Иднината на Европа е Граѓанска Војна (Дел 2 – Британска Перспектива)
Сподели на социјалните платформи:
Припадници на Британија Над Се Протестираат Против Исламскиот Терор во Велика Британија

Жалната вистина е дека и покрај тоа што никој не ја сака, војната сепак ќе стигне на нашиот континент. Нема да биде како онаа претходната, што скоро го уништи националниот идентитет. Нема да биде војна помеѓу две држави, па едната ја нападнала другата држава, за да освои територија и власт над неа.

Ова ќе биде далеку поширока војна, но сепак внатрешна, мислам на континентот Европа и ќе биде на идеолошка основа. Имено, колку земјите на континентот ќе слабеат, во демографска смисла, ќе се намалува бројот на бели европејци во многу држави, во толку ќе зајакнуваат моќните, глобалистите, луѓе без свои корени, без идентитет, поданички елити, кои веќе се на чело во многу европски земји. Тие ќе го зајакнат и зголемат програмирањето, државните телевизиски канали ќе ја зајакнат пропагандата, се со цел да ни кажат дека вредностите се тие што се важат и сметаат, се друго, не е важно.

Ќе почнеме да ги гледаме специјалните офицери, што веќе ги спомнавме, оние чија задача е да собираат информации, како се шетаат низ земјата и њушкаат. Народот, кој го плаќа данокот, всушност ќе плаќа за своето затвoрање, бранејќи се, ќе се плаши да го напушти домот, кој ионака нема да може да го одбрани во ниеден случај.

Во земјата, В. Британија, уличниот криминал е во пораст, затоа што никој не превзема ништо. Уличните банди треба да се третираат од државата,  еднакво со тероризмот. Статистиката покажува дека, повеќе има жртви на невини граѓани од уличните банди, отколку од тероризмот. Недостасува дебата за оваа тема. Јавните личности воопшто не ја коментираат оваа, веќе очигледна за јавноста, појава.

Она што не сака да се спомене е можноста, државата да ги вооружува уличните банди. Ќе прашате зошто ? Одговорот е едноставен. Користејќи ја исламофобијата, им дозволува на младите имигранти, кои организирани во улични банди, вербално и физички, да ги малтретираат обичните, бели граѓани, да им втеруваат, како што се вели, страв во коски, за да овие седат дома и да се плашат да излегуваат на улица. Така се создава сервилна и послушна нација, или како што би рекле нашите, така се прави народот, овци за стрижење, односно плаќај данок и молчи.

Неолибералната должничка машина треба да се храни или попластично кажано, се додека музиката свири, мнозинството да танцува. Така нема да приметат дека се ограбени и заменети со имигранти.

Државата ја охрабрува муслиманската заедница да раскажува приказни за криминал сторен од верска омраза, за да ги прикаже истите, како случајни. Телефонскиот број на кој граѓаните можат да пријават криминал или кривични дела од верски карактер, поточно анти-исламски говор на омраза, е всушност финансиран од државата и секогаш добива публицитет односно се прикажува во медиумите како главен и важен фактор во спроведувањето на кампањата, но без давање информации во јавноста за вистинските статистички бројки, за делата од овој сегмент.

Вахабистите во Лондон со Слогани – Ќе ги Заколиме и Обезглавиме Сите што се Против Исламот

Замислете ги специјалните офицери и невладината организација финансирана од државата, како патролираат по улиците на Лондон и како собираат докази за анти-исламски говор на омраза. Ако беше така, немаше да се случуваат толку многу вакви криминални акции и граѓаните немаше да имаат проблеми. Но, не е така. Замислете, сите вакви проблеми, да бидат британски, а не исламски; да владеат британските закони, а не исламските.

Замислете да може, британците да поставуваат прашања за исламот и имигрантите, да се дискутира на оваа тема и да се бараат одговори и решенија за мирни солуции, а не насилни. Но, наместо тоа да се поддржува, се апси 78 годишен старец, што си го бранел домот и неподвижната сопруга. Критикувањето на исламот е забрането, а градот, Лондон, е препуштен на криминални банди, во кои најголем дел од нив, се од имигрантско потекло.

За крај, Питер Хиченс за предстоечката граѓанска војна на Европскиот континент.

Базирано на написот на Аш Шарп од RepublicStandard: Иднината на Европа е Граѓанска Војна(Гугл Преведувач на Македонски)

 

Остави коментар