Додека траеше “научната” расправа во МАНУ на “врвните научници” и пучисти Заев и Бејли, храбрите представниците на #Бојкотирам од движењето Македонска Преродба го изразија незадоволството од Преспанската спогодба пред зградата на МАНУ (во иднина АНУС). Потоа тие влегоа во МАНУ ја прекинаа предавничката седница и поднесоа декларација до МАНУ против предавничките активности на нелегитимната хунта.

„Сметаме дека во овие пресудни мигови за нашата држава и македонскиот народ во оваа институција од големо значење МАНУ да биде заведен во архивата овој документ, на кој што од денес понатаму ќе може да се повика секој Македонец во било која постапка во која ќе се одлучува за неговите основни човекови права и слободи“.