За Улогата и Задачите на Народното Уставотворно Собрание на Македонија – Ливрински Блог
Сподели на социјалните платформи:

Веќе недела дена слушам како со отварањето на уставот се имплицира целосно да се промени и карактерот  и структурата на македонската држава. Инаку мора да се напомене за волја на вистината, структурата и карактерот на македонската држава ја изменија нашите политичари со прифаќање на рамковниот договор за време на фингираната војна во 2001 година, ја заменија АСНОМСКАТА преамбула со нова преамбула со која македонскиот народ  стана само една етничка заедница, односно добивме држава  со племенско уредување, повеќенационална држава, без стопан и газда, нешто слично како и денешната дејтонска Босна и Херцеговина. Tоа е отворен чекор кон федерализација и прераснување  на Македонија во повеќенационална држава, територијално за да се раздели Македонија на два дела , тоа е сторено со територијалната поделба од 2004 година со кои Македонија фактички се креира неофицијално на два дела ( Македонски и Албански) и сега доаѓа третата фаза  од нашето патешествие кога Македонија треба да стане повеќенационална и федеративна држава кога законски во праксата ќе се спрoведе тоа.

Тоа не може да се направи ако претходно  автентичниот и автотохниот македонски народ се уништи, затоа е целата операција за идентитетски и историско  обезглавување на македонскиот народ, за да му се одземе приматот за автохтон и автентичен  народ и тој да се замени со албанскиот  како демек најстар народ на овие простори, а македонскиот народ да се прикаже како остаток на српската и бугарската нација, односно Словени кои се дојдени на овие простори, поради тоа е целата еутанизија која се врши врз Македонците.

Токму барањето за вметнување на рамковниот договор во уставот и преамбулата  оди во прилог на тоа сценарио. Секој кој малце има знаење и памет ќе ви каже дека Македонија како унитарна држава, не би можела да преживе како повеќенационална држава, за тоа историјата дала потврди до сега. Хрватска во рамките на Југославија  беше конституирана како држава на Хрватите и Србите, а не како национална држава на хрватскиот народ. И  што се случи? дојде до војна , бидејќи независна Република Хрватска не можеше да опстои како држава на Хрватите и Србите, мора еден да биде стопан, односно газда. Сите сме сведоци дека Србите бара оделување од Хрватска се со нивната територија, е тоа е пример што би можело да се случи со држава која е уредена по принципот на повеќенационалност. Босна и Херцеговина, пак која немаше босанска нација, туку беше уредена како земја на три народи, ситуацијата беше уште полоша. Токму и проблемот во БиХ е во тоа што не постои босанска нација, односно автентична и автотохна нација за да може државата да се изгради со сите свои атрибути на државност. А што мислите дека Македонија како повеќенационална држава нема полесно да пројде? Не! Можеби уште полошо.

Македонија и македонскиот народ ова година се најдоа во таква ситуација во која немаме ниту лидер, ниту водач, ниту саглам политичари, ниту саглам политички партии кои државата ќе ја вратата на цврсти нозе. Во ова ситуација во која денес се наоѓаме, единствено решение е македонскиот народ сам да се избори преку создавање на свое народно собрание и уставотворно собрание, преку кое македонскиот народ ќе си ја врати својата држава, ќе стане државотворен народ, суеверен, владител, газда, стопна на својата држава.
Народното и уставотворното собрание ќе ги имат следниве задачи пред себе:
1. Создавање на четврта македонска република која ќе биде држава на македонскиот народ и националностите кои живеат во неа, односно враќање на АСНОМСКИТЕ принципи и АСНОМСКАТА преамбула;
2. Народното собрание ќе биде инцијатор за создавање на уставотворно собрание  кое пак ќе има задача да создаде нов устав;
3. Раскинување, односно прогласување за неважечки досегашните меѓународни договори: временската спогодба, рамковниот договор, територијалната поделба, пржинскиот договор, бугарскиот договор, преспанскиот договор;
4. Уставно да и се даде на државата право за одземање на државјанство на категоријата граѓани кои со своите активности до сега допринеле во рушење на уставото и државата, учествуале во велепредавство и распрпдажба на националните интереси на македонскиот народ и држава. Сметаме дека тоа е најголемата казна за велепредавниците и сите учесници во овој досегашен процес на обезглавување на македонската држава и народ. Одземањето на државјанството со себе повлекува и губење на други права како што се губење на право на државна работа, право на пензија и сл.
5. Умртвување на досегашните политички партии кои во последниве 25 години, не донесоа нас како народ и држава до ова ситуација во која денес се наоѓаме. Одземање на правото на досегашните политичари кои учествува во велепредавството да продолжат и понатаму да се занимвават со политика;
6. Создавање на нови политички партии, на нови основи, со нови политики кои на меѓународната сцена ќе се залагат  за неутрален статус на Република Македонија во меѓународните односи, воена и политичка неутралност;
7. Референдумот како нов облик на демократија да стане добро утро, како главна алатка за комуникација помеѓу власта и народот;
8. Да се усвои императивен мандат за пратениците во собранието, наместо досегашниот преставнички мандат. Со императивниот амандман пратеникот ќе биде должен на секои две години да поднесува извештај за својата работа пред избирачите во својата изборна единица, исто така избирачите ќе имат право право да го отповикат пратеникот доколку не ја извршува својата работа во согласност со уставот и законите. Досегашната пракса со преставнички мандат на пратениците едноставно покажа дека на нив никој ништо не им може, затоа и ова измена е битна.
Од кога овие задачи и останатите задачи ќе  ги исполни народното и уставотворното собрание се самораспушата и почнуват нови избори со нови политички партии и политичари кои немале врска со претходните политики и претходните политички партии.
Народното и уставотворното собрание е најдобро решение за нов почеток на македонската четврта република. Бидејќи и двете собранија се конституират  од македонскиот народ и го преставуват него. И затоа при избор на делегати се бират од сите слоеви и еснафи на македонскиот народ кого него и го преставуват, како и преставници на македонците од соседните држави и преставници од македонската дијаспора.
Актите и уставите кои ги однесуват овие собранија  во теоријата и праксата се нарекуват народни, затоа и, е борбата преку народно и уставотворно собрание да си ја вратиме својата држава, бидејќи тие се преставници на народот и неговите акти, решенија, устави се народни преку тоа народот  си ја враќа својата сувереност, одлучува сам како сака да владе и каква сака да има држава, што со друг начин на донесување на устав не иста ситуацијата.
Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.

Остави коментар