Има ли Маж или Институција да ја Прибере Женава – Ливрински Блог
Сподели на социјалните платформи:
Неделата ми започна со фијаското на Ангела Меркел, со еден куп од куртонски гости во посета на северниве, од Столтенберг, Тереза Мекеј, па преку Курца па се до Вес Мичел. Американскиот помошник за евроазиски прашања на државниот секретар на Америка  е големо разорачување за мене, тој е срам за мојата генерација, јас се срамам од него, човекот да ти бил мое годиште, а воопште да нема памет што преставува? Кого преставува и чија политика воопште ја преставува? Ни го кажа вообичаениот став на Стејдепартментот  дека имаме отворена врата за влез во НАТО но само со променето име. Исто така детенцево го подржа договорот помеѓу Македонија и Грција, односно промената на името. Неможам да разберам млад човек на моја возраст а да навива за мртва идеологија на глобалистите. Зарем не го гледа како светот денес изгледа? Зарем не ги гледа ли промените кои денес во светот се случуват? Зарем не го гледа растењето на суверенистие? Тоа ти е бирократ од кариера без да мисли и промислува  се разбира и да праша.
Покрај пресот на Мицковски  и искажаниот став и нестав друго што ми остави впечаток беше тв дебатата на МРТВ од страна на Лидија Димова и Солза Грчева во четвртокот  вечерта.  Димова  не само што ме уплаши со нејзината нова северна фризура, така од северно европски тип, спремна за европското друштво во Брисел каде што ќе и наредуват , а таа како свирче ќе им вели „ Да“ , односно ќе им потврдува без да праша или да се спротиставува за нешто. Не само поради нејзината фризура, туку секогаш на некоја дебата кога ќе почне да отвара уста просто ме фаќа ужас од тоа што ќе го чујам од неа.
Така беше и на дебатата каде Димова кажа неколку важни работи од кои мене ме фати ужас додека ја слушав дебатата. Димова ни кажа дека не верува во независна Република Македонија… во тренд на глобализација мораме да бидем учипени во некои организации…треба да жртвуваме за да добиеме. Според кажаново Димова плаче за да биде окупирана, односно да бидеме како држава под окупација, а од друга страна се повикуваме дека сакама слобода и демократија , па што е тогаш слободата ако не независноста, шгто е окупација ако не владење на окупаторот, а не на народот, тоа ни случајно неможе да биде слобода и демократија. Значи ова за мене е најстрашната преврезија која до сега сум ја чул. Втората работа е дека треба да бидеме учипени во некои организации воопште не е точна , бидејќи секогаш во историјата постоело правото на избор, можеме да бидеме учипени во некои организаци, а и не мораме. Димова повторно ни ја продава политиката на без алтренатива во надворешната политика. Убаво ако се слуша ќе се види од нејзиниот кажување дека таа е бранител на реалполитика чие кредо е „ Сила Бога не моли“, односно политика на сила. Според Димова ЕУ со сите свои слабости била врвот на Демократијата ваква каква што е!  Се гледа колку и како е демократијата сега после брегзитот, сега на ставањето на вето врз Унгарија и расколот кои настанува поради тоа во самата ЕУ,  па така на една страна можеме да ги видиме Унгарија, Италија, Полска, Австрија, Чешка, Словачка, а на друга страна Ѓубретариве, А Германија се уште гледа на која страна да застане. Ех тоа да ти било убавата и слободна европска демократија  која Димова ни ја продава како врв. Не бре, се работи за црковна догма.
Друга работа од која мене ме фати ужас додека ја гледав дебатата е излагањето на Димова дека правото било иструмент на политиката , што не е точно тврдење, Бидејќи правото  е постаро од политиката и се знае што е право. Правото е нешто што секојдневно го користиме за да го регулираме секојдневниот живот. Ако  сакате да и читам помеѓу редови на Димова, секако по утврдената методологија на Александар Пандов, Димова сакаше да ни каже дека тие би го уредувале правото според нивната политика и за да ја остварат таа нивна своја политика тие ќе го користат правото, ќе го бришат, пиши бриши според тоа како нив им одговоара, за нив нема да важат законите како и за другите. Ќе се прогласат за нешто посебно над останатие зада нема да може да одговарат пред правото. Значи све е кажано во една реченица и водителот на дебатната емисија кои изгледаше како да излегол од глувчешка дупка ни глас да му чуеме, а камоли да потпраша да и рециплира, да побара објаснување и сл.
Речиси цела емисија пројде во вреѓање на народот од страна на Димова, да од оној ист народ кои молат да излезе на референдум, да излезе на гласање на избори и да гласа за нив. Да кажеш дека сопствениот народ е ниско образован и неписмен, само затоа што не се согласува со ставовите на Димова или не ги знае на памет актите и под актите  на ЕУ како што ги рецитира госпоѓава е навистина невкусно за некој носител на НВО- сектор кои претендира да биде и демократ.
Има ли некој да ја заустави госпоѓава?  Имаме ли институции во државава кои нормално си ја вршат работата? Има ли маж кој ќе ја прибере женава ? Имаме ли институци за ментално здравје како Бардовци и Демир Хисар кои треба да си ја вршат својата работа,  а тоа е да ја заустават особава и на неа сличниве со дијагноза кои секој ден ни парадират по малите екрани и експлоативно манервират со нивнатна стравотна преверзија. Можеби пропаѓаат и единствено што умеат е да манервират и да бидат преверзни, тоа е стара комунистичка школа.
Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.

Остави коментар