Преземено од Off-Guardian.org. Топлото летно утро на 2 август 1980 година, масовна експлозија ја разнесе главната чекалница на железничката станица во Болоња. Осумдесет и пет лица загинаа, а стотици други беа повредени. Иако на почетокот за нападот се обвинуваа италијанските легендарни урбани герилци, Црвените бригади, наскоро се утврди дека нападот, всушност, потекнува од “Длабоката држава” или Дип Стејт (Deep Statе) на самата италијанска влада во соработка со ЦИА, Ватикан и Мафијата.

Членовите на оваа група вклучуваат не само стотици екстремно десничарски лица во разузнавачките, воените, владините, медиумските, Ватиканските црковни и корпоративните сектори, туку и шарен асортиман на фашисти останати од Втората светска војна, психопати и криминални типови од подземјето. И покрај обидите на Андреоти да ја нарече групата како “патриоти”, се чини дека е очигледно за голем дел од остатокот од италијанците тие се терористи.
Истражувањата направени од страна на Даниел Гансер, Клаудио Целани, Јурген Рот и Хенрик Кругер ги открија врските со слични групи ширум Европа, од кои сите беа идентификувани како терористички организации на “Длабоката Држава” и за сите беше пронајдено дека на крајот сите биле потчинети на највисоките нивоа на командните структури на ЦИА и на НАТО.
Така називот “Гладио” (по мечот со две острици што се користел во Рим) беше проширен и вклучува терористички структури на “Длабоката Држава” како: “P2” Во Италија, “P26” во Швајцарија, “Sveaborg” во Шведска , “Контра-Герила” во Турција, “Овчја Кожа” во Грција итн. Истражувањата покажаа дека оваа (речиси дефинитивна) европска листа има врски не само со речиси секоја терористичка организација спонзорирана од САД ширум светот (вклучувајќи ја и операцијата Кондор во Латинска Америка), но исто така и со многу од глобалните нарко картели кои обезбедија таинственото богатство потребно за финансирање и на друг начин подмачкување на целата гнила, корумпирана крвава организација.
Ако сето ова звучи доволно злобно, тоа е поради фрленото светло на деталната структура на оваа ѓаволскоа работилница. И за оние детали што сега ги дознаваме од извонредната работа на новинарот Пол Л. Вилијамс насловена како “Операција Гладио: Нечесниот сојуз меѓу Ватикан, ЦИА и мафијата”. Иако постојат и други книги на оваа тема, кои вредат да се споменат (вклучувајќи го и споменот на Даниел Гансер, “Тајните армии на НАТО” и неодамнешниот и стилски напишан Ричард Котрел, “Гладио: НАТО-нож во срцето на Европа”), на Вилијамс му должиме благодарност за обезбедување на повеќе или помалку целосно интегриран портрет на глобалните махинации на операцијата Гладио.
Пред да се започне со нашето мрачно и фасцинантно патување, вреди да се забележи дека додека “Гладио” беше официјално признаен како постоечки и осуден како таков од Европскиот парламент во ноември 1990 година, (Вашингтон и НАТО, секогаш одбивале да го коментираат ова прашање), и неговите разновидни органи и фракции требаше да бидат демонтирани, тешко е да се верува дека тоа и се случило. Историскиот контекст на “Гладио”, всушност, е најистакната позадина за разбирање на настаните на лажно знаме, бренд на тероризмот во модерната ера кога се врши акт со цел да се обвини друг.
Општото потекло на оваа лавиринтска мрежа на актери на Длабката Држава лежи во таканаречените “останати зад себе армии” формирани на крајот од Втората светска војна од страна на сојузничките сили (главно САД). Овие “армии” брзо се трансформираа во мисија за “внатрешна субверзија” на државите каде постоеја. Таквите на крајот ќе резултираат со поткопување не само на поствоениот европски социјализам, туку и на глобалната демократија.
ЦИА и Фашистите
Првичниот творец на “остатоците од армиите”, Вилијамс не информира, беше генерал Рајнхард Гелен, шеф на германската воена разузнавачка служба за време на Втората светска војна. Предвидувајќи уште од почетокот дека Рајхот бил осуден на пораз, Гелен ја “создал идејата за формирање тајни герилски единици составени од млади луѓе на Хитлер и фашистички фанатици”. Овие герилски единици ги нарекува “врколаци”.
