Пекинг Издаде Досега Најостро Предупредување за Војна! Кина Објави Дека Сега е Подготвена Брзо да ги Порази САД!
Сподели на социјалните платформи:

КИНА го објави своето најсмртоносно предупредување досега дека САД ќе бидат „брзо поразени“ доколку двете суперсили тргнат во војна во услови на напната состојба на Јужното Кинеско Море и Тајван. Заканата беше издадена како одговор на заедничките воени вежби извршени од САД, Јапонија, Австралија и Франција.

Кина вети дека брзо ќе ги победи САД во воен конфликт во едно од најексплицитните предупредувања на Кина до САД досега. Кинескиот „Глобал тајмс“, кој се смета за владин медиум, објави едиторијал во кој се открива заканата како одговор на заедничките воени вежби извршени од САД. Оваа недела САД почнаа воени маневри во близина на Кина (види слика долу) со Јапонија, Австралија и Франција во намерно покажување сила против Пекинг.
КИНА
Кина вети дека брзо ќе ги победи САД во воен конфликт

Ова предизвика жестока реакција на официјалните државни весници на Пекинг, објавувајќи доверба во кинеската воена супериорност.

Алекс Михаилович од РТ Америка изјави: „Глобал тајмс објави едиторијал во кој се вели дека САД ќе бидат поразени доколку избувне некој конфликт во Јужното кинеско море.

„Многумина ги гледаат вежбите како показ на сила насочена кон Кина, бидејќи Јапонија работи кон консолидирање на сцојата војска.”

„Како и да е, вежбите повеќе ја иритираа Кина отколку да ја направат повоздржана“.

Тој продолжи: „Според уводникот на Глобал Тајмс, САД ќе бидат поразени ако се борат со Кина во нејзините соседни води“.

Уредникот исто така нагласи дека Народноослободителната армија „дури и не треба да дава остри одговори на заедничките вежби, бидејќи се воено незначителни“.

Оваа недела САД започнаа воени вежби со Јапонија, Австралија и Франција во намерно покажување сила против Пекинг (Слика: ЕКСПРЕС)

Поранешниот пратеник во Велика Британија, Џорџ Галовеј, изјави за РТ дека овие мавтања со оружје на САД во соседството на Кина, ќе предизвика зголемување на воената подготвеност од Кина.

Тој рече: „Ова ќе биде само поттик за понатамошен развој на кинеската воена морнарица. „Освен ако не се будали, тие сега ќе градат толку многу воени бродови што никој нема да се осмели да припари во Источното Кинеско Море и да им се заканува на кој било начин.

Еднонеделните вежби се состојата од тренирање на војници во активности како што се симулирани урбани борби, како и одбрана на оддалечени острови и пресретнување на пловни објекти на море.

Вежбите се дизајнирани да испраќаат порака до се повеќе силната и воено подготвена Кина.

Адмиралот Пјер Вандиер, началник на францускиот поморски штаб, рече: „Нашата порака ќе биде насочена кон Кина“.

На почетокот на оваа недела, Кинеската народноослободителна армија објави видеа на кои се гледа како нејзините маринците тренираат слетување на остров во очигледна порака до Тајван. Видео-снимката објавена од морнарицата на КНА покажува маринци од командата на источната воена команда во неодамнешната вежба за слетување за симулирана инвазија.

Како Кина пларнира да ја победи САД, пишуваше претходно Medium.com пренесувајќи ја следнава анализа.

Лошата вест дојде од Ли Фуел, од Националниот центар за разузнавање на воздухопловството и вселената на американското воено воздухопловство, за време на сведочењето на Фуел пред американско-кинеската комисија за преглед на економска и безбедност во Вашингтон.

Со децении, кинеското воено планирање претпоставуваше дека секој напад на Народноослободителната армија врз Тајван или спорните острови ќе мора да започне со превентивен ракетен удар во Кина во стил на Перл Харбор, против американските сили во Јапонија и Гуам. ПЛА тогаш се плашеше од огромна американска интервенција што искрено веруваше дека не може да победи, освен ако Американците не бидат отстранети од бојното поле пред да започне главната воена кампања.

Превентивен удар беше, непотребно да се каже, многу ризичен предлог. Ако успееше, ПЛА може да обезбеди доволно простор и време да ги победи одбрамбените трупи, да заземе територија и да се позиционира за поволно повоено решение.

Но, ако Кина не успее да ги оневозможи американските сили со ненадеен напад, Пекинг би можел да се најде во целосна војна на најмалку два фронта: против земјата што ја напаѓаше плус целата моќ на американската пацифичка команда, целосно мобилизирана и веројатно силно поддржана од остатокот на светот.

Но, тоа беше тогаш. Сега, по две децении силна воена модернизација, кинеската армија суштински ја смени својата стратегија. Според Фуел, неодамнешните пишувања на офицери на ПЛА укажуваат на „зголемена доверба во ПЛА дека тие можат полесно да го издржат учеството на САД во војна“.

Превентивниот ударсега не е потребен – и со тоа, ризикот од целосен американски контранапад. Наместо тоа, Пекинг смета дека тоа може да го освојат Тајван, додека исто така без крвопролевање да ја одвратат американската интервенција. Тоа ќе го стори со распоредување на толку големи воени сили – балистички ракети, носачи на авиони, авиони ловци и слично – што Вашингтон не ќе ни осмели да се вклучи, заклучува Medium.com

Ви се Допадна Написот? Сподели ја Веста! Крши ја Цензурата и Осенчувањето на Глобалофашистичките ЦИАшки Социјални Мрежи, Запиши се на Мобилен на t.me/kolozeginfo Телеграм Групата, на слободните мрежи ГАБ и ВКонтакте (Еквиваленти на Фејсбук), на Рамбл и Битчут ( еквиваленти на Јутјтуб) наскоро на Парлер (Еквивалент на Твитер) или преку мејл (подолу) и Добивај Директно Коложег.Инфо!

 

Остави коментар