Четврток Спроти Ајварден, 19ч, Собрание! Голем Се-Македонски Собир Против Предавнички Референдум!
Сподели на социјалните платформи:

И покрај забрана на Хунтата за одржување во Петок 28ми, големиот Се-Македонски собир „Бојкотирам Северна, Секогаш Македонија!” ќе се оддржи во Четврток, на 27ми Септември со почеток во 19:00 пред Собранието.

СТОП! Доста не присилувате нас да си го смениме нашето име. Ние сме Македонци, а Македонија е името на нашата татковина!

Ние студентите и младите нема да ви дозволиме да ни го смените нашето име, идентитет и јазик. Државата останува на младите и токму затоа ние сме тие кои треба да одлучуваат за иднината на Македонија. Затоа токму ние ќе ја поведиме битката за одбрана на нашите човекови права, за нашето достоинство и нашата чест.

Во име на нашите основни човекови права и достоинство, ние ве повикуваме сите вас да се придружите на огромниот сенароден собир за бојкот на референдумот за наше преименување во Северна. Огромниот сенароден и непартиски протест кој ќе се оддржи на 28ми септември во 19:00 ч пред Собранието во Скопје .

Бојкотот треба и мора да победи! Бојкотот ќе победи затоа што промената на името за македонскиот народ претставува културен холокауст! Бојкотот мора да победи бидејќи тоа што за Евреите беше холокаустот, тоа за Македонците е промената на името! Бојкотот по секоја цена мора да победи бидејќи промената на нашето име е еднакво наше уништување!

За нас Македонците ова е битка како битката на последниот Мохиканец – ова е битка за опстанокот! Или ќе опстанеме како народ, или ние Македонците ќе изумреме и ќе исчезнеме. Токму затоа по секоја цена мора да го одбраниме нашето име! Ние знаеме кои сме, ние сме биле, сме и ќе останеме Македонци и никој тоа нема на овој свет да го смени! Затоа, придружете ни се!

Настанот е исклучиво непартиски и позади него не стои ниту една политичка партија.

Бојкотот ќе победи!
Бојкотирам Северна, Секогаш Македонија!

https://www.facebook.com/pg/MZMakedonija/posts/?ref=page_internal

 

Остави коментар