заплеткани во Предавничките Лаги не ја Знаат Разликата Меѓу Региoн и Држава – Проф. Игор Јанев
Сподели на социјалните платформи:

Освен на експертите веќе и заслепените ги “читаат” лажните вербални гимнастики на предавничките одработувачи и продавачи на сапунчиња на Камен Мост кои чистат секаква флека! Светски признатиот експерт по меѓународно право, Проф. Др. Игор Јанев ги разбива намерните игри со клучни термини повикувајќи го предавничкиот одработувач за туѓи интереси Никола Димитров да научи да прави разлика помеѓу поимите региoн и држава или да покаже дека знае што е едното а што другото.

Димитров вели: ,,Не може Македонија да биде само Грчка, бидејќи не е, и не може Македонија да биде само наша, бидејќи не е, географскиот регион е голем и има три држави”.

1). Република Македонија се однесува на правно и политички дефинирана територија, која е различна од регионот Македонија кој не е меѓународнo правен субејкт.

2). Република Македонија е име на меѓународнo правен субјект со јасно дефинирани граници.

3). Во 1992 година Република Македонија аплицирала за членство во ООН како држава со јасно дефинирана територија.

4). Суверенитетот на Република Македонија се однесува не само на правно дефинирана територија (територијална јурисдикција) туку и на народот односно граѓаните кои живеат на таа територија и се под јурисдикција на државата Република Македонија.

НИЕ ВЕКЕ ИМАМЕ ПРАВНА ДОДАВКА ПРЕД МАКЕДОНИЈА,ТАА Е РЕПУБЛИКА.

НАС НЕ НИ ТРЕБААТ ДВЕ ДОДАВКИ ! И “РЕПУБЛИКА” И “СЕВЕРНА”.

ДОВОЛНА Е САМО “РЕПУБЛИКА”.

ДОДАВКА ПРЕД МАКЕДОНИЈА Е НЕВИДЕНА  ГЛУПОСТ САМА ПО СЕБЕ! (Посебно дополнителна).

Државите, според меѓународното право, немаат ексклузивни права на државните имиња. Избор на државното уставно име е во строгата внатрешна јурисдикција на секоја држава. Секоја држава, според меѓународното право, има полна правна слобода при изборот на своето државно име. Името на држава е неотуѓиво и суверено право.

Државното име нема никаква правна релација со историјата, бидејки менување државни имиња не влијае врз историската интерпретацијата, исто како ни врз територијалните права и обврски на своја или другите држави. Ниту една  држава нема монопол на толкувањето на историските движења.

Покрај другото ние сме Република Македонија, а зборот Република во името никогаш не постоел (за Македонија во древната, па и современата историја до денес). Со други зборови, “историчарите” од СДСМ и Димитров не ја разбрале правната природа на проблемот, ниту политичката димензија на процесот на легитимизирање!, заклучува Проф. Др. Игор Јанев.


Игор Јанев е роден 1964 година во БелградСрбија. Докторирал на Правниот факултет во Скопјево 1994 година, а пост-докторски студии завршил во САД (ВашингтонШарлотсвил и Медфорд – Харвард) во дисциплините на меѓународната политика и меѓународното право. Член е на неколку престижни меѓународни здруженија за мегународно право и меѓународни односи, мегу кои се ASIL и ACUNS.

Д-р Игор Јанев е и член на Њујоршката академија на науките (NYAS). Од 2000 година Игор Јанев бил вработен во Институтот за политички науки во Белград, а во 2010 година ја добива и највисокота научна титула Научен советник (во ранг на редовен професор на Универзитетот во Белград).

 

Остави коментар