Русија ја Спасува Европа од Енергетската Криза – Андреј Корибко
Сподели на социјалните платформи:
Додека пред зимата ЕУ е во енергетски хаос кој во Брисел предизвика паника со раст на цените на гас од 40% преку ноќ и последниве неколку месеци достигајќи рекордна цена од 1.900 долари за 1.000 кубни метри, Русија порача дека до максимум го зголемува снабдувањето на Европа користејќи ги сите возможни рути за да ја спаси од замрзнување. Повеќе од написот на аналитичарoт Андреј Корибко:
Далеку од милитаризирање на енергијата за да се остави Европа да се замрзне од наводен геополитички инает, Русија го искористи својот извоз на енергија во ова време на криза како алатка за поправка на билатералните односи и подобрување на тоа како јавноста на нејзините партнери во ЕУ го перцепира тоа.

Лажната информативна војна за пропагирање на САД дека Русија наводно го “користи како оружје” својот извоз на енергија во Европа, беше разголена откако Евроазиската велесила вети дека ќе им помогне на своите соседи да ја преживеат сегашната енергетска криза. Всушност, и покрај тоа што претходно се плашеше за гасоводот „Северен тек II“ што на крајот беше завршен, самите САД почнаа да увезуваат повеќе нафта од Русија од кога било досега до тој степен што Блумберг (кој не може веродостојно да се смета за пријателски кон Русија, и постојано наоѓа таканаречена „проруска пропаганда“) беше принуден да објави во август дека „Русија го зазема второто место меѓу странските снабдувачи на нафта во САД“. Овој изненадувачки факт е потврден со сопствената статистика на Американската администрација за енергетика на нивната официјална веб -страница.

Германската канцеларка во заминување Меркел, која се смета за најмоќна и највлијателна сила во ЕУ, рече  дека Русија ги исполнува сите договори и не е виновна за енергетската криза во блокот. Рускиот претседател Путин порастот на трошоците за енергија го припишува на хистерија и неред на пазарот предизвикан од неточни шпекулации и лошото управување со транзициите за де-карбонизација во многу земји. Тој, исто така, рече дека Европската комисија направи грешка кога се  префрли од долгорочни договори за гас кон трговија на лице место. Рускиот лидер потоа потврди дека Гаспром никогаш не одбил да го зголеми снабдувањето со гас кога барањата се на место и го упатува неговиот министер за енергетика да обезбеди одржување на транзитот низ Украина. Сите овие случувања докажуваат дека Русија е најсигурниот енергетски партнер на ЕУ.

Неодамна завршениот гасовод „Северен тек II“ и претходно завршениот „Турски тек“ во голема мера ќе придонесат за енергетската безбедност на блокот, особено во смисла да му помогнат да ја преживее тековната криза. Противењето на САД на двата проекти беше себично и имаше за цел да изврши притисок врз своите партнери да се потпрат на нејзиниот многу поскап и релативно помалку сигурен извоз на течен гас – ЛНГ. Целиот свет сега гледа колку ќе беше контрапродуктивно доколку ЕУ целосно се придржуваше кон советите на Америка онала како што сакаше нејзиниот покровител. За среќа, се уште остануваат некои сојузници на САД, кои задржуваат фокус на стратешкиот суверенитет и ја разбраа мудроста во проширувањето на енергетските врски со Русија, и покрај американскиот притисок да ги намалат.

Сето ова докажува неколку важни точки. Прво, САД се тие кои се несигурни партнери за Европа во сите погледи, а не Русија. Евроазиската голема сила брза да ги спаси своите соседи, но тоа немаше да биде возможно доколку нејзините партнери целосно се придржуваат кон притисокот на САД да ги намалат и на крајот да ги прекинат енергетските врски со Москва. Тука лежи втората точка, имено дека САД беа тие што се обидоа да го “користат како оружје” извозот на енергија со политички русофобни изговори, со цел да ја направат ЕУ зависна од нејзиниот поскап и помалку сигурен извоз на ЛНГ. Третата точка е дека САД користеа лажни наративи за воено-хушкачка информативна војна до нејзиниот неуспешен крај, што дополнително би требало да го намали нејзиниот кредибилитет во очите на европската јавност.

Одејќи напред, оваа иста европска јавност треба ќе сфати дека политички русофобичните верувања што некои од нив за жал ги поддржуваат, беа резултат на американската кампања на информативна војна, насочена токму  против нив. Далеку од “заоружување” на енергијата за да се остави Европа да се замрзне од наводен геополитички инает, Русија го искористи својот извоз на енергија во ова време на криза како алатка за поправка на билатералните односи и подобрување на тоа како јавноста на нејзините партнери го перцепира тоа. Според тоа, американскиот и рускиот пристап кон таканаречената „енергетска дипломатија“ не можат да бидат поразлични, бидејќи првите ги сметаат овие средства како оружје за доминација врз „партнерите“, додека вториот смета дека ова е можност за подобрување на односите, перцепциите и на стандардот на живеење.

Од  Андреј Корибко

Американски политички аналитичар

Ви се Допадна Написот? Сподели ја Веста! Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Глобалофашистичките ЦИАшки Социјални Мрежи, Запиши се на Мобилен на t.me/kolozeginfo Телеграм Групата, на слободните мрежи ГАБ и ВКонтакте (Еквиваленти на Фејсбук), на Рамбл и Битчут (еквиваленти на Јутјтуб) наскоро на Парлер (Еквивалент на Твитер) или преку мејл (подолу) и Добивај Директно Коложег.Инфо!

Остави коментар