Канцеларијата за стратешки служби на САД (OSS и претходникот на ЦИА), под раководство на Вилијам Бил Донован, брзо ги вклучиле Гелен и СС генералот Карл Волф (во 1945 година) во формирањето на Геленската организација (подоцна да се трансформира во денешната германска БНД) и која ја добила првичната финансиска помош од разузнавачките ресурси на американската армија Г-2.
Американската точка за врска за ова беше Ален Далс, првиот претседател (во 1927 година) на Советот за надворешни односи, а подоцна и првиот шеф на ЦИА. Соодветно инкорпорирани во американските сили, “врколаците” со оглед на тоа што нивното првично мешање се одржа во Италија, беа ребрендирани како “гладијатори”. И така Операцијата Гладио беше родена.
Во 1947 година, ЦИА (која ја наследи OSS) се соочи со својата прва крвава задача, односно како да ја спречи италијанската Комунистичка партија (ППИ) да ја формира следната влада. Изборите беа закажани за 1948 година, а ППИ беше сигурен победник – не само во Италија, туку и во Сицилија. За “среќа”, Гладио беше подготвен. Гладијаторите се обучуваа во специјален логор формиран во Сардинија под локална команда на поранешниот италијански фашистички водач на Втората светска војна, принцот Јунио Валерио Боргезе.
Покрај тоа, стотици американски мафиози почнаа да пристигнуваат на брегот на Италија за да помогнат. Пристигнувањето на “искусните луѓе” беше резултат на напорите на Донован од 1943 година натаму во работењето со американските мафијаши Чарлс “Луки” Лучијано и Вито Џеновезе за да направат нови патишта на дроги за финансирање за операциите на ОSЅ и повторно да ја инсталираат Сицилијанската мафија на островот. Овие сили сега беа ослободени од гонење а низ 1948 година просечно пет луѓе неделно беа убивани од страна на терористичките единици поддржани од ЦИА. Резултатите беа мрачно предвидливи. ППИ беа поразени и христијанските демократи се вратија на власт.
За да организирате вакво нешто потребно е да најдете начин како да го отплатите мафиозот без да забележи некој; всушност, како да се скрие, да се перат пари и да се скрие целиот овој финансиски криминал – од љубопитните очи на властите, Министерството за финансии. полиција и така натаму. Како го правиш тоа?
ВАТИКАНСКО ПОВРЗУВАЊЕ
Основана од страна на папата Пие XII и Бернардино Ногара во 1942 година, Ватиканската Банка брзо ќе стане главна поштенска врска и за сицилијанската мафија и за ОСС/ЦИА, при што сите пари и документи поврзани со трговијата со дрога и со Гладио ќе се складираат и ќе се перат преку Ватикан. Веќе во 1945 година папата одржа приватна средба со Донован за да разговара за спроведувањето на Гладио. Пред ова време Пие XII се докажа како лојален сојузник во соработката со Далс и со ОСС за да им помогнат на истакнатите нацисти да избегаат од Европа. Сега се отвораа нови хоризонти. Првата задача, се разбира, беше да се уништи комунистичката закана во однос на изборите во 1948 година. За таа цел папата ги овластил своите терористички единици (под монсињор Бичиреаи) да им помагаат на гладијаторите и на “мафиозите” во заплашување на италијанскиот електорат. Задачата беше извршена.
Меѓутоа, втората должност била долгорочна. Комунизмот, социјализмот и, всушност, секој облик на прогресивна влада, насекаде, мораше да се искорени во корен. За ова беа потребни пари. Многу пари. Недостапни пари. И тука се најдоа парите на дрогата. Така во месеците пред изборите во 1948 ЦИА депонираше околу 65 милиони тогашни долари во Ватиканската банка. Изворот на овие пари доаѓа од хероинот произведен од италијанскиот фармацевтски гигант “Скиапарели”, а потоа транспортиран од сицилијанската мафија на Куба, каде што беше исечена и потоа дистрибуирана до Њу Орлеанс, Мајами и Њујорк од страна на семејството на Санто Траурманте. Добивка од оваа трговија беше за потребите на ЦИА и “Гладио”. Но повеќе пари беа потребни. Значи и повеќе мрежи за дрога и повеќе банки. Гладио веќе се издигна на глобално ниво.
Така нов сојуз беше формиран со Корзиканската мафија. За разлика од сицилијанската мафија, Корзиканците имаа големо искуство во преработка на хероин, вештина што ја добија со години работејќи со техничари од Лаос, Камбоџа и Виетнам во француската Индокина. Тогаш се појави патот н набавка од Бурма преку Турција до Бејрут и оттаму до Марсеј. До 1951 година, Марсеј стана центар на западната индустрија за хероин. Voila, “Француска врска”.
