Транскрипт: УЧК/ИСИЛ се Радувале Кога Ги Застрелале Голораките Македонски Деца на Велигден!
Сподели на социјалните платформи:

Родителите на убиените момчиња побараа судењата да одат побргу и и под морална и кривична одговорност тие излегоа пред судот и изјавија дека се манипулира со судбината на нивните деца. Тие бараат судот да го објави идентитетот на двете, наводно непознати лица, чии гласови се слушаат на снимките од телефонските разговори – пренесува весникот „Независен“

Квислингот и Крвникот Гушнати! Ќе им Тежат Младите Македонски Души до Нивниот Крај!

Исто така, инсистираат да се утврди одговорноста на петте функционери на ДУИ, за кои отворено се зборува дека наводно се вмешани во случајот. Горан Наќески, татко на едно од убиените момчиња, во име на сите родители изјави дека премиерот Зоран Заев неколкупати им ветил дека ќе ги каже имињата на функционерите на ДУИ – пишува весникот.

Постојат транскрипти за разговор меѓу Фејзи Азири и Невзат Бејта, но тогаш, ДУИ му беа политички противници на ценетиот премиер Заев, а сега се заедно во власта. Од тие причини, Заев сега не сака да ни ги даде доказите кои наводно биле државна тајна. Бараме судот да изврши претрес во седиштето на СДСМ и да ги пронајде доказите со кои Заев манипулира и уценува. Доколку судот смета дека изнесуваме невистини, нека го повикаат премиерот да се соочи со нас, а ние ќе го чекаме колку што ќе биде потребно” – рече Наќевски, пренесува „Независен.

Децата ни ги убија во четврток вечерта, во петок ни ги донесоа, а нивните очи беа отворени. Се до саботата, додека да ги погребаме им течеа солзи. Сите тие што го извршија грозоморниот чин да се плашат од тие солзи, рече Наќевска, која побара Судот и обвинителството да ги утврдат улогите на обвинетите, дали се извршители или помагачи.

„Вечерва сонував еден многу лош сон како му ги врзав рацете на момчето, па плачев, па сега си велам да не се израдувам да не не сум го довршил тој никаквец“, стоело во транскриптотот од разговорот меѓу Азири и еден од петмината функционери на ДУИ, кои комуницирале со обвинетите, а кој го прочита Зорица Наќевска, мајка на убиениот Александар. Прочитај повеќе овде: На Велики Четврток Овие Млади Животи беа Егзекутирани од УЧК/ИСИЛ на Смилковско Езеро! Не Забораваме! и овде: Рускиот Дипломат Протеран со Цел Прикривање на Учеството на УЧК во Масакрите на ИСИЛ врз Цивили и Деца!

Невзат Бејта, високиот функционер на ДУИ, чие име се посочува во случајот „Монструм“, одбива да ги коментира наводите на родителите на убиените момчиња кај Смилковско езеро за вмешаност во убиствата. „Надвор од државава сум, пријатно“,изјавил Бејта за Независен.

Остави коментар