До 1958 година целата операција беше толку успешна што беше воспоставен вториот пат за снабдување преку Сајгон. Овде, помошта на Ngo Dinh Diem, САД инсталираниот диктатор на Јужен Виетнам, се покажа непроценлива.
Но, назад во Ватикан. Ватинаската Банка беше цврст банкарски столб на тероризмот на Гладио што можеше да се очекува, но тешко можеше да се очекува таков “успех”. На крајот глобалната хероин индустрија, до 1980 година, ќе заработува огромни 400 милијарди долари годишно. Но за ова ќе биде потребна обемна и оркестрирана финансиска мрежа за дополнување на Божјата банка.
Конечно, вреди да се напомене дека овие Ватикански институции беа поврзани во тесна криминална прегратка со многу од најпрестижните финансиски компании во Америка, вклучувајќи ги Ситибанк, Банката на Њујорк и Банката на Бостон. Но, тогаш, што правеле со сите овие пари?
ТЕРОРОТ
По спречувањето на италијанската демократија во 1948 година, тајните армии на “Гладио” влегоа во период на она што може да се карактеризира како инкубација. Така, во текот на 1950-тите години беа создадени разните рути за снабдување со дрога и финансиски мрежи, како и некои од главните политички организации. Веројатно најважното од ова второто беше “пропагандата ложа” инаку позната како “P2”.
Посебно значаен за “P2” беше Лицио Гели. Педигрето му беше: поранешен волонтер во 735-тиот баталјон на црните кошули, поранешен член на елитната СС дивизија под Фелд Маршал Геринг, а потоа, илегално вработен во американскиот контра-разузнавачки корпус на Петтата армија. Работејќи со Вилијам Колби, агент на OSS во Франција, и Ален Далс, директорот на OSS, Гели наскоро добил влез во Ватикан, каде што помогнал во поставувањето на нацистичките планови за бегство во Аргентина. Неговите врски со Аргентина подоцна ќе се покажат како критични во спорведувањето на операцијата Кондор (американската програма за масовно убивање во 1970-тите и 80-тите години во Јужна Америка). Покрај тоа, во 1972 година, Гели ќе се појави како врховен “Почитуван мајстор” на P2 под чие водство ложата ќе го достигне својот целосен, ужасен процут.
Една од првите суштински дејства на Гладио беше турскиот државен удар од 1960 година. Актуелниот премиер Аднан Мендерес, направи фатална грешка во верувајќи дека тој навистина е одговорен, за потоа и да започне посета на Москва за да обезбеди економска помош. “Армијата во рамките на војската” во Турција позната како Контра-Герила, во сојуз со турската војска, брзо ги скрши неговите такви заблуди апсејќи го и убивајќи го. Во текот на 1970-тите, и Контра-Герила и нејзиното младинско крило, “Сивите волци”, ќе започнат “редовни терористички напади … кои резултираа со смрт на над пет илјади ученици, студенти, наставници, синдикални лидери, писатели и политичари”.
Контра-герила, исто така, ќе се појави и во турскиот државен удар од 1980 година, кога нејзиниот командант, генерал Кенан Еврен, ја собори умерената влада на Булент Еџевит. Според Вилијамс, американскиот претседател Џими Картер му се јавил на шефот на станицата на ЦИА во Анкара, Пол Хензе, со радост: “Твоите момчиња го сторија тоа!” Она што го направија, се разбира, беше вопоставување на тиранија во која илјадници лица ќе бидат мачени по затворите. Момчињата од турско Гладио, исто така, ќе бидат вмрежени во 1980-тите по ПКК – Курдистанската работничка партија. Сето ова беше во согласност со основната визија на Збигњев Бжежински (советник на Картер за национална безбедност) за важноста од контролирање на Централна Азија, на која Турција беше и витален портал и, според тоа, клучен сојузник на НАТО.
За жал, Гладио ќе се докаже како разочарување во Франција, каде што беше поддржан обид за атентат против премногу независниот претседател Шарл де Гол. Всушност, токму тоа беше времето кога НАТО – во тоа време со седиште во Париз – беше без церемонии исфрлен од Франција (во 1966 година, оттаму се префрли во своето сегашно славно корумпирано престојувалиште во Брисел). Но, се разбира, де Гол беше визионер пред сите и многу добро разбра кој навистина беше зад хаосот и обидот за убиство.
И Грција, исто така, беше нападната. Во 1967 година, “Хеленската војска”, франшиза на “Гладио” во сценариото на НАТО под наслов “Операција Прометеј”, ја собори левичарската влада на Јоргос Папандреу. Следната воена диктатура ќе трае до 1974 година, иако ова тешко дека го означи крајот на грчките немири. Од 1980 до близу крајот на милениумот, Грција страдаше под владеење на терор и политички атентати номинално припишани на “17 ноември”, наводна марксистичка револуционерна група, но која всушност (авторите Котрел и Гансер) беше уште една фракција на грчкиот-Гладио, познато како “овчарска кожа”.
Ова ја илустрира точката која првично беше откриена во истражувањето на Гансер за тоа дека буквално секоја наводна “левичарска револуционерна” група, која рече дека работела во Европа во текот на повоените години, била, всушност, единица на тајната армија “Гладио” и биле целосно инфилтрирани од страна на државните разузнавачки служби, и подоцна биле управувани од нив за државни-терористички цели во стилот на Гладио.
Таков е добро документираниот случај на “Црвените бригади” во Италија и “Баадер-Меинхоф бандата” во Германија (“бандата” била погодно и ладнокрвно истребена во “ноќта на долгите ножеви”, 18 октомври 1977 година, додека биле во притвор во затворот Стамхајм).
Во Шпанија, во раните 70-ти години, Стефано Деле Чија и другите соработници на “Гладио” од Италија ја обезбедија нивната консултантска експертиза за градењето на тајната полиција на генералот Франциско Франко, која спроведе над илјада насилни дела и околу 50 убиства. По смртта на Франко во 1975 година, Деле Чија се пресели во Чиле за да им подаде “татковска рака” на терористите на Августо Пиноче, поддржан од ЦИА, за да ги вопостават своите единици на смртта. Во подоцнежните години единицата на шпанската Гладио ќе пронајде работно ангажирање во лов и атентат врз лидерите на баскиското сепаратистичко движење.
Од Италија веќе ги спомнавме “годините на олово”. “Стратегијата на напнатост” која започна во 1969 година во Италија – истата година “Кондор” беше отворена во Латинска Америка – беше одговор на обновената популарност на комунизмот низ целата земја и која сама по себе беше делумно како одговор на подигнување во револуционерната чувство на глобално ниво како резултат на антипатија кон војната на САД кон Виетнам. Како решение за оваа “непријатна состојба” беше внесување на “здрава доза” на терор. Според Вилијамс, “Хенри Кисинџер, советник за национална безбедност на Никсон, му издаде наредба на Личио Гели преку неговиот заменик генерал Александар Хejg за спроведување на терористички напади и обиди за државен удар”. Терористичките напади почнаа на 12 декември 1969 година, кога експлодира бомба во преполн лоби на една банка во Милано, Пјаца Фонтана, во која седумнаесет луѓе беа убиени, а осумдесет и осум беа повредени. Во следните години (од 1969 до 1987 година) следеa повеќе од 14.000 дела на насилство со политичка мотивација. Најтрагичното беше бомбата во Болоња во август 1980 година и што доведе до првичното разоткривање на Гладио во Италија.
Од многуте обиди за државни удари и поврзаните политички махинации на високо ниво, изработени од силите на Гладио во Италија (1963, 1970, 1976) и Сицилија (повеќе или помалку континуирано на допир низ целата деценија) најпознато е киднапирањето на 16 март 1978 година – и убиство месец или така подоцна – на премиерот Алдо Моро. Моро се осмелил да ги вклучи комунистите во неговата нова коалициска влада. На прво место на обвинетите беа вообичаените осомничени, односно на Црвените бригади, понатамошната истрага (за да започне со новинарот Кармине “Мино” Пекорели, кој плати со својот живот) доведе до вистински вообичаени осомничени вклучувајќи го и оперативниот агент на ЦИА, Марио Моретти (конечно осуден за убиството) и оттаму линијата кон Гели, потоа до италијанскиот министер за внатрешни работи, Франческо Косига, и на крајот до Збигнев Бжежински.
Така работат оние кои не учат демократски вредности,човекови права и верба во бога. Сегашните активности доволно сугерираат дека Гладио никогаш всушност не се затвори. Прочитај повеќе во Off-Guardian.